Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Меѓународна ликовна колонија во Кочани

$
0
0
Вовед: 

Во организација на Здружението за култура, наука и општествени дејности „Стари поток“ од Кочани, од денеска, 29 јуни, до 2 јули, на вештачкото езеро Градче се одржува меѓународната ликовна колонија „Арт варијации-стари поток 2016“...

Содржина: 

- На оваа прва ликовна колонија учествуваат уметниците Мариета Конова од Велико Трново и Дијана Митева од Варна, Република Бугарија, Милич Петровиќ од Ниш, Србија, како и ликовните уметници Александар Стефановски и Мирослав Мики Трендафиловски од Куманово, изјави Коце Стојменов, раководител на колонијата.

Петмината уметници создаваат дела инспирирани од старата македонска архитектура на мотелот Градче, како и од природните убавини од околината на езерото, водопадите на Кочанска река. Се работи во техниките акрил и масло на платно.

Делата од Ликовната колонија „Арт варијации Стари поток 2016“ ќе бидат изложени во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles