Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all 4807 articles
Browse latest View live

Новогодишна донација за ДУЦОР „Партенија Зографски“ од Националната галерија

$
0
0
Вовед: 

Толку многу настани, ликовни работилници, креативни авантури, прекрасни искуства поминавме во оваа 2017 година. Нова Година е период кога луѓето подаруваат. Оваа година, повеќе од успешна, НГМ ја заокружи со хуманитарна акција.

Содржина: 

Годишната изложба на основните училишта со наслов „Мазев и јас“ која беше отворена на 19-ти декември во Даут пашиниот амам беше уметничка ревија на детски платна насликани и инспирирани од творештвото на Мазев. Концептот на овој проект, како додадена вредност, се насочи кон хуманитарна акција која имаше масовен одзив, адресирана кон широката јавност, посетителите на изложбата „Петар Мазев, 90 години од раѓање“.

Имено, беше реализирана донаторска акција наменета за учениците со оштетен слух и говор, штитеници на ДУЦОР „Партенија Зографски“ од Скопје, под мотото од децата за децата.

Сакаме да упатиме зборови на голема благодарност до сите донатори, обичните луѓе, посетители кои несебично се приклучија на акцијава, донираа а за возврат понесоа со себе по некое „уметничко платно“ на малите креативци за кои изјавија дека многу има се допаѓаат.

Националната галерија на Македонија од собраните средства и од сопствени средства обезбеди сликарски и училишен прибор за штитениците. Кон оваа акција се приклучи семејство, кое сака да остане анонимно, а несебично ја збогати и надополни донацијата со новогодишни пакетчиња.

Вчера, на 27-ми декември, претставници на Националната галерија го посетија училиштето „Партенија Зографски“, и ја предадоа донација во една прекрасна и срдечна предпразнична атмосфера.

Изненадувањето и благодарноста од страна на директорот и тимот на училиштето беше бескрајна, а на големо задоволство на учениците.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
Galerija: 
додади слика: 

Департизација, децентрализација и деметрополизација на културата

$
0
0
Вовед: 

Департизација, децентрализација и деметрополизација во културата, како и донесување нов закон за заштита на културното наследство, се само дел од приоритетите на Нацрт-стратегијата 2018-2022 и на Нацрт-акцискиот план за 2018 година.  

Содржина: 

 

Како што беше речено на јавнаta презентација на овие два стратегиски документа, во сегментот на културната дејност, без исклучок, многу е важна промената на законската регулатива.

Во делот на регулативата, нагласи, потребен е нов закон за заштита на културното наследство зашто со него се опфатени повеќе дејности: музеи, библиотеки, аудио-визуелно налседство,...

И културните работници присутни на презентацијата, во јавната дебата што следуваше ја нагласија потребата од донесување нова регулатива. За да се искорени клиентелизмот, некои предложија рестрикција на одредени културни институции преку метод на редукција како во современите држави. Други, пак, се пожалија на несоодветно доделување поддршка од страна на Министерството и побараа пред да се даваат какви било средства, најпрво да се оцени квалитетот на проектите. 

-Деметрополизацијата да се спроведе не преку слевање на културните манифестации од Скопје во внатрешноста, туку преку директно поддржување на културните работници од другите градови кои произведуваат култура, рече Јасмина Мазгалиева претседател на здружението ЈАДРО кое ги организираше јавните дебати низ Македонија изминатите три месеци преку Проектот за граѓанско учество.

На почетокот од презентацијата, министерот за образование Роберт Алаѓозовски повторно порача дека заложбите се јасни: култура до сите и за сите граѓани подеднакво, во секој дел од Македонија.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Oбјавен вториот број на е-списанието „Издаваштво“

$
0
0
Вовед: 

На интернет-страницата на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Скопје е објавен новиот, втор број на списанието „Издаваштво“, чија цел е да ја презентира и афирмира издавачката продукција во Република Македонија.

Содржина: 

Во овој број на „Издаваштво“ се претставени повеќе нови поетски и прозни книги од македонски автори. Објавени се куси критички осврти од Јовица Тасевски-Етернијан и Милан Банов, избрани песни преведени на македонски јазик од словенечките автори Станка Храстељ, Иво Светина и Јуриј Худолин, песни од Маја Мојсова, Ана Јовчевска и Биљана Димко, кои добија награди на Конкурсот за необјавена песна на тема „Книга, библиотека, читател/читање“ што НУБ „Св. Климент Охридски“ го распиша по повод одбележувањето на Денот на читателот.

За презентирањето на македонската книжевност и издаваштво на Меѓународниот саем на книгата во Варшава пишува Викторија Костоска. Специјален гостин во вториот број на списанието „Издаваштво“ е пејачот, композитор, кантавтор и музички продуцент Александар Митевски, кој се појавува на насловната страница. 

Списанието „Издаваштво“ излегува во печатена форма и се објавува на интернет-страницата на НУБ „Св. Климент Охридски“. Се печати со финансиска поддршка на Министерството за култура. 

Новиот број на „Издаваштво“ може да се прочита на линкот

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Јадран филм: Ревизијата потврди наменско трошење за серијата „Македонија“

$
0
0
Вовед: 

Јадран филм во врска со пријавата од Управата за финансиска полиција во соопштение до јавноста наведува дека Агенцијата за филм на Управата за финансиска полиција дала погрешни и лажни податоци.

Содржина: 

- Агенцијата не го пресметала вкупниот износ за продукцијата на серијата туку износот од 80 отсто од средствата намален за средствата кои се одземени од сметката на Јадран филм врз основа на незаконита одлука на в.д. директорот, па истата вака фалширани податоци ги дала на Финансиската полиција па со проста математика пресметала дека тоа е 65 отсто од средствата потрошени надвор од Македонија, што е сосема погрешна манипулација од страна на Агенцијата спротивно на Ревизискиот извештај и се оваа злоупотреба на факти се гледа на прв поглед, се наведува во соопштението.

Оттаму додаваат дека ревизијата потврдува наменско трошење и оти за секој денар постои договор и не постои ниту еден единствен начин на ненаменско трошење на средствата.

- Службената ревизија јасно го потврдува дека сите средства се трошени наменски и се потрошени за продукција на серијата. Со измами се служи само и единствено Горјан Тозија, наведуваат во соопштението.

Појаснуваат дека презентирање потполно лажни бројки поврзани со трошок на средства за снимање во странство – согласно договорот и законот – дозволено е да се потрошат 35 отсто од средствата во странство и тоа во потполност е испочитувано што, како што стои во соопштението, го потврдува и ревизорскиот извештај.

Според нив се работи за намерен фалсификат, а не за заблуда или незнаење.

- Кампањата спроведена од страна на уценувачот Горјан Тозија во соработка со група новинари со лажни тези и обид за притисок врз официјалните тела на РМ ги преминува сите граници гледано во светски рамки и резултира со подигање на кривична пријава од страна на Управата за финансиска полиција, наведуваат од Јадран филм.

Јадран Филм, како што се посочува, на 25.09.2017 година понуди двојна финансиска гаранција за секој потрошен денар за серијата (лични средства на сопственикот на Јадран филм и средства на компанијата), која ја достави до Агенцијата за филм со што оваа пријава станува беспредметна и груба игра на Горјан Тозија која служи само да ја замајува јавноста и да се обиде да го скрие својот рекетарски однос кон Јадран филм.

Од Јадран филм наведуваат дека освен до сега видените делови од серијата, јасната вистина дека ја работат ТВ серијата Македонија можат да ја потврдат стотици соработници на неа.

- Серијата, повторувам, ќе има најголем број на гледачи во светот кога станува збор за серија од овие простори, велат од Јадран филм.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Наградата „Новите!“ за „Можеше да биде и реми“ од Гето Руди

$
0
0
Вовед: 

Збирката раскази „Можеше да биде и реми“ на Гето Руди (Дејан Василевски) ја доби наградата за најдобар дебитантски прозен ракопис „Новите!“ за 2017 година на конкурсот на издавачката куќа „Темплум“.

Содржина: 

Одлуката ја донесе жири во состав Сања Михајловиќ-Костадиновска, Давор Стојановски и Иван Шопов и беше соопштена на последниот ден од Мал новогодишен саем на книги, кој неделава се одржуваше во ГЕМ Клуб.

Според жирито, од сите пристигнати на конкурсот ракописот на Гето Руди се покажал најзрел и со најцврста структурна композиција.

- Тематски, идејно и сижејно, формира интересен и лесно читлив урбан циклус на минијатурни текстови, доминантно извлечени од зачмаеното секојдневје на Скопје, во обид да се пронајде невообичаеното во беспрекорно обичната и сива повторливост на градот... Кусите раскази и минијатурите не се обременети со поетичка надменост, наративниот глас во збирката самиот се претставува како обичен запишувач и скромно се повлекува зад сликата на градот, (авто)иронично оддалечувајќи се од каква било критичка оцена, наведува жирито во образложението за расказите кои издавачот ги отпечати во книга. 

Во трка за „Новите!“ оваа година биле пет финалисти, а до самиот крај на одлучувањето жирито го имала предвид и ракописот „Пеперутки“, роман од Андреј Ал-Асади.

Наградениот Гето Руди се заблагодари за можноста која „Темплум“, како што рече, 12 години со овој конкурс им ја дава на луѓето од маргините. Авторот, кој професионално е лектор во издавачката куќа „Арс Ламина“, и ја  надминал 40-тата година, смета дека никогаш не е доцна за дебитантска книга.

- Сите сме по малку деца во душата и нема рамка кога ќе се објави дебитантска книга, рече Руди по објавувањето на одлуката на жирито. 

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Џијан Емин ќе диригира во Будимпешта на два концерта

$
0
0
Вовед: 

Ќе диригира на концертите насловени „Миртил-Париз симфонија“, на кои солист ќе биде Миртил Мишелер - позната унгарска уметница, особено во сферата на европската џез-сцена. 

Содржина: 

Џијан Емин ќе го води оркестарот „Данубија Оркестра Обуда“ и бенд од Унгарија. Програмата е составена од француски шансони, кои беа изведени и во Скопје минатата година на концертот „Париз те сакам“ по повод Денот на вљубените, чии аранжмани беа на Емин. 

На концертите, кои се распродадени од пред еден месец, ќе бидат изведени познати теми од Ив Монтан, Едит Пјаф, Мишел Легранд, Жо Дасин...

Џијан Емин изминатиот месец настапи како диригент и автор на музиката на настанот „Неуланд - Сенсориум“ кој, според порталот „Риборн“, беше прогласен за настан на годината, потоа на концертот на Здружението на џез-музичари со Македонската филхармонија под наслов „Baby it’s Cold Outside“, како диригент и на концертот „Филхармонија за Шпато“, на концертот „Charlie Parker & Strings“, на мултимедијалниот перформанс во соработка со „Имиџ Пи Ар“ и Македонската филхармонија...

Паралелно, Џијан Емин работеше и како оркестратор на музиката за најскапиот филм досега снимен во Индија заедно со Rico the Wizard, продуцентот на „Дафт Панк“, на музика на оскаровецот Алах-Рака Рахман.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

„Лејдис симфони"новогодишен концерт на Камерниот оркестар - Битола

$
0
0
Вовед: 

Хитови од Ријана, Ејми Вајнхаус, Алиша Кис, Емили Санде, се дел од програмата на новогодишниот концерт „Лејдис симфони"на Камерниот оркестар на Битола...

Содржина: 

Хитови од светски познатите пејачки имиња Ријана, Ејми Вајнхаус, Алиша Кис, Емили Санде,.. ќе бидат дел од програмата на денешниот новогодишен концерт „Лејдис симфони"на Камерниот оркестар на Битола што традиционално го организира Центарот за култура.

Со камерниот оркестар ќе настапат Наде Талевска, Лена Заткоска, Ирена Димовска, Марија Груевска и Ана Гаштарова.

- Камерниот оркестар на Битола од поодамна е познат бренд во оваа музичка сфера, а концертите „Џејмс Бонд Симфонија“, „Рок Симфонија“ со Влатко Стефановски, како и коцертот со унгарскиот виртуоз на виолина Роби Лакатош се уште се памтат, посочуваат од НУ Центар за култура - Битола.

Воведна слика: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Пречек на Нова година во МНТ „Супернова 2018“

$
0
0
Вовед: 

Македонскиот народен театар утревечер организира пречек на Новата година со настан „МНТ Супернова 2018 - Соѕвездие на добрата забава“.

Содржина: 

Публиката ќе ја забавува актерот Сашко Коцев со стендап, а меѓу неговите 15-20 минутни настапи ќе има музика со учество на Биба Додева, Бени & Нон Стоп, Александар Митевски и Дамир Имери бенд. 

Почетокот на новогодшната вечер е во 21 часот. По доаѓањето на Новата година, публиката ќе продолжи да се забавува во фоајето на театарот каде што диџејот Драган Б. Костиќ ќе пушта рокенрол и ретро музика, се до 3 часот по полноќ. Покрај забавна програма, пречекот вклучува и коктел.

Од МНТ соопштија дека влезниците, по цени од 1.600 до 2.000 денари, ги распродале пред една недела. 

Вратите за публиката во 2018-та МНТ ќе ги отвори на 10 јануари за претставата „Не се клади на Енглези“.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Промовирана стихозбирката „Љубовта на строфите“ на Аделина Муслиоска

$
0
0
Вовед: 

Во општинското основно училиште „Ристе Ристески“ во дебарското село Долно Косоврасти, беше промовирана првата книга поезија на ученик на оваа возраст во општината.

Содржина: 

Автор на стихозбирката под наслов „Љубовта на строфите“ е Аделина Муслиоска, ученичка од осмо одделение.

- Во збирката најмногу песни се посветени на мајката, децата, сонцето, хуманоста, среќата на младите. Ќе продолжам да пишувам и доколку се биде како што јас посакувам ќе бидам идна професорка по македонски јазик, рече Аделина.

Професорот по македонски јазик и литература и рецензент на книгата, Џевит Мифтаровски, искажа пофални зборови за стихозбирката и за авторката, која е одличен ученик.

На промоцијата, на која присуствуваа професори, ученици и граѓани се обрати и дректорот на улиштето Шанија Ајроски, кој рече дека ова е голем настан за нивната институција.

Во централното училиште во Долно Косоврасти и подрачните училишта во селата Горно Косоврасти и  Могорче настава на мајчин македонски јазик следат над 500 основци.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Од минатото на Горноселието

$
0
0
Вовед: 

Близнаци. Ко заврши Првата светска војна, ко ватиле болези, не прибирала болеста ни стари ни млади, се со ред ојло. Туку ќе го стресит ко грозница, огон, огон и саде ќе го гљаш, се надолу, надолу, ајт... 

Содржина: 

Е, селаниве, знајш еден ќе речит, така е од Бога, писание, да се ништит народ. До сега со војни, сега вака, Бугарите си оја, Србите идја, ама то болезите не тивнуваја. Бре на кушање ги носја, ама туку ќе речеја од гушата умрел, го стресло и се така, немаше лек, никако народот да тивнит од лошотијата што влезе во селото. Чул некој, да не јет чумата, Бог да чува, да го заораме селово оти и во други села така се чуло, прајле.

Е како да се прајт, што да се прајт, требало двајца браќа близнаци и ѕевгар од два вола, и тије близнаци. Му текна некому: „Во селото немат така двајца браќа близнаци, оти Трајан и Сотир мали бја тогај, четири пет години така.“- Тије ќе бидат рекоја луѓето, немаме други.

Два вола близнаци донесе попот од Ракитница, оти тој служеше и во селата. Прочати, прочати како што било ред и киниса ѕевгарот од кај Максима Велески, тука, троа пругоре и по Мачка, ајт, Трајан напред ји водит волојте, а Сотир ѓоа плугот го крепит. Ама није околу ними, ако кршнит плугот, ние ќе је опрајме, ако замавнит некој од волојте, ама од селаниве и одаде и отаде имаше мажи, плева бја, помагаја.

Попот пак се помоли на Господа и си зеде ѕевгарот, си отиде удолу. Ама за чудо некое, застана народот. Ден за ден, ретко, така кој ќе умрит, дип ако, јет заслабнат или ако се десит друга некоја случка, така. Се накрена народот, си вати работата, толку беше. То го знајме није постарите оти, от ко го заораја селово околу со близнаци, арно виде народот.

Раскажал Совранија Петкоски, 1961, септември, (роден 1877).

 

Двајца рудари 

Ко работевме во Цер, на рудник, раскажуваше Миле Силјаноски, си идевне на две недели дома. Имавме еден надзорник од Ижишта, а пак бригадирот беше од Дворци, Стојан го викаа. Ни велит еден ден, овој вагон да се наполнит со руда, рачно се полнеше тогај, и само го туркате по пруга и толку. Тамо други го растовараат. Така напрајвме и сега ни велит, имате по три дни слободни, тој коп се завршуваше.

За вамо си кинисавме ја и едно Пусторечанче, ама до кај Крушка не стемни. Ајде, ајде слеговме над Пуста Река и тој си замина дома. Оди со здравје бре Миле. Ене каде е Долно Дивјаци, ќе се видиме в понеделник на филан место, ко ќе ојме пак на руда.

Јас пак трчајќи преку долчињана, млади бевне тогај, за час слегов удолу. Отаде од кај нивана од Василета карши коријана Кусеска, се преметна некој пред мене. Мајката си реков, чојков не прогори со мене.

Јас потрчав кон таму и му реков:

- А бре, кој беше ти, да си ојме со муабет до село!

Пак не прогори, се оддалечи појќе и јас го гледав така бајчки пред мене, ама си ојф по него. Едно време се изгуби. Кај водејнцана од Џивџановци, пак излезе пред мене и сега ојме кон Тури Камен. Кршна кон каменот, се поткачи на највисокото и јас гледам кај ќе ојт сега. Слезе удолу простум (каменот е висок 20 м. стрмно). Се сетив ова е волкот да го јадит. Му ја летнав, а бре за минут се најдов дома. Брам со вратата и татко ме сети и ми рече: 

-Ти си бре Миле?

- А бре јас сум, татко, туку вака и вака му кажувам за случката. Тој само ми рече:

- А бре ко ќе кинисат чојк сам по патиштана... А појќе не прајвне муабет, беше многу доцна.

По ова долго време се зборуваше низ селава:

Во други села да скршит нога! Кај се најде вамо да се напратит, тој натемаго.

Раскажал Миле Силјаноски, роден во Долно Дивјаци, 1934 г. (3.8.2003 г.)

Од книгата „Луѓе, времиња, обичаи“ од Крсте Велески, Скопје 2010 г. 

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Леуварден и Валета престолнини на европската култура за 2018

$
0
0
Вовед: 

Холандскиот град Леуварден и Валета, главниот град на Малта, од денеска ја делат титулата „Европска престолнина на културата“ во 2018 година, а ја преземаат од данскиот Орхус и кипарскиот град Пафос. 

Содржина: 

Организаторите на програмата за 2018-та во Леуварден најавија отворање на целогодишната манифестација на 26-ти и 27 јануари кога сите плоштади на градот ќе бидат поврзани со настани со танц, театар, музика и песна. Идејата им е да го покажат нивниот „iepen mienskip“  односно отворено општество.

Леуварден е административен центар на покраината Фризија во северна Холандија, која е најголема доколку се бројат и водните површини, и е единствена покраина во Холандија со свој јазик (западнофризиски). Има неколку острови кои со копното се поврзани со траектен сообраќај и четири национални паркови.

Во пресрет на преземањето на титулата, Музејот на Фризија на 15 октомври отвори изложба по повод сто години од смртта на Маргарета Зеле, попозната под псевдонимот Мата Хари, која била родена во Леуварден во 1876 година.

„Мата Хари - жената и митот“ е најголема кога било поставена изложба за холандската танчарка, куртизана и шпионка од Првата светска војна. Прикажува лични предмети, фотографии, писма, воени документи ... што им овозможува на посетителите да го следат нејзиниот живот од родниот Леуварден до Холандска Источна Индија, преку париските танцови театри и мрежата на интриги во која се заплеткала за време на војната.

Главниот град на Малта, Валета, е исто така европска престолнина на културата оваа година. Организаторите најавија дека нивната едногодишна културна манифестација ќе почне со свеченост достојна на традиционалната Maltese Festa, поканувајќи ги Европејците да ја посетат Неделата на отворање (14-21 јануари).

Програмата со улични перформанси, изложби, фестивали, дигитални проекции и видеоарт ќе почне во главниот град но ќе продолжи низ цела Малта и нејзините острови. 

Меѓу настаните од програмата на „Валета 2018“ е и музичкиот интернационален барокен фестивал, што ќе се одржува од 13-ти до 27 јануари, на барокни и историски локации во градот. Во Валета се наоѓаат голем број знаменити градби од 16 век и градот зрачи со уметнички стилови, како маниризам, барок, неокласицизам. Поради тоа наследство градот Валета е запишан на листата на светско културно наследство на УНЕСКО.

Европската комисија секоја година одредува почесен домаќин на  проектот „Европска престолнина на културата“. Традицијата почна во 1985 година, кога Атина беше културна престолнина на стариот континент.

Целта е да се промовира чувството на заедништво во ЕУ, но на лауреатот тоа му носи и пари од европските фондови, со што земјите можат да финансираат големи проекти и програми од областа на културата. Критериум за избор е подготвеноста на градот да ги организира случувањата кои траат цела календарска година.

За изборот решава независна меѓународна комисија во Брисел, а одлуката ја носи четири години однапред. Неа ја разгледува и Европскиот парламент, а ја изгласува Советот на Европската унија.

Во 2019 година престолнини на европската култура ќе бидат италијанскиот Матера и бугарскиот град Пловдив, во 2020 Риека во Хрватска и Голвеј во Ирска, а во 2021 титулата треба да ја делат три града - романскиот Темишвар, грчкиот Елефсина и српскиот Нови Сад. 

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Одбиена венчавка поради старосна разлика од 42 години

$
0
0
Вовед: 

Матичарот во општината Кањ сир Мер, во француските Приморски Алпи, одби да венча една двојка поради старосна разлика од 42 години. Младоженецот има 80 години, а неговата избраничка 38 години.

Содржина: 

Венчавката е одложена, а барањето за венчавка е препратено до републичкиот обвинител, пренесува францускиот весник „Нис Матен“.

Матичарот својата одлука ја образложи со тоа што смета дека разликата во години меѓу двајцата вљубени дава сомнеж во „искреноста на нивните брачни намери“.

Жан Клод и Дебора се во врска две години, но мора да почекаат Обвинителството да се изјасни за можноста да стапат во брак, за што треба да чекаат два месеца.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Историјата на новогодишните картички

$
0
0
Вовед: 

Обичајот да се испраќаат картички за Божик започнала во 1843 година во Обединетото Кралство, од страна на сер Хенри Кол. Тој бил јавен службеник (работел за Владата) и бил многу заинтересиран за новата „јавна пошта“, и како обичните луѓе би можеле повеќе да ја користат.

Содржина: 

Сер Хенри дошол на идеја за новогодишни картички со неговот пријател Џон Хорстли, кој би уметник. Тие ја дизајнирале првата картичка и ја продавале по еден шилинг (Тоа е денес околу 5 пени или 8 центи, но тогаш тоа вредело многу, многу повеќе). Картичката имала три листа. На надворешните два имало цртежи на луѓе кои се грижеле за сиромашните, а на средниот лист имало цртеж на семејство пред обилна божикна вечера! На некои луѓе не им се допаѓале картичките затоа што на неа имало дете на кое му давале чаша вино. Околу 1000 (можеби и помалку) биле отпечатени и продадени. Сега се многу ретки и чинат и по неколку илјади фунти или долари.

Првите поштенски услуги кои луѓето можеле да ги користат започнале во 1840 година, со почетокот на првата услуга „марка пени“ за достава. Пред тоа, само богатите луѓе можеле да си дозволат да испраќаат што било преку пошта. Новата Пошта можела да понуди услуга со марка од еден пени, затоа што веѓе постоела првата железница. Преку неа можело да се пренесуваат многу повеќе пратки отколку со претходниот превоз со коњи и кочии. Исто така возовите возеле побрзо. Картичките станале уште попопуларни во Велика Британија откако било овозможено да се испраќаат во отворен коверт за пола пени - половина од цената за обично писмо.

Додека се унапредувале методите за печатење, божикните картички станувале се попопуларни, и од 1860 година биле произведувани во огромни количини. До почетокот на 20-иот век, овој обичај се приширил низ цела Европа и станал посебно популарен во Германија. Првите картички вообичаено имале слика од Раѓањето во пештерата. Во доцно викторијанско доба, биле многу популарни слики со славеи (англиската птица) и слики со снег. Во тие времиња поштарите биле нарекуваи „славеи поштари“ заради црвената униформа која ја носеле. Сликите со снег биле популарни затоа што ги потсетувале луѓето на лошата зима која се случила во Велика Британија во 1936 година.

Новогодишните картички се појавиле во САД во доцните 40-ти години од 19-иот век. Но биле многу скапи и повеќето луѓе не можеле да си ги дозволат. Во 1875, печатарот Луси Пранг, кој бил роден во Германија, но работел на првите картички во Велика Британија, започнал со масовно производство на картички за повеќето луѓе да можат да си дозволат да ги купат. На првите картички на Пранг имало цвеќиња, растенија и деца. Во 1915, Џон Хол и неговите двајца браќа ги регистрирале Халмарк картички, кои до ден денес се едни од најголемите произведувачи на картички.

Помеѓу 1910 и 1920, популарни станале дома направени картички. Тие често имале невообичаен облик и на нив се ставале ленти и фолии. Тие вообичаено биле деликатни за испраќање преку пошта, па затоа биле давани на рака.

Денес, на картичките има секакви слики: вицови, зимски идили, Дедо Мраз или романтични сцени на животот во минатото. Добротворните организации често продаваат свои божикни картички во обид да соберат средства за Божик. Тие исто така заработуваат од продажбата на печати или налепници со кои се затвораат пликоата за картичките. Овој обичај започнал во Данска на почетокот на 20-иот век, од некој поштенски работник кој мислел дека е тоа добар начин добротворните организации да собираат пари, како и тоа картичките да бидат поукрасени. Тоа било голем успех: преку четири милиони биле продадени во првата година! Набргу Шведска и Норвешка го прифатиле овој обичај, а потоа тој се проширил низ цела Европа и во Америка. 

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Свети Никола (Дедо Мраз)

$
0
0
Вовед: 

Човекот кого го познаваме како Дедо Мраз, и самиот си има своја историја. Денес тој се смета за воглавно весел човек облечен во црвено, но неговата приказна оди се до третиот век од нашата ера.

Содржина: 

Легендата за Свети Никола

Легендата за Санта Клаус може да ја пронајдеме стотици векови наназад, кај монахот со име Свети Николас. Се верува дека Николас бил роден околу 280 г.н.е. во Патара, во близина на Мира, во денешна Турција. Бил многу почитуван заради неговата хуманост и добродетелство, па Свети Никола станал присутен во многу легенди.

Се вели дека го раздал сето свое наследено богатство и патувал низ земјите помагајќи им на сирмаошните и болните. Една од најпознатите приказни за Св. Николас е дека спасил три сиромашни сестри да не бидат продадени во ропство или проституција од нивниото татко, и им дал мираз за да можат да се мажат. Со текот на многу години, популарноста на Николас се раширила и тој станал познат како заштитник на децата и морнарите. Неговата слава се прославува на датумот на неговата смрт, на 6 декември (по Јулијанскиот календар).

Ова традиционално се смета за среќен ден за да се направи голема купувачка или свадба. Во ренесансата, Св. Николас бил најпознатиот светец во Европа. Дури и по протестантската реформација, кога обожувањето на светците опаднало, Св. Николас ја задржал позитивната репутација, посебно во Холандија.

Синтер Клаас доаѓа во Њујорк

Св. Николас првпат влегол во американската популарна култура кон крајот на 18-иот век. Во декември 1773, и повторно во 1774 година, еден њујоршки весник објавил текст дека група холандски семејства се собрале во чест на годишнината од неговата смрт.

Името Санта Клаус дошло од холандскиот прекар Синтер Клаас, скратено од Синт Николаас (на холандски Сент Николас). Во 1804, Џон Пинтад, член на њујоршкото Историско друштво, поделил дрвени резби со ликот на Св. Николас на годишниот состанок на друштвото. На позадината од резбата го имало денес познатиот лик на Дедо Мраз, вклучувајќи и чорапа полна со играчки и овошје како висат над каминот.

Во 1809, Вошингтон Ајрвинг помогнал да се популаризира Синтер Клаас кога се осврнал на Св. Николас како светец патрон на Њујорк во неговата книга „Историјата на Њујорк“. Како што растело неговото почитување, Синтер Клаас бил секако опишуван, од „немирко“ со сина троаглеста капа, со црвен капут до појас и жолти чорапи, до човек кој носи широка крзнена капа и „огромен чифт фламански пантолони до коленици“.

Дедомразовците од трговските центри

Дарувањето, посебно за децата, е важен дел од божикната иконографија уште од повторното воведување на празникот на почетокот на 19-иот век. Во 1820 година, продавниците почнале со рекламирање на божиќните купувања, а во 40-ите години весниците правеле посебни страни за празнични рекламирања, кои често вклучувале и слики од новопопуларниот Санта Клаус.

Во 1841, илјадници деца поминале низ продавницата Филаделфија за да видат кукла на Дедо Мраз во човечка големина. Било прашање на време пред продавниците да почнат да ги привлекуваат децата и нивите родители, за да видат „жив“ Дедо Мраз. На почетокот на 90-ите, на Армијата на спасот и требало пари за да плати за бесплатни божиќни оброци кои ги обезбедувале за најсиромашните семејства. Почнале да облекуваат невработени луѓе во костими на дедомразовци и ги испраќале по улиците на Њујорк за да собираат донации. Оттогаш, овие познати дедомразовци на Армијата на спасот со своите ѕвона се секоја година по уличните агли во Америка.

Човекот од Ноќта пред Божик

Во 1822, епископскиот свештеник Клемент Кларк Мур напишал долга божикна поема за неговите три ќерки, насловена „Момент од посетата на Дедо Мраз“. Поемата на Мур, која никој не сакал да ја објави заради откачената природа на опишаниот човек, е највиновна за нашиот современ изглед на Дедо Мраз, како „стар весел добричок елф“, со полничок изглед и натприродни способности да се спушта низ оџакот - и покрај неговата голема глава!

Иако можеби некои од приказните на Мур биле позајмени од други извори, неговата поема помогнала да се популаризира денес познатиот изглед на Дедо Мраз, кој на Божиќната вечер лета од куќа до куќа, „во минијатурна санка“ која ја водат осум ирваси - и остава подароци за добрите деца. „Момент од посетата на Дедо Мраз“ создала нова и инстант популарна американска икона.

Во 1881, политичкиот карикатурист Томас Наст, според поемата на Мур нацртал прв лик кој соодветствува со нашиот денешен изглед на Дедо Мраз. Неговата карикатура, која се појавила во Харперс викли, го прикажува Дедо Мраз како дебел, весел човек со голема густа бела брада, и како носи торба со играчки за умните деца. Токму Насти му го дал на Дедо Мраз изгледот со црвен костум со бело крзно, со работилницата на Северниот пол, со џуџињата и неговата жена г-ѓа Клаус.

Дедо Мраз под други имиња

Во Америка во 18-иот век, Санта Клаус не бил инспириран само од дарителот Св. Николас кој се појавувал за време на Божиќ. Слични ликови биле популарни низ целиот свет. Се верувало дека Кристкинд или Крист Крингл им делел продароци на добрите швајцарски и германски деца. Значењето Кристкинд (Христос дете) е лик со физиономија на ангел, кој често го придружувал Св. Николас во неговите празнични мисии. Во Скандинавија, за веселиот елф наречен Јултомтен се верувало дека дели дарови во санка која ја влечат кози.

Една англиска легенда вели дека Отец Божик го посетува секој дом на Божикната вечер, за да ги наполни чорапите на децата со празнични дребулии. Пере Ноел е виновен за полнењето на чевлите на француските деца.

Во Русија се верува дека една стара жена со име Бабушка, намерно му дала на некој мудар човек погрешен правец кон Витлеем за да не го најдат Исус. Потоа таа се чувствувала засрамена, но не можела да го најде човекот за да ја исправи својата грешка. До денес, на 5 јануари Бабушка ги посетува руските деца и дели дарови, со надеж дека едно од нив е бебето Исус и дека ќе и биде простено.

Во Италија постои слична приказна за жена наречена Ла Бефана, љубезна вештерка која јава на метла низ оџаците на италијанските домови за да дели играчки во чорапие на умните деца.

Деветиот ирвас

Рудолф, „најпознатиот ирвас“, бил роден сто години по неговите осум летечки претходници. Црвеноносестото чудо бил креација на Роберт Меј, копирајтер во продавницата Монтгомери вард.

Во 1939, Меј напишал божична поема во обид да се зголеми продажбата за Божик во неговата продавница. Користејќи слична рима како и моровата „Ноќта пред Божиќ“, Меј раскажува приказна за Рудолф, млад ирвас кој бил задеван од другите ирваси заради неговиот голем црвен нос кој светел. Но кога на Божикната вечер паднала магла, и Дедо Мраз се загрижил дека нема да може да ги подели подароците таа вечер, ирвасот го спасил Божик водејќи ја санката со помош на светлото на неговиот нос.

Пораката за Рудолф - која зборува за шансата, дека ограниченоста може да биде претворена во корист - се покажала како многу популарна. Во Монтгомери вард во 1939 година продале скоро два и пол милиони примероци од приказната. Кога била реиздадена во 1946 година, книгата била продадена во над три и пол милиони примероци.

Неколку години подоцна, во 1949, еден од пријателите на Меј, Џон Маркс, напишал кратка песна на основа на приказната за Рудолф. Таа била снимена од Џин Отри, а плочата била продадена во над два милиони примероци. Оттогаш, приказната била преведена на 25 јазици, според неа е направен телевизиски филм во кој гласот го позајмува Барл Ајвс, филм кој ги разгалува гледачите уште од 1964 година.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Целиот свет не славеше 2018 година, има и други календари

$
0
0
Вовед: 

Која година е? Прашањето не е така едноставно како што звучи. Се е релативно. Луѓето направиле календари за мерење на времето, но времето е краткотрајно, не може да се фати, а одбројувањето не може да се означи. Овде започнува компликуваното. Како да се пронајде почетокот? Од кога да сметаме?

Содржина: 

Различни земји користат различни календари. Многу календари постојат и денес, а постоеле и низ годините, но дури и тие може да ја почувствуваат сета релативност и минливост на времето. Во сите делови на светот не беше 2017 година, ниту сите луѓе ја дочекуваа 2018 година.

На Тајланд е 2561 година

На Тајланд 2018 ќе биде 2561 година. Официјално Тајланд живее според будистичкиот лунарен календар во кој хронологијата почнува од моментот кога Буда постигнал Нирвана. Меѓутоа тие исто така го користат Грегоријанскиот календар. Разликите често се направени за странци, а датумите на производите и документите се напишани според овој календар. Будистичкиот календар се користи во Шри Ланка, Камбоџа, Лаос и Мјанмар.

Во Етиопија е 2011 година

Етиопскиот календар е осум години зад „редовниот“. Тој има 13 месеци во годината, при што 12 месеци имаат по 30 дена, а последниот е многу кус и има само 5 или 6 дена во зависност од тоа дали годината е престапна. Исто така, нивниот ден не почнува на полноќ, туку со излегувањето на Сонцето. Етиопскиот календар се темели на античкиот календар на Александрија.

Во Израел е 5778 година

Хебрејскиот календар официјално се користи во Израел заедно со Грегоријанскиот. Сите хебрејски празници, денови на сеќавање, родендени се прославуваат според првиот. Месецот почнува со младата Месечина, а првиот ден во годината (Рош ашана) може да биде само во понеделник, вторник, четврток или сабота. За сето тоа да функционира, претходната година се продолжува за еден ден.

Хебрејскиот календар ја презема хронологијата од првата млада месечина која се случила на 7 октомври 3761 година пред христовото раѓање. Еден час во хебрејскиот календар се состои од 1080 делови , а секој од нив од 76 моменти.

Во Пакистан е 1439 година

Исламскиот календар се користи за одредување датуми на верски празници и како официјален календар во некои муслимански земји. Хронологијата почнува од Хиџра, датумот на преминувањето на пророкот Мухамед и првото иселување на муслиманите во Медина (622 година).

Овде денот започнува со заоѓањето на Сонцето, а не на полноќ. Почеток на месецот е денот кога полумесечината првпат се појавува после новата Месечина. Должината на годините во Исламскиот календар е за 10 до 11 дена покуса од соларната година, а месеците се движат во однос на годишните времиња. Тие месеци кои биле летни после некое време ќе бидат зимски и обратно.

Во Иран е 1396 година

Персискиот календар или календарот Солар Хиџра е официијален календар во Иран и Авганистан. Овој астрономски соларен календар бил создаден од група астрономи вклучувајќи го и познатиот поет Омар Хајаа. Хронологијата почнува од Хиџра, токму како и во Исламскиот календар, но се темели и на соларната година, поради што месеците остануваат во истите годишни времиња. Седмицата почнува со сабота и завршува со петок и тие се неработните денови.

Во Индија е 1939 година

Обединетиот национален календар на Индија е создаден не така одамна и претставен во 1957 година. Се темели на пресметките на Шака Ера (Шака Самват) древен хронолошки календар, кој е распространет во Индија и Камбоџа. Постојат и други календари во Индија кои ги користат различни нации и племиња. Некои хронологијата ја почнуваат од датумот на смртта на Кришна (3102 п.н.е), други почнуваат од доаѓањето на Викрам на власт во 57 година, трета група според Будтистичкиот календар ја започнува хронологијата со датумот на смртта на Гаутама Буда (543 година).

Во Јапонија е 30 година

Во Јапонија постојат две хронологии: онаа која почнува со христовото раѓање и традиционалната. Таа се темели на годините на владеење на јапонските цареви. Секој цар на својот период му дава име според мотото на своето владеење.

Почнувајќи од 1989 година постоеше „ера на мирот и тишината“, а престолот на царот Акихито. Претходниот период „просветлен свет“ траел 64 години. Во повеќето официјални документи се користат два датуми, еден според Грегоријанскиот календар и еден според актуелниот период во Јапонија.

Во Кина е 4716 година

Кинескиот календар се користи во Камбоџа, Монголија, Виетнам и други азиски земји. Хронологијата почнува од датумот кога царот Хуангд го започнал своето владеење во 2637 година пред Христа. Календарот е цикличен и се темели на астрономските циклуси на Јупитер.

Во рок од 60 години Јупитер проаѓа околу Сонцето пет пати, а тоа се пет елементи во кинескиот календар. Еден круг на Јупитер околу Сонцето трае 12 години, а годините се именуваат по животните. Претстојната 2018 (според Грегоријанскиот календар) ќе биде година на кучето.

Во Северна Кореја е 107 година

Календарот Џуче се користи во Северна Кореја од 8 јули 1997 година заедно со хронологијата според Христовото раѓање. Датумот на одбројување е 1912 година кога бил роден Ким Ил-сунг, основач на Северна Кореја и доживотен претседател на земјата. Годината на неговото раѓање е година прва. Не постои нулта година на овој календар.

При пишувањето на датумите се користат и календарите. Грегоријанската календарска година се пишува во заграда покрај годината според Џуче календарот.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Тајната за китењето на новогодишната елка

$
0
0
Вовед: 

За некои најрадосен празник, за некои причина за хистерија и паника, а за многумина навика која ја носат од детството. Порано елките се носеле од шумите, свежи исечени, некогаш се купувале на пазарите, а денес најчесто се одлучуваме за некој пластичен примерок купен од Кинезите.

Содржина: 

Дали некогаш сте се прашале од каде стигнува овој обичај, дали има врска со нашиот фолклор и традиција, или сепак е нешто што доаѓа од Западниот свет? Дали сте се прашале, дали постои правило како се кити елка? Дали е сеедно за која боја ќе се одлучите? Дали тоа има врска со христијанството, или се работи за пагански обичај? Во текстот ќе ви ја откриеме тајната за потеклото на омилениот новогодишен обичај.

Преданието вели дека пред местото на раѓањето на Исус Христос растеле бор, елка и кедар. Во знак на радост што се родил Божјиот син, кедарот и борот му ги подариле своите плодови, а елката, бидејќи немала со што да го дарува Исус, се расплакала. Тоа го видел добриот ангел кој се сожалил над елката и и симнал ѕвезда од небото која ја ставил на нејзиниот врв. Верувањето вели дека секое новогодишно дрвце треба да има украс на врвот, кој симболизира подарок за Исус Христос.

Елката секогаш имала посебна улога во христијанската историја. Така според црковните записи, свети Бонифације проповедајќи го христијанството користел семе од северна бела елска. Семето кое има форма на триаголник послужило за неговата приказна за Светото Тројство, а поединци и денес веруваат дека овој вид на елка е најприкладна за оваа намена.

Во 16 век традицијата за китење на елка се ширела на територијата на Германија. На јавни места биле поставувани елки кои децата ги украсувале со јаболки, бомбони, ораси и цветови од хартија. Сепак, многумина веруваат дека првото божикно дрвце доаѓа од Латвија, а за тоа постои и доказ – натпис на осум јазици кој гласи: Првата новогодошна елка во Рига, 1590 година, изрезбан на еден од плоштадите на оваа балтичка земја.

Во 17 век се шири обичај за китење на елка внатре во домовите, но многумина овој обичај го поврзувале со протестантската вера. Во 19 век овој обичај почнал да се шири меѓу благородништвото, па принцезата Хенриета го донела во Виена. Војвотката од Орлеан е заслужна што китењето на елка станал обичај прифатен во Франција, а откако се појавиле цртежи со слика на британската кралица, нејзиното семејство и новогодишна елка, овој обичај станува составен дел на масовна употреба. Потоа, традицијата за китење на елка доаѓа дури до Америка и тогаш повеќе немало сомневање, украсувањето на елкта станало дел од популарната култура.

Благодарение на влијанието на германската култура, овој обичај стигнал и во нашите краишта. Нашиот фолклор додал некои карактеристики во китењето на елката, како што се украси од суви сливи, восок, ореви и шеќерни јаболки. Денес новогодишната елка е најубав и највесел дел од семејната традиција. И навистина, има ли нешто поубаво од накитено дрвце, многу подароци во кругот на семејството? 

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Историјат на прославувањето на Нова Година

$
0
0
Вовед: 

Цивилизациите низ целиот свет барем четири милениуми го слават почетокот на секоја нова година. Денес, повеќето прослави за Нова Годиназапочнуваат на 31 декември (на новогодишната вечер), на последниот ден од Грегоријанскиот календар, и продолжуваат до раните часови на 1 јануари (првиот ден во Новата година). 

Содржина: 

Вообичаените традиции вклучуваат одење на забави, конзумирање на посебни новогодишни јадења, правење планови за новата година и гледање огномети.

Првите прослави на Новата година

Првите забележани прослави во чест на доаѓањето на новата година не враќаат речиси 4.000 години наназад, во стариот Вавилон. За Вавилонците, првата нова месечина по пролетната рамнодневица - денот на крајот на март со еднаков број часови сонце и мрак- кој го означува почетокот на новата година. Тие ја одбележувале свеченоста со масовен религиозен фестивал наречен Акиту (кое доаѓа од сумерскиот збор за јачмен, кој бил жнеен на пролет) кое вклучувало различни ритуали во секој од 11-те денови. Покрај прославата на новата година, со Акиту се прославувала митската победа на вавилонскиот бог на небото Мардук над злата божица на морето Тиамат, но имал и важна политички цел: токму во тоа време бил крунисуван новиот крал, или пак мандатот на тековниот владетел бил симболично продолжуван.

Низ антиката, цивилизациите низ светот развиле се пософистицирани календари, вообичаено врзувајќи го првиот ден од годината со некој земјоделски или астрономски настан. На пример, во Египет годината започнувала со годишните поплавувања на реката Нил, кои се совпаѓале со појавата на ѕвездата Сириус. Во меѓувреме, првиот ден од кинеската Нова година се совпаѓал со втората млада месечина по зимската равнодневица.

1 јануари станува првиот ден во Новата година

Првиот римски календар се состоел од 10 месеци или 304 дена, а секоја нова година започнувала со пролетната рамнодневица; според традицијата, календарот го креирал Ромул, основачот на Рим, во осмиот век пред н.е. На подоцнежниот крал Нума Помпилус, му се припишува додавањето на месеците јануари и февруари. Со текот на вековите, календарот излегол од синхронизацијата со сонцето, па во 46 г.пр.н.е. императорот Јулиј Цезар одличил да го реши проблемот консултирајќи се со најголемиоте астрономи и математичари на тоа време. Тој го вовел Јулијанскиот календар, кој е многу близок со помодерниот Грегоријански календар, кои повеќето земји низ светот денес го користат.

Како дел од неговите реформи, Цезар го означил 1 јануари како прв ден во годината, делумно во чест на богот Јанус по кој е месецот и назначен, римскиот бог на почетоците, чии две лица му овозможувале да гледа и назад во минатото и напред во иднината. Римјаните славеле со поднесување жртва на Јанус, си разменувале подароци едни со други, со украсување на нивните домови со ловорови гранчиња и со организирање на бучни забави. Во средновековна Европа, христијанските владетели привремено го замениле 1 јануари како прв ден во годината со деновите кои имале поголема религиозно значење, како што се 25 декември (денот на раѓањето на Христос), и 25 март (Благовештение); Папата Григориј 18-ти го вратил 1 јануари како прв ден во новата година во 1582 година.

Новогодишни традиции

Во многу земји, славењето на Нова година започнува вечерта на 31 декември - на новогодишната вечер - и продолжува во раните утрински часови на 1 јануари. Славениците често уживаат во јадења и пиење заедно со размена на мноштво желби за среќа во претстојната година. Во Шпанија и во неколку други земји од шпанското говорно подрачје, луѓето врзуваат десетина портокали што ги симболизира нивните надежи за идните месеци - непосредно пред полноќ. Во многу делови од светот, на традиционалните новогодишни трпези има мешунки, за кои се смета дека претставуваат парички и го одбележуваат идниот финансиски успех; како пример, во Италија се подготвува леќа, а во јужните држави на САД црнодамкест грав. Бидејќи прасињата во некои култури претставуваат прогрес и просперитет, свинското месо е присутно на новогодишните трпези на Куба, во Австрија, Унгарија, Португалија и во други земји. Тортите и колачињата во облик на прстени се знак дека годината завршила полн круг, и со нив се завршува богатата гозба во Холандија, Мексико, Грција и во други места. Во Шведска и Норвешка, на новогодишната вечер се служи пудинг од ориз со вметнат бадем; се верува дека оној кој ќе го пронајде бадемот може да очекува 12 месеци добра среќа.

Други обичаи низ светот вклучуваат огномети и пеење песни со кои се поздравува новата година, а меѓу нив најпознатата е „Олд лансеин“ („Многу, многу одамна“) која се пее во многу земји од англиското говорно подрачје. Се смета дека кај старите Вавилонци првпат било практикувано кажувањето на желби за новата година, кои давале ветување со цел да ја освојат милоста на боговите, и да се започне годината со станување на десна нога (Тоа наводно помагало за да се исплатат долговите, и за да се врати позајмената земјоделска опрема).

Во САД, најпознатата традиција за Нова година е паѓањето на огромната топка на њујршкиот плоштад Тајмс сквер, во последните секунди пред полноќ. Милиони луѓе низ целиот свет го гледаат овој настан кој се случува скоро секоја година уште од 1907 година.

Со текот на времето, топката пораснала од првичната тешка 350 килограми и направена од железо и дрво, во електронска топка широка четири метри во дијаметар и тешка скоро шест тони. И разни градови низ цела Америка си развиле свои верзии на ритуалот од Тајмс сквер, и се организираат разни јавни фрлања на сенешта, почнувајќи од кисели краставички (во Дилсбург, во Пенсилванија), до фрлање на глувчиња мрзливци во Талапалоза, во Џорџија, на полноќ на новогодишната вечер. 

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

„Војна на Ѕвездите: Последниот џедај“ за 20 дена со над милијарда долари заработка

$
0
0
Вовед: 

„Војна на Ѕвездите: Последниот џедај“ за помалку од три недели по премиерата успеа да заработи 1,04 милијарда долари. 

Содржина: 

Меѓутоа, неговото прво прикажување во Кина, на пример, допрва следи, што значи многу веројатен уште побрз раст на и онака високата заработка.

Засега последното продолжение на научнофантастичната сага, ја надмина „Убавицата и ѕверот"на „Дизни“, најуспешниот филм во САД во 2017 година, со заработени 504 милиони долари.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Конкурсот за „Роман на годината“ завршува на 15 јануари

$
0
0
Вовед: 

До 15 јануари ќе биде отворен Конкурсот за доделување на наградата „Роман на годината“ за 2017 година.

Содржина: 

Наградата во изминатите 18 години ја доделуваше редакцијата на поранешниот „Утрински весник“, а оваа година првпат ќе ја додели новоформираната Фондација за унапредување и промоција на културата „Славко Јаневски“.

Може да конкурираат сите романи објавени во текот на 2017 година. За наградата ќе одлучува петчлено жири, составено од книжевници и еден претставник од Фондацијата.

Романите што влегуваат во конкуренција може да ги предлагаат самите автори, нивните издавачи или читателите.

Предлагачите треба до крајниот рок (15 јануари 2018) да достават до Фондацијата по пет примероци од предложените книги, кои не се враќаат. Пожелно е и доставување на романот во електронска верзија на адресата romannagodinata@gmail.com.

Книгите се доставуваат на адреса Читална „Славко Јаневски“, ул. „Димитрија Чуповски“ бр.21, 1000 Скопје.

 

Фондацијата „Славко Јаневски“ ќе го соопшти добитникот на наградата „Роман на годината“ најдоцна до 15 март 2018 година. Таа се состои од плакета и паричен износ од 150.000 денари.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

„Св. Злата Мегленска“ со традиционален божиќен концерт

$
0
0
Вовед: 

Хорот „Св. Злата Мегленска“ в недела ќе го одржи традиционалниот божиќен концерт... 

Содржина: 

Женскиот хор „Св. Злата Мегленска“ на 7 јануари ќе го одржи традиционалниот концерт „Божик - Слава“ по повод празникот Христово раѓање - Божик. 

На концертот на хорот „Св. Злата Мегленска“, кој го води диригентката Летка Димовска-Полизова, ќе гостуваат мешаниот хор „Rozafaexpression“ од Скадар, Албанија, и мешаниот хор „Про арс“ од Скопје. 

Солисти ќе бидат Билјана Стафансон од Шведска и Лилјана Јовановиќ од Србија. 

Концертот ќе се одржи во црквата „Пресвета Богородица“ од 19.30 часот. 

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 
Viewing all 4807 articles
Browse latest View live


<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>