Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

За денес презакажан концертот на Ана и Игор Дурловски и Македонската филхармонија

$
0
0
Вовед: 

Управата на Фестивалот „Охридско лето“ вчера соопшти дека за денес (вторник) се презакажува концертот на Македонската филхармонија што требаше да се одржи на Античкиот театар во рамки на Свечената академија на МАНУ по повод 1100-годишнината од упокојувањето на Свети Климент Охридски.

Содржина: 

Во соопштението од „Охридско лето“ се наведува дека поради трагичните настани со човечки жртви во невремето што го зафати скопскиот регион и прогласениот Ден на жалост, концертот е презакажан за денес (вторник, 9 август) во Големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток од 13:00 часот.

Истовремено Националната установа Фестивал „Охридско лето“ изразува длабоко жалење и сочувство до семејствата на настраданите.

Инаку, во рамки на концертот заедно со Оркестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на Борјан Цанев ќе настапат и нашите оперски уметници Ана и Игор Дурловски. 

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>