Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Хип хоп филмот „Сложувалка“ награден на фестивал во Белград

$
0
0
Вовед: 

Македонскиот документарен хип хоп филм „Сложувалка“ во конкуренција од повеќе филмови доби специјална награда за уметничка искреност на фестивалот „Dok’ n’ Ritam“, кој од 24 до 26 јуни се одржа во Белград...

Содржина: 

Филмот е реализиран од страна на Александар Ковилоски, Ѓоре Милевски и Небојша Милосављевиќ, членови на oрганизацијата Хип Хоп Македонија, и на уметнички начин го прикажува сложувањето на деловите од приказната за македонскиот хип хоп.

Како што се наведува во соопштението на авторите, за успехот на филмот на фестивалот, кој се заснова на музички филмски документарци, говори и фактот дека истиот од гласовите на публиката го освои второто место и за интересот на гледачите за неговата презентација.

Во филмот учество земаат најпознатите македонски хип хоп артисти и активисти од почетокот на создавањето на макрап сцената до денес.

Хип хоп документарецот во текот на месец мај на манифестацијата МАН (Македонски Алтернативни Награди) ја освои наградата за најдобар македонски документарец за 2015 година.

Претходно, филмот ги доби и симпатиите на уметничкиот филмски IOF фестивал во Бангладеш, на почетокот од јуни годинава.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>