Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all 4807 articles
Browse latest View live

Кина за две години укинала 13.000 интернет страници

$
0
0
Вовед: 

Од почетокот на 2015 година, Кина укинала 13.000 интернет страници, под обвинение дека ги прекршиле законите и други владини правила.

 

Содржина: 

Покрај 13.000 интернет страници, деактивирани се и 10 милиони кориснички профили, претежно од социјалните мрежи.

Во истиот, двегодишен период, повеќе од 2.200 сопственици на интернет страници се повикани на информативен разговор.

Анкетите во Кина покажуваат дека повеќе од 90 отсто од Кинезите ја поддржуваат владината регулација на интернетот, а речиси две третини од луѓето сметаат дека дошло до значително намалување на штетната содржина на интернет.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Одржан Вториот македонски фолклорен фестивал „Сонце 2017“

$
0
0
Вовед: 

 Во организација на македонскиот културен Центар „Сонце”, во албанскиот град Корча, се одржа вториот македонски Фолклорен фестивал “Сонце 2017”.

Содржина: 

На оваа пригодна манифестација на која се пееја и играа македонските песни и ора настапија фолклорната група од училиштето „Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски” од Пустец и Владмир Насто млад и надежен пејач од Шулин, Мала Преспа.

Од Република Македонија настапи фолклорниот ансамбал „Мислешево” од Струга, како и познатите пејачи на македонската народна песна, Круме Спасовски, Атина Апостолова и Вики Среброва.

- Целта на фестивалот е да ги истакне вредностите на македонската традиција и култура, да се чуе македонската песна и оро и да се види прекрасната македонска народна носија. Ќе продолжиме со оваа манфестација, која веќе станува традицонална, а до година ќе настојуваме да учествуваат и македонски фолклорни групи од соседните земји, изјави Васил Стерјовски во име на организаторот.

Тој посочи дека двочасовниот настан ќе биди емитуван во целост на ТВ Корча и на вториот канал на Државната албанска телевизија, кој од 25 септември годинава почна со емитување емисии на јазиците на малцинствата, вклучувајќи и емисии на македонски јазик.

Воведна слика: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Католиците и дел од православните го слават Раѓањето Христово - Божик

$
0
0
Вовед: 

Католичките верници и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календар денеска го одбележуваат Раѓањето Христово - Божик. 

Содржина: 

Традиционално, во Македонија централната прослава по повод празникот се одржа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде синоќа имаше божикна полноќна света литургија.

Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов, честитајќи им го празникот Божик на католичките верници на литургијата ја прочита божикната порака.

-Таинството што оваа ноќ ја претвора во светлина посилна од денот, таинството што ни овозможува во оваа ноќ да бидеме будни, соземени и во радост, има еден збор - Божик. Празнуваме настан на верата што е дар за човекот кој има отворено срце. Божик е. Никогаш не е доцна да се вратиме и да се преобразиме во божикното таинство и покрај тешките факти што го обележуваат 21 столетие. Кој е условот да си го погледнеме срцето и во него да ги исчистиме сите нечисти мисли на оваа хедонистичка цивилизација и да се обидеме барем да се покаеме за својата себичност, комотност, менталитет, уживање.

Ова покајание нека ни ја отвори вратата на срцето за да можеме со чисто око да го дочекаме секое новороденче на кое Бог му го дарувал дарот на животот. Оваа ноќ да ги направиме нашите срца среќни, да не бидат робови на богатството и себичноста, туку во својата едноставност да ги прифатат малите и сиромашните, бидејќи не знаеме кај кого вечерва ќе тропнат на врата Јосиф и Марија со Исус во рацете. Отворете ги ширум вратите Христос слободно да влезе во нашиот живот и нашата историја. Честитајќи ви го празникот Рождество Христово, токму тоа го посакувам. Со едноставноста на пастирите и со верата на св. Семејство да го прифатиме Христос Спасителот и широко да ги отвориме нашите срца кон проблемите на денешнината во кои малечките молат за право на живот. Амин. Честит празник Рождество Христово - Христос се роди!, истакна бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов.

Божик денеска слават и Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква, кои го прифатија Грегоријанскиот календар. Преостанатиот православен свет кој се води според Јулијанскиот календар, меѓу кои и Руската, Српската и Македонската православна црква, Ерусалимската патријаршија, како и дел од монасите на Света Гора, Божик ќе го одбележат на 7 јануари.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

На денешен ден: Роден е Зафир Хаџиманов

$
0
0
Вовед: 

На денешен ден (25 декември 1943) во Кавадарци е роден Зафир Хаџиманов– актер, поет, музички композитор и пејач.

Содржина: 

Поетски книги: „Шансони на хартија“, „Азил“, „Народен пејач“, „Пес-Пејачка“ и „Брат“, објавени на македонски и на српски јазик. Играл главна улога во култниот македонски филм „Македонска крвава свадба“.

Од бројните песни што ги испеал, најпознати се: „Како Вардар“, „Љуби ме и главата горе“, „Од љубов не се бега“ итн.

Во 2007 година, Зафир Хаџиманов бил промовиран во почесен амбасадор на културата на Република Македонија во Република Србија.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

На денешен ден: Роден е Јован Бошковски

$
0
0
Вовед: 

 На денешен ден (25 декември 1920) во Скопје е роден Јован Бошковски, македонски писател, книжевен и филмски критичар, преведувач и сценарист.

Содржина: 

Неговатазбирка „Растрел“ (1947) е прва македонска книга раскази. Други негови познати дела се: „Бегалци“, „Блокада“, „Луѓе и птици“, „Солунските атентатори“, и други.

Автор е на сценаријата за филмовите „Солунските атентатори“ и „Под исто небо“, а се појавува и како соработник на сценаријата за филмовите „Мементо“, и „Републиката во пламен“.

Умрел кај селото Ерџелија, Светиниколско, на 10 ноември 1968 година. 

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Премиера на документарниот филм посветен на Илхами Емин

$
0
0
Вовед: 

Во Кинотека на Македонија вечер премиерно ќе биде прикажан документарниот филм „Ѓулчинар Илхами Емин“ посветен на животот, уметноста и делото на турскиот поет и писател Илхами Емин.

Содржина: 

Филмот е во режија на Исмет Арасан, а оригиналната музика е дело на Ердал Ѓунеј. Директор на фотографија е Мустафа Кемал Коркмаз-Танер Акчил, а илустратор Динч Онур Ајдин.

Филмот е поддржан од Министерството за култура и туризам на Турција и од Министерство за култура на Македонија.

Илхами Емин е турски поет, писател и новинар од Македонија. Роден е во Радовиш на 8 август 1931 година. Образованието го започнал во средното економско училиште во Скопје, а потоа дипломирал на Високата педагошка академија во Скопје, на отсекот Македонски јазик и книжевност.

На Балканот е познат како еден од најстарите културни дејци, поточно како балканскиот чинар. 

Во литературните кругови е познат како „поетот на розата” бидејќи на зборот роза и дал ново значање, особено заради употребата на метафората на розата во неговата поезијата.

Во неговата богата кариера се вбројуваат и преведувачките ангажмани за Јосип Броз Тито и претседателот на Република Македонија, Киро Глигоров. Има објавено повеќе дела како и драмски претстави кои биле поставени на сцената на Турскиот театар во Скопје, но ги превел и делата на Евлија Челебија, „Основањето на Отоманската Империја“ на Ф.Копрулу, како и делата на Назим Хикмет, Орхан Памук, Ибн-и Рушт и Ахмет Јесеви.

Добитник е на повеќе награди, меѓу кои ПЕН наградата во Македонија во 2011 година и наградата за најдобар роман „Кочо Рацин” во 2012 година. На турски јазик своето творештво го објавува и на веб страницата http//yeniakinciblog.com, а неговите спомени се објавени во книгата „Балканот и Турците“ (Рифат Емин Сипахи). За неговото дело во 2016 година беше напишана книгата „Ѓулкаја“ од Назли Рана Ѓурел и Зеки Ѓурел.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Македонската филхармонија со новогодишен гала концерт „Полноќни огномети“

$
0
0
Вовед: 

Македонската филхармонија на 28 декември ќе одржи Новогодишен гала-концерт насловен „Полноќни огномети“, под диригентство на славниот маестро Јерухам Шаровски од Израел.

Содржина: 

Како солисти на концертот ќе настапат македонските истакнати вокални уметници кои кариерата ја градат надвор од земјата - Милена Арсовска, сопран и Иван Наумовски, бас-баритон.

Од Македонската филхармонија информираат дека по неколку години пауза, конечно го враќаат овој музички настан, кој прерасна во традиционален и кој е привлечен и за пошироката пубика, за музичките сладокусци, но и за оние што професионално се занимаваат со оваа уметност.

- Новогодишниот гала-концерт овој пат ќе понуди поинаква програма од вообичаената. Покрај танците, полките, маршевите од семејството на австрискиот композитор Јохан Штраус, публиката ќе слушне и дела од латино-американската музичка култура на автори како Пјацола и неговото „Адиос Нонино“, Монкајо со „Хуапанго“, Маркез со „Данцон бр.2“, наведуваат од Филхармонијата.

На програмата се и дела од Бизе со Арија на Ескамијо од операта „Кармен“, Пучини со aрија на Музета од операта „Боеми“, Гуно со aрија на Јулија од операта „Ромео и Јулија“, Лара со „Гранада“ итн. Се разбира, неизбежни се валцерите „Пролетни звуци“, „Виенски бонбони“, „Виенска крв“, „На убавиот син Дунав“, или „Џокеј полка“, „Египетски марш“...

Сопранот Милена Арсовска и баритонот Иван Наумовски се едни од најистакнатите македонски вокални уметници од поновата генерација, со успешна меѓународна кариера.

 

Арсовска дипломирала соло-пеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а магистрира на Универзитетот за музика и уметности во Виена. Минатата сезона таа настапи во главната улога во операта „Славеј“ од Стравински во Националната опера во Прага, а концертните турнеи ја водат низ Германија, Италија, Шведска, Шпанија, Франција, Малта, Холандија и САД. Моментно е дел од продукцијата „Свадбата на Фигаро“ во престижната опера во Вајмар. 

Наумовски дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје (2013), во класата на проф. м-р Марија Муратовска, со највисока оценка Cum laude. Студиите ги продолжува на Универзитетот во Грац, Австрија, во класата на проф. д-р Том Сол, каде што во 2016 година магистрира со највисоки почести. Моментно е студент на Универзитетот во Виена, на мастер-студии во областа на Lied и Oratorio, каде студира кај проф. Карлхајнц Ханзер и проф. Габриеле Фонтана. Во 2015 година ја доби македонската награда „Виртуози“ во категоријата млад уметник.

 

Двајцата имаат посетувано мастеркласи кај најреномираните оперски педагози.

Новогодишниот гала-концерт ќе се одржи на 28 декември (четврток) во 20 часот во голамата сала на Македонската филхармонија. 

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Промоција на „Мини прирачник за поезија“ од Елена Пренџова

$
0
0
Вовед: 

„Мини прирачник за поезија“ е седма по ред книга на Пренџова и прва книга есеи по претходно објавените збирки поезија.

Содржина: 

Денеска (вторник, 26. декември, во 20.30 ч. во кино салата на Кинотека на Македонија ќе се одржи промоција на книгата „Мини прирачник за поезија“ на поетесата, слемерка и препејувачка Елена Пренџова.

„Мини прирачник за поезија“ е седма по ред книга на авторката и прва книга есеи по претходно објавените збирки поезија. „Уште кога почнав да пишувам и кога не ни бев свесна за позивот – поет/поетеса, а не па дека и јас ќе ја следам таа патека, пишувам исклучиво поезија, со многу малку авантуристички подвизи во некои други жанрови. Ова е моја прва објавена книга која не е збирка поезија. Сепак, врската со поезијата е очигледна, затоа што оваа книга претставува збирка размисли и ставови за поезијата и актуелната поетска сцена. Чувствувам дека една ваква збирка си должев себеси по многуте експериментирања и истражувања во различните поетски стилови. Неизмерна ми е радоста што „Мини прирачникот за поезија“ излезе од печат токму една деценија од објавувањето на мојата прва збирка поезија и воедно прва книга воопшто во 2007 година“, изјави авторката, која, инаку е и магистерка по книжевни науки. Книгата содржи десет есеи обајвени во периодиката, презентирани на поетски средби и фестивали, но и претходно необјавени текстови. Рецензент на книгата, воедно и промотор, е проф. д-р Иван Џепароски. Модераторка на вечерта ќе биде новинарката и радио водителка Христина Ѓорѓиевска. Книгата е објавена со помош на иницијативата на групно финансирање која авторката го започна лани.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Книжевна работилница со поетесата Марта Маркоска

$
0
0
Вовед: 

Настанот има и хуманитарен карактер и е дел од акцијата „Подари радост“ што Културно-информативниот центар на Србите во Македонија „СПОНА“ го организира по повод престојните новогодишни и божиќни празници. Средствата ќе бидат наменети за купување подароци за деца од социјално загрозените семејства.

Содржина: 

Денеска (вторник, 26 декември) во 19.30 во јавна соба (Public room) ќе биде одржана книжевна работилница со поетесата Марта Маркоска, а по повод објавувањето на нејзината книга „Црни дупки во нас“ на српски јазик.

Препевот на „Црне рупе у нама“ е на Рајко Лукач, издавач е Данило Лукановиќ и издавачката куќа „Граматик“ од Белград. Натсанот е во организација на Културно-информативниот центар на Србите во Македонија „Спона“. За книгата ќе зборуваат Александра Спасеска, Мите Стефоски и самата авторка, а модератор на настанот е Милутин Станчиќ. Поетесата Маркоска настанот го посветува на нејзиниот неодамна починат татко, познатиот сатиричар Иван Карадак.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Концерт на Лајбах на 27 март во Скопје

$
0
0
Вовед: 

 Култната словенечка група Лајбахна 27 март 2018 година, ќе одржи концерт во Младинскиот културен центар во Скопје на кој ќе го претставуви фантастичниот нов студиски албум „Also Sprach Zarathustra“...

Содржина: 

Настапот на групата е во низата концертни настани со кои Таксират фестивал идната година ќе го одбележи 20-тото издание. 

Музиката за новиот албум, групата ја компонирала за театарската претстава „Така зборуваше Заратустра“. 

Скопскиот концерт на Лајбах е во рамки на европската турнеја за „Also Sprach Zarathustra“, на која бендот изведува целосно нова концертна програма, песните од актуелниот албум, но и класиците од својот репертоар во нов аранжман, а кои не ги изведувале со години.

Влезниците за овој концерт се достапни преку продажната мрежа на МкТикетс. Најповолната цена од 500 денари е ограничена само за првите 300 билети, а по нивното распродавање, вториот и третиот подеднаков контингент влезници ќе бидат достапни по цена од 600 и 700 денари.

Воведна слика: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Истражување: Зошто предновогодишните забави со колегите завршуваат со секс?

$
0
0
Вовед: 

На предновогодишните забави со колегите од работа, неретко се завршува в кревет со некој/а од нив, покажува ново истражување на шведската компанија за секс-играчки, ЛЕЛО.

Содржина: 

 

Според резултатите, 40 отсто од луѓето имале секс со колега или колешка. Од нив, 83 отсто би го повториле тоа.

- Иако анкетата ни пружа факти, па дури и хумор, зборувајќи за забавите на фирмоте, загрижувачки е фактот што луѓето не користат заштита при сексот. Употребата на кондом е најважната работа во борбата против половите заболувања и несакана бременост, нагласува Стив Томсон, извршниот директор на компанијата.

Како „најпалави"се покажале вработените во продажбата, а по нив се здравствените и транспортните работници и службениците во логистиката.

Над половина, односно 52 отсто од оние кои го прифатиле предизвикот, ја објаснуваат својата авантура како резултат од неодоливата привлечност кон колегата, додека пак, 31 отсто од нив „немаат објаснување“ за тоа.

Занимлив е податокот дека 97 отсто од луѓето кои имале секс со колега или колешка, велат дека единствената негативна последица од актот е срамот во канцеларија утредента. Но, и тоа е минливо.

Само пет отсто признаваат дека играта започнала токму на забавата, што значи дека голем број „излети“ всушност биле планирани.

Изненадувачко е и тоа што само 18 отсто испитаници рекле дека тоа го сториле со надредената личност.

Што се однесува до хороскопот, најсклони кон ваков вид авантури се Девиците и Јарците.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Баба Ванѓа претскажа: Во 2018-та силите во светот ќе се променат

$
0
0
Вовед: 

Јасновитката Баба Ванѓа, за време на својот живот запишала предвидувања кои, наводно, ќе се случуваат се до 51-от век, кога наводно, и ќе се случел крајот на светот.

Содржина: 

Претскажувачката е родена во Струмица, но поголемиот дел од својот живот го мина во Бугарија, односно во местото наречено Рупите на планината Кожуф во Пиринска Македонија. Почина во Софија, во 1996 година.

За 2018-та година, таа претскажала дека Кина ќе стане новата светска велесила која ќе го преземе приматот од Америка, а 10 години подоцна ќе се открие „нов вид енергија на планетата Венера“.

За малку подалечната иднина, т.е. за 2025-та таа предвидела ново „Златно доба". Клонирањето, според неа, ќе стане „најраспространетиот лек“.

Натаму, јасновитката од македонско потекло навестува дека во периодот 2033 - 2045. ќе се стопат земјините полови, со што морското ниво ќе се подигне.

Тогаш и муслиманите ќе завладеат со Европа. А пак, САД ќе го нападне „исламски Рим“ со оружје кое, наводно, „ќе го замрзнува противникот“.

Меѓу 2072 и 2086 година, според претскажувањата, „ќе се врати комунизмот“.

За „крајот на светот“, Баба Ванѓа предидела дека ќе се случи во 5079 година. Во меѓувреме, човекот ќе сфател како функционира патувањето низ времето, ќе ги открие „тајните на Месечината"... 

Потоа, според записите, цивилизацијата ќе се соочи со огромна криза, а „луѓето ќе живеат како ѕверови“, се додека не настане нова религија...

Некаде во 44-от век „ќе научиме како да живееме со вонземјаните, ќе ја откриеме бесмртноста и ќе разговараме со Бога“, според записите на пророчицата. 

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Вевчани во светоста на Климентовиот ореол

$
0
0
Вовед: 

Вевчани се наоѓа во подножјето на планината Јабланица на 14 километри северозападно од Струга и Охридското Езеро. Траги за неговото постоење среќаваме уште во времето на антиката (втори век п.н.е.), а во пошироката околина дури од порано, за што ни сведочи локалитетот Вајтос, (4-3 век п.н.е.) 

Содржина: 

 

Погодните услови за живот на овој простор (води, шума, пасишта) овозможиле истиот да биде континуирано населен. Според некои автори, Вевчани е чисто словенска населба, населена од припадници на словенското племе Берзити (Брсјаци) и тоа кон крајот на 6 век или почетокот на 7 век. Но според археолошките наоди, како и трагите во топонимијата и лексиката, може да се говори за активен простор и пред тоа. Па така населбата која уште тогаш постоела, не можела да нема допир со можната мисија на светиот апостол Павле во Лихнидската област како и со мисијата на свети Еразмо Антиохиски во 3 век од н. е. За тоа најдобро ни говори традицијата и култот кон светците, особено за свети Еразмо, кој е насликан во венецот на словенските седмочисленици во повеќе цркви на овој крај, а во црквата Свети Никола (19 век) во Вевчани свети Еразмо го зазема местото на Ангеларија.

Вевчани во времето на свети Климент Охридски (835-916) и припаѓало на областа Кутмичевица. заради тоа имало можност силно да ги почувствува влијанијата и духот на христијанството. Имено токму на овие простори (Охрид, Девол и Главеница со нивните околии) свети Климент учителствувал седум години (отприлика од 886-893) и успеал да описмени околу 3.500 луѓе, свештеници и учители и да го воведе во богослужба словенскиот јазик.

Но пред да се осврнеме на неговата просветителска дејност, да споменеме нешто и за самата област каде што тој делувал, односно за Кутмичевица. Во поглед на прашањето каде се наоѓала таа, во науката се искажани различни мислења. Со прилична веројатност се тврди дека таа била издвоена од некоја поголема област што била наречена Котокија. Во славистичката и историската наука не е решено прашањето за тие два назива. Исто така во денешната топонимија на Балканот не се познати овие две имиња. Имињата на градовите Охрид, Девол и Главеница кои се споменуваат како населби во Кутмичевица можат прилично да ги оцртаат крајните гранични пунктови на Кутмичевица. Секако се работи за област што се наоѓала на денешното тромеѓе меѓу Македонија, Албанија и Грција. А во рамките на таа област се наоѓало и селото Вевчани.

Според пишувањето на охридскиот архиепископ Теофилакт кој живеел двесте години по Климента кнезот Борис (Михаил) му подарил три дворци во Девол и места за одмор околу Охрид и Главеница, а според преводот на Партенија Зографски дословно се вели: „ И Михаил му даде в дар трите свои дворци – палати што беа во Диоклеа и неколку села околу Охрид и Главеница.“ Ова е битно да се знае заради неговото делување и на просторот за кој станува збор. А важно е и заради тоа дека за неговата просветителска дејност му биле создадени поволни услови од страна на кнезот. Веројатно со негово одбрение и помош, Климент уште пред да дојде за епископ Велички го изградил својот манастир во Охрид, кој го посветил на свети Пантелејмон. Но кога сме веќе кај тој манастир треба да се спомене дека истиот бил издржуван од приходите што му ги доставувале главно во натура следните струшки села: Вевчани, Враништа, Долна Белица, Кулин Чифлик, Ложани, Мислешево, Мороишта, Орман, а исто така и од планината Белица и од рибното ловиште (далјанот) во градот. Тие биле обврзани на тоа врз основа на царска грамота од Борис и Симеон од тоа време која се наоѓа во Калимановата грамота, документ од 16 век.

За дејноста на свети Климента како учител може да се каже дека тој е неуморен сејач на младата словенска писменот, просвета и култура воопшто. Тој патувал насекаде и создавал помали и поголеми ученички групи. Такви групи несомнено имало и во Струга и во Струшко... тој лично им помагал да создаваат ќелијни училишта при црквите и манастирите во таа област.

Според книгата „Светилиштата во Вевчани“ од Анастас Ќушковски, Струга 2002

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Браво, брависимо „Мама миа“ и МНТ!

$
0
0
Вовед: 

Македонската „Мама миа“ е комплетен производ, редок македонски театарски продукт со колективна енергија и константно одржување на истата во цели 180 минути (со една пауза).

Содржина: 

Во неделата на сцената на МНТ премиерно беше изведен „Мама миа“ вториот лиценциран мјузикл во оваа театарска куќа.

Пред две години „Чикаго“ се покажа како апсолутен хит, а целата екипа која работеше на него, предводена од режисерката Наташа Поплавска, покажа и докажа дека и ние „коњ за трака имаме“ односно дека македонскиот театар и сите негови чинители може да се носат со специфичните потребни за еден солиден мјузикл. Овој пат режисерката Поплавска со прецизно око и визија одбира екипа која работи на уште еден светски хит „Мама миа“, гигантски проект во копродукција со „Проспот“ од Словенија.

Македонската „Мама миа“ е комплетен производ, редок македонски театарски продукт со колективна енергија и константно одржување на истата во цели 180 минути (со една пауза). Во изведбата учествуваат повеќе од 30 актери, танчери и хористи и бенд во живо под диригентско водство на Бисера Чадловска, а зад сцената има најверојатно уште толку за да се движи овој весел погон.

Ако кажам дека авторот на овие редови се’ уште ги потпевнува познатите хитови на АББА на македонскки јазик, најверојатно би била најискрената реакција или оценка за македонската „Мама миа“. Одличниот препев и превод на песните на АББА на македонски се првото големо и пријатно изненадување од целиот проект: Првото бравооди за авторот на помакедончените хитови - актерката Тина Трпкоска (не игра во претставата).

Низата од браво, бравоисимопродолжува: за Нина Деан како носител на главната улога (Софи Шеридан), која раскошно го покажа својот танчерски и пејачки талент, но и одличното чувство за партнерска игра со помалку искусниот, а сепак одличен Никола Наковски. Билјана Драичевиќ Пројковска како Дона Шеридан (мајката на збунетата тинејџерка), уште еднаш покажа зошто е мајстор на трансформацијата. Таа во својата кариера впишува уште една блескава ролја, во која покрај актерската игра пленува и со своите вокални способности. Неа апсолутно и’ парираат нејзините две колешки - Арна Шијак и Тања Кочовска, кои суверено владеат со сцената. Енергијата, сигурност и посветеност на ова трио се движечката сила на претставата.

Машото трио го сочинуваат Кире Ѓоревски еден од најдобрите танчери меѓу актерите, Трајче Ѓеоргиев со одлично искористеното големо искуство од физичкиот и танцов театар и пријатното изненадување – Владимир Јачев кој одамна не сме го виделе во ниеден проект, а во „Мама миа“ гради лик полн шарм, ноншалантност и симпатична збунетост. Впечатливи епизоди остваруваат енергичните Алексадра Павлова и Билјана Јовановска, од претстава во претстава се’ посигурниот Александар Михајловски и многу шармантниот Стефан Спасов. Браво и за Сара Николовска и Ана Костадиновска како придружни вокали и инструкторки за пеење. Браво и за кореографката Олга Панго и нејзината асистентка Ирена лазинска. Аплауз за костимите на Розе Трајческа Ристовска кои се во духот на времето, но и верна реплика на бродвејската и холивудската верзија на „Мама миа“.

Веселата публика која на крајот ракоплескаше и шизеше со хитовите на шведскиот бенд АББА донесени како македонски производ се најгласнотобраво, брависимоза „Мама миа“ и МНТ! 

Александра Јуруковска

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Вечер на современата македонска поезија во Лесковац

$
0
0
Вовед: 

Ова не е прв пат на покана на организаторите од Лесковац поети од Македонија да учествуваат таму, а дел од нив да настапат во нашата држава како дел од настаните 100 Илјади поети за промена и Астални проекции.

Содржина: 

По покана на здружението „Сви.“ од Лесковац, Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст-Струмица“ ќе гостува на вечер посветена на „Македонската современа поезија“ на 27 декември 2017 година, со почеток во 20:00 часот во Марфи Паб во Лесковац, Србија.

Настанот е насловен „Бесни песни од Македонија“, а ќе настапат десетина поети меѓу кои: Елена Пренџова, Стефчо Стефанов, Оливера Доцевска, Марјан Минов, Живка Коцева Караџовска, Диме Данов, Сотир Георгиевски, Митко Гогов и Жаклина Свеќаровска, а истиот има мултимедијален формат во кој публиката ќе може да ужива освен во класичното рецитирање, така и во слем поезијата и перформативните презентации.

Ова не е прв пат на покана на организаторите од Лесковац поети од Македонија да учествуваат таму, а дел од нив да настапат во нашата држава како дел од настаните 100 Илјади поети за промена и Астални проекции.

На настапот ќе земаат учество и поети од Лесковац, Врање, Панчево и Белград.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Вин Дизел најпрофитабилен актер според „Форбс“

$
0
0
Вовед: 

Вин Дизел го победи својот колега од филмот „Брзи и бесни 8“, Двејн (The Rock) Џонсон како најпрофитабилен актер за 2017 година, објави „Форбс“. 

Содржина: 

Тоа се должи и на тоа што Дизел се појави во главна улога во уште еден филмски хит што излезе годинава - „ХХХ 3: Враќањето на Ксандер Кејџ“, којшто досега заработи 1,2 милијарди долари. Додека пак, „Брзи и бесни 8“ заработи 1,6 милијарди долари.

„Чувари на плажата“, каде што главниот лик го глуми „Карпата“, кој заработи 1,5 милијарди. На трето место на листата на „Форбс“, се наоѓа „Вондер вуман“ Гал Гадот, со заработка од 1,4 милијарди долари.

„Убавицата и ѕверот“ со Ема Вотсон го зазеде четвртото место, со заработка од 1,26 милијарди долари.

„Последниот џедај“ пак, чијашто ппремиера се случи неодамна, го вметна и Џон Бојега на листата, кој се појави и во неколку помали проекти.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Мараја Кери од „All I Want for Christmas Is You"заработила 51 милион евра

$
0
0
Вовед: 

Музичкиот евергин „All I Want for Christmas Is You"од Мараја Кери, е една од најпознатите божиќни песни во поновата историја, и таа досега на пејачката и донесе вкупна заработка од 51 милион евра.

Содржина: 

Според списанието „Економист“, овој хит од 1994 година, е најслушана празнична песна на сите времиња.

На музичката платформа Спотифај, „All I Want for Christmas Is You"се наоѓа на врвот на листата од 13 најпопуларни божиќни песни. До крајот на ноември годинава, таа е преслушана над 210 милиони пати. Неофицијално, најмногу во периодот на божиќните и новогодишните празници.

Песната е број еден и на топ 15 листата рок-божиќни хитови во Велика Британија, на списанието „Ролинг Стоун“.

Една од занимливостите вели дека текстот Мараја го напишала за само 15 минути. Песната се најде на првиот нејзин божиќен албум „Merry Christmas", објавен на 1 ноември 1994 година.

Пејачката пред 12 години издаде и книга за деца, со насловот од песната, којашто се продала во тираж од 750.000 примероци. 

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Што ќе се случи ако Сонцето згасне на еден ден?

$
0
0
Вовед: 

Американски научници создадоа компјутерска симулација, при која Сонцето исчезнува на 24 часа, и којашто прикажува какви последици би имало тоа врз Земјата.

Содржина: 

Веднаш пo замрачувањето на Планетата, за осум минути небото ќе поцрни, а растенијата ќе престанат да произведуваат кислород. Температурата на воздухот првично ќе падне до 5 - 7 степени Целзиусови.

Потоа, насекаде по светот ќе има пад и хаварии во електричните мрежи, а некаде и зголемување на нивото на водите и поплави. Тоа во многу места ќе предизвика целосен мрак, нагол студ, хаос и, секако - човечки жртви.

Само за морската флора и фауна нема да има штетни последици.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 
Tags: 

Премиера на „Клетници“ во прилепскиот театар

$
0
0
Вовед: 

Вo петок на сцената на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ премиерно ќе биде изведена преставата „Клетници“ според делото на Виктор Иго во режија на Мартин Кочовски, беше соопштено на денешната прес-конференција во театарот.

Содржина: 

 

Според Кочовски, претставата е обемен проект што го опфаќа целиот ансамбл на прилепскиот театар и вклучени се 40 актери, а се работеше напорно три месеци. „Клетници“ е претстава за правдата и за човештвото.

- Најважните теми во животот се борбата за праведност, која е макотрпна и тешка, но и љубовта кон човештвото. Кога ова ќе се спои во една претстава станува многу комплицирано, а ретко кој се занимава со овие теми. Кога тоа ќе се спои со ансамблот на прилепскиот театар, се добива комплексно и безвременско уметничко дело, но и како историски настан. Темата се работи во вистинскиот момент, зашто сега живееме во време многу интересно и оптимистично. Споменувајќи ги претставите „Тапани во ноќта“, „Кавкаски круг со креда“, па сега и познатото и големо дело на Иго - „Клетници“, со ансамблот се обидуваме да ги промениме нештата во кои живееме, да испратиме сериозни пораки за суштинските вредности. Претставата трае три часа и мислам пак е малку да се кажат суштинските работи за смислата на животот, вели Кочовски.

За актерот Владимир Ѓорѓијоски соработката беше плодна и напорна, но со видливи ефекти.

- Горди сме што ја направивме претставата, зашто ова е многу „голем залак“ и за далеку поголеми ансамбли. На овие простори „Клетници“ прв пат се поставува. Единствено, ако така може да речам, „не претекна“ ансамблот „Берлине“ од Берлин што го основал Бертолд Брехт, кој го постави текстот „Клетници“ на сцената во почетокот на овој месец. Таму претставата трае шест часа. Тоа е за нас знак дека се носиме со европските театарски трендови, вели Ѓорѓијоски.

Според актерот Александар Степанулески прилепскиот ансамбл прави врвни претстави за домшната но и меѓународната сцена иако условите се повеќе од скромни.

- Се чини високиот уметнички израз е поголем кога условите се повеќе од скромни. Тука е талентот и задоволството да се биде дел уште еднаш од екипата на прилепскиот театар за поставување на сцената на врвни дела и уметнички изрази, вели Степанулески.

Автор на драмскиот текст на делото на Виктор Иго „Клетници“ е Горјан Милошевски, драматург е Владимир Ѓорѓијоски, костимите, сценографијата и дизајнот на светлото се на Јулијана Војкова Најман, а музиката на групата „Фолтин“.

Поради големиот интерес за претставата „Клетници“, ансамблот ќе има и предпремиера вечерва, на 28 декември. Ова е трета и последна премиера на прилепскиот театар. 

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Изложба на Дејан Божиновски во Куманово

$
0
0
Вовед: 

Во Уметничката галерија на Музејот - Куманово вечер (28 декември) ќе биде отворена самостојна изложба „Screenshot“ на академскиот уметник Дејан Божиновски.

Содржина: 

Oва е негово трето претставување во Куманово, со циклус дела од најновата продукција работена во 2017 година.

Изложбата прикажува 15 ликовни дела работени во комбинирана техника (акрил и масло на платно). Проектот е дел од програмските активности на НУ Музеј - Куманово и е поддржан од Министерството за култура.

Изложбата ќе биде отворена до 20 јануари 2018 година.           

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 
Viewing all 4807 articles
Browse latest View live


<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>