Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Завршија археолошките истражувања на локалитетот Дрма-Бадер

$
0
0
Вовед: 

Археолошкиот локалитет „Дрма - Бадер“ претставува вистински предизвик за научната и стручна јавност, со оглед дека топонимот е во врска со Бадеријана - родниот град на императорот Јустин I кој владеел од 518 - 527 година, и кој бил наследен од неговиот внук Јустинијан I, чие место на раѓање е соседниот локалитет Таор кај с. Таор...

Содржина: 

Истражувањата кои се дел од Програмата за финансирање проекти од национален интерес во културата на Министерството за култура, ги спроведоа ЈНУ Институт за старословенска култура - Прилеп, а учество земаа и професори од катедрите за археологија при Универзитетите, „Гоце Делчев - Штип“ и „Св. Кирил и Методиј - Скопје“, како и археолози од Археолошкиот музеј на Македонија, Музејот на Град Скопје и студенти по археологија.

Спроведените сондажни истражувања биле во насока на утврдување на габаритот на еден поголем архитектонски комплекс, во чии рамки беа откриени еден стопански дел од поголем објект и една градба со апсида.

Врз основа на наодите објектот припаѓа на римскиот период, односно III и IV век. Во рамки на овие истражувања биле откриени и значајни наоди како римски монети, предмети од метал и стакло, при што се издвојува откритието на една оловна икона со претстава на „Култ на Дунавски коњаник“, како и големо количество градежен материјал и фрагменти од керамички садови.

 

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>