Јубилејниот 55-ти Блакански фестивал на народни песни и игри традиционално ќе го отвори Ансамблот „Танец“ на сцената на Долни Саарај во Охрид...
Годинашната програма ќе трае четири дена, за разлика од претходните години кога траеше по шест.
Според програмата покрај „Танец“ ќе настапат културно уметнички друштва и ансамбли од Битола, Вевчани, Истибања, Бугарија, Црна Гора и Австралија, а фестивалот ќе биде затворен со настап на фолклорното друштво „Отекс“ со „Билјана платно белеше“.
Блаканскиот фестивал на народни песни и игри е една од ретките манифестации од овој вид во регионот, што опстојува повеќе од пет децении и успева да го задржи своето реноме, покривајќи ги и трошоците на учесниците.
Влезот е слободен, а настапите почнуваат во 21 часот.

