Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Претставата „Викенд на мртовци“ премиерно изведена во Кавадарци

$
0
0
Вовед: 

Во салата на Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ во Кавадарци вчеравечер, 28 јуни, се одигра премиера на театарската претстава „Викенд на мртовци“, според текстот на Миле Поповски, а во режија на Милица Гочевска...

Содржина: 

Претставата е резултат на соработката помеѓу театарот при кавадаречкиот дом на култура и театарската група при Домот на културата „Мирка Гинова“ од Демир Капија.

- Уште од многу одамна постоеше идеја за еден ваков заеднички проект. Претставата е со користење на повеќе дијалекти. Има охридски, скопски, велешки, демиркаписки, но најмногу кавадаречки дијалект. Безвременскиот и моќен текст е приспособен на кавадаречки услови, изјави Гочевска.

Диме Коцевски, кој ја игра главната улога, нагласи дека многу од актерите кои играат во претставата, израснале со двата македонски култни филмови “Тетовирање” и “Викенд на мртовци”.

- Среќен сум што дојде ден да ја одиграм таа култна улога на Тасе. Димче Мешковски постави едни параметри со одигрувањето на таа улога. Јас сега ја носам на свој сопствен начин. Тука е една проверено добра екипа, спој на искуство и младост. Се познаваме долго, но прв пат работиме заедно. Затоа станува збор за едно посебно искуство, нагласи Коцевски, кој искажа уверување дека претставата ќе стане вистински хит, а соработката со актерите од театарската група од Демир Капија ќе продолжи.

Првата од петнаесетината репризи на урнебесната комедија „Викенд на мртовци“ ќе биде во четврток. Се најавуваат и гостувања во други градови.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>