Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Наградата „Живко Чинго“ за расказот со шифра Аура

$
0
0
Вовед: 

Расказот „Т.чка на агонија“ под шифра Аура, е годинашен добитник на престижната награда „Живко Чинго“, одлучи тричлената комисија во состав: проф. д-р Димитар Пандев, претседател и Мирко Томовски и Смиле Наумоски, членови.

Содржина: 

По претходно распишаниот конкурс од страна на градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески, а по повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, за наградата аплицирале 90 раскази.

Комисијата констатирала дека повеќето од пристигнатите раскази имале високи уметнички вредности, што укажува на подемот на македонскиот расказ во актуелниов миг поттикнат од овој конкурс.

Расказот „Т.чка на агонија“ се издвоил од другите раскази со својата беспрекорна композиција и со специфичниот уметнички израз.

Наградата за најдобар расказ изнесува 30.000 денари и ќе биде врачена на 13 август на традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>