Во соработка и со финансиска поддршка на „Меѓународниот фонд за промоција на културата“ на УНЕСКО, Фондацијата Македоника го објавува започнувањето на проектот „Воведување на младите талентирани автори во дигиталната издавачка индустрија“...
Можност да учествуваат во проектот имаат сите автори од Репубика Македонија, регионот и дијаспората, на возраст од 18 до 30 години.
Во период од 12 месеци, се очекува многу млади и непознати автори за прв пат да ги објават своите дела. Од сите пристигнати текстови издавачката комисија на проектот ќе избере 40 дела од автори од сите етнички заедници што ќе бидат наградени со авторски хонорар и ќе бидат објавени во бесплатната дигитална библиотека на Македоника.
Делата ќе бидат објавени двојазично, на мајчиниот јазик на авторите и на македонски јазик.
Во рамките на дигиталната библиотека ќе биде организиран и социјален форум каде читателите ќе ги коментираат и оценуваат објавените текстови, а најдоброто дело на проектот ќе добие специјална награда.

