Вовед:
На 28 јуни, вторник, во 21 часот во фоајето на кино „Фросина“ во МКЦ ќе се одржи промоција на стихозбирката „Сјај и страв и песни“ од Даница Ивановска Лепојевиќ, добитничка на овогодинешната „Антологија на болката“ на Рациновите средби...
Содржина:
Промотори на збирката ќе бидат поетесите Елена Пренџова и Искра Донева, и писателот Анде Јанков, додека стиховите ќе ги говорат поетесата Ана Голејшка и самата авторка. Атмосферата ќе биде дополнета со настап на Сашко Костов.
Стихозбирката ја понесе наградата „Антологија на болката“ за најдобра збирка љубовна поезија на овогодинешните Рацинови средби.
Следуваат и промоции во Велес, Охрид, Битола и Прилеп.
Воведна слика:

Категорија:
Иде на слајдер ?:
Не
додади слика:
