Вовед:
Во библиотеката „Искра“ во Кочани беше промовирана поетската книга под наслов „Рефлексии“ од кочанскиот роднокраен автор Атанас Георгиев...
Содржина:
Книгата е во издание на кочанската библиотека во рамки на акцијата за негување на роднокрајни автори.
- Во стихозбирката се поместени 45 песни, жанровски различни во кои најчесто мотивите се љубовта, сеќавањето за деновите од детството поминато во селото Вранинци, како и заблудите и очекувањата од животот во ова кочанско село во срцето на Осоговијата, изјави авторот Георгиев.
Атанас Георгиев покрај пишување поезија, ја негува и изворната народна песна од Осоговијата и свири на неколку музички инструменти: кемане, кавал, тамбура, гајда, сворче.
Воведна слика:

Категорија:
Иде на слајдер ?:
Не
додади слика:
