Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all 4807 articles
Browse latest View live

IN MEMORIAM: Почина Павли Никола, борeц за правата на Македонците во Албанија

$
0
0
Вовед: 

Почина Павли Никола, еден најголемите поборници за правата на Македонците во Албанија...

Содржина: 

На осумдесетгодишна возраст во Тирана почина Павли Борис Никола, еден од најголемите поборници за правата на Македонците во Албанија.

Роден е во селото Врница, област Голо Брдо, каде завршил основно образование, а потоа се дообразувал и работел во главно во Тирана.

- Со неговите дела и активност помогна многу во негувањето на македонските обичаи, фолклор, традиции и нивното пренесување кај помладите генерации на Македонци во Република Албанија. Иако целиот свој живот го мина надвор од родното село, тој никогаш не го заборави, често доаѓаше да го посети, а напиша и „Монографија за Врнца“, објави електронското издание на единствениот весник на македонски јазик во Албанија „Илинден“.

По повод петгодишнната од основањето на Македонското друштво „Илинден“ на Павли Никола му е доделена благодарница „Илинден“ за придонесот во заштитата на македонскиот идентитет, култура и традции.

Сочувство до фамилијата Никола упати македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и огранокот за Голо Брдо, како и редакцијата на весникот.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Свети архиѓакон и првомаченик Стефан

$
0
0
Вовед: 

Свети архиѓакон и првомаченик Стефан, каменуван затоа што проповедал дека во Исус не веруваат само лошите луѓе...

Содржина: 

(Именден празнуваат: Стефан, Стефанка, Стефанија, Фанија, Фанка, Стојан, Стојанка, Стојмен, Стоичко...)

На третиот ден од празникот Божик светата православна црква го празнува споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан. Тој е наречен првомаченик затоа што тој прв настрадал за Христовата вера. Веднаш по слегувањето на Светиот Дух во Ерусалим била формирана христијанска општина, биле избрани седум ѓакони да се грижат за сиромасите, за болните, старите, вдовиците и да ги делат подароците што христијаните ги давале на црквата. Најстар во тие седум ѓакони бил Стефан поради што бил наречен архиѓакон.

Еднаш мноштво Евреи, фарисеи и садукеи се расправале за Исус Христос. Едни тврделе дека е вистински син Божји, други дека е пророк, трети дека е измамник. Тогаш се замешал Стефан кој инспиративно зборувал за Исус Христос напомнувајќи дека во него не веруваат само лошите луѓе. Посрамотените противници што не можеле на Стефан да му се спротивстават со факти веднаш го наклеветиле пред насобраниот народ дека ги навредувал Мојсиевите закони. Разгневениот народ поверувал на лажните обвиненија и на лажните сведоштва. Го изнесле Стефана надвор од градот и го каменувале. Умирајќи тој се молел на Бога за себе си, но и за тие што го убиле. Во претсмртниот час извикал: „Господе, не земај им го ова за грев.“

Народот што го каменувал Стефана му ја соблекол белата облека и му ја дал на едно момче по име Савле да ја чува. Тоа момче, во тоа време жесток противник и прогонувач на христијаните, подоцна со името Павле, станало најголем приврзаник и афирматор на христијанството. Христијаните го зеле телото на Стефана и достојно го погребале во близината на Ерусалим.

Култот на св. Стефан е стар колку и самата Христова црква, зашто тој е почитуван исто колку и апостолите. Уште светиот апостол Павле него го нарекува маченик Христов. Култот особено пораснал по наоѓањето на неговите мошти и нивното пренесување во Цариград. Преданието вели дека пренесувањето на моштите на св. Стефан во Цариград било за време на владеењето на Константин Велики и за време на патријархот Митрофан. Животните што ја влечеле колата во кои биле моштите на св. Стефан на едно место одеднаш застанале и со човечки глас рекле: „Зошто нè тепате? Светецот треба да биде поставен овде!“ Царот веднаш на тоа место подигнал црква посветена на првомаченикот.

И во црковните песни и проповеди св. Стефан се нарекува: прв, врв на мачеништвото, почеток на мачеништвото, прв во маченичката фаланга итн.

Народот го празнува Свети Стефан на 9. I./27 XII, а тоа е третиот ден од празникот Божик. Тогаш се оди на именден кај Стефановци, но сите песни, верувања и обичаи што се изведуваат на овој ден се поврзани со Божик.

Тропар

Свети првомаченик и архиѓакон Стефан Првомаченику Христов и апостолу, со добар подвиг си се подвизавал и си го изобличил безбоштвото на мачителите. Бидејќи со камења беше убиен од рацете на беззакониците, прими венец од Десницата што е во височините, а на Бога Му се молеше, извикувајќи: Господи, не замај им го ова за грев!

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

На денешен ден: Почина Цветан Мазнику

$
0
0
Вовед: 

На денешен ден (9 јануари, 2015 година) на 77-годишна возраст, во Тирана починал Цветан Мазнику, првиот претседател на Македонската заедница во Албанија.

Содржина: 

Дипломирал на Факултетот за рударство во Санкт Петербург. Од 1990 година активно почнал да го собира народно творештво од областа на Голо Брдо.

Автор е на повеќе дела кои го опфаќаат богатото културно и духовно богатство на Македонците во Голо Брдо. Заедно со други Македонци издал шест книги од едицијата „Голобрдски фолклор“ кои се од огромен придонес за заштитата на македонскиот идентитет, јазик и култура на Македонците во Албанија.

Цветан Зафир Мазнику, роден е во 1938 година во село Клење, Голо Брдо.

 

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

„Кино утро“ за најмладите во Кинотека на Македонија

$
0
0
Вовед: 

Кинотеката на Македонија и овој зимски распуст за најмладите ќе ја организира филмската програма „Кино утро“ од денеска до 20 јануари.

Содржина: 

Започна со филмот „Мравко“  - приказна за 12-годишниот Пеле кој откако е каснат од мравка добива моќ и се претвора во суперхерој Мравко. Филмот е синхронизиран на македонски и ќе биде прикажан и на 15 јануари. 

Во среда и на 16 јануари на програмата е анимираниот „Облачно со можност за дожд од ќофтиња“, на 11-ти и 17 јануари - „Малите виленици Пикси“, на 12-ти и 18 јануари - „Мармадјук“ и на 13-ти и 20 јануари - филмот „Змејска топка 2“.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Струмичкиот карневал годинава од 14 до 21 февруари

$
0
0
Вовед: 

Годинашниов Интернационален струмички карневал ќе се одржи од 14 до 21 февруари. Трите главни карневалски денови се 16, 17 и 18 февруари. 

Содржина: 

Со традиционалниот маскенбал (16 февруари) и изборот на принц и принцеза на струмичкиот карневал традиционално официјално почнува карневалската забава во градот под Царевите Кули.

Принцот и принцезата со кралот на струмичкиот карневал ќе ја предводат големата карневалска поворка (17 февруари) на интернационалната карневалска вечер и ќе го означат почетокот на годинашното издание на еден од најпознатите карневали на Балканот и во Европа.

Според претседателот на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, Александар Цицимов, се очекува учество на дваесетина карневалски групи од странство.

- Во најголем дел странските карневалски групи го потврдија учеството. Годинава посебен акцент ставаме на групата од Аруба (Карипските острови) која ќе има специјален настап после карневалот со настап на диск џокеј на бината во рамките на т.н. „Аруба вечер“. Се очекуват и сите домашни групи кои традиционално учествуваат на карневалот, а годинава имаме идеја да воведеме стимулативна мерка за учество на нови карневалски групи на нашиот карневал, вели Цицимов.

Тој додава дека и покрај тоа што новиот Организационен одбор, кој што беше избран на 27 декември лани поради одржувањето на локалните избори, и започна со подготовките по нова година, нема да биде пречка навреме да бидат завршени сите подготовки за уште едно гламурозно издание на Струмичкиот карневал.

Карневалските празнувања годинава продолжуваат со Детскиот карневал на Прочка, на 18 февруари на плоштадот во Струмица, а на 19 е Чист понеделник, кога традиционално се вари и се консумира бел грав. Истиот ден ќе бидат објавени и резултатите за најуспешните маски од интернационалната карневалска вечер и отворена изложбата и доделени наградите од наградниот конкурс за карикатури и афоризми на тема карневал.

Традиционалното карневалско корзо, посетата на домовите на армасаните (верените) девојки како и доделувањето на наградите на најдобрите карневалски маски ќе се одржи на 20 февруари.

Карневалските празнувања завршуваат на 21 февруари со одбележувањето на тримерските обичаи. 

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

„Среќна Нова година“ премиерно во Турскиот театар

$
0
0
Вовед: 

Турски театар-Скопје за четврток најави премиера на претставата „Среќна Нова година“ по мотиви на Даниил Хармс и Дејвид Ајвс во режија на Бојан Трифуновски. 

Содржина: 

- Уметник кој истражува зошто светот сака да се самоуништува, создава ментален простор во кој слободно размислува и твори. Таа негова ментална соба има пијано и во неа тој комуницира со своите предци и наследници, обидувајќи се да одгатне што не тера да работиме против себе. Во неговиот замислен свет, во константна состојба на 5 до 12, пред нова година, десет масони преку јазикот на Хармс и на Ајвс создаваат атмосфера за интроспекција и самосоочување..., соопштија од Турскиот театар.

Улогите ги толкуваат: Фунда Ибрахим, Несрин Таир, Зубејде Али, Емине Халил, Селпин Керим, Џенап Самет, Неат Али, Аксел Мехмет, Един Јакуповиќ и Берхеда Решит. 

Режисерот Трифуновски е и драматург на претставата. Сценографија е на Љупчо Јованов, костимографи се Елена Вангеловска и Антонија Гугинска-Јордановска, музиката е на Ади Имери, кореографијата на  Александра Кочовска-Начева.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

(видео) Четири непознати демо снимки на Нирвана објавени на Јутуб

$
0
0
Вовед: 

 Четири непознати демо снимки на култната гранџ група Нирвана се појавија на Јутуб.

Содржина: 

Снимките ги објави вашингтонскиот музичар Џон Парки, кој тврди дека снимите му ги дал лично Курт Кобејн.

На снимките се наоѓа демо нумера од албумот „Bleach“, наводно снимена за време на првата проба на Нирвана во студиото „Reciprocal“ во Сиетл во 1988 година.

Снимките потекнуваат пред тапанарот Чад Ченинг да се приклучи на бендот. На снимките тапанар е Дејл Кровер, тапанар на групата Мелвилс, кој свиреше на деби албумот на Нирвана.

На втората касета се наоѓаат демо снимки на песните од легендарниот албум „Nevermind“, на кој тапанар е Ченинг.

Во видеото Парки објаснува како се спријателил со членовите на Нирвана по нивниот настап во Вашингтон.

Парки касетите ги чувал во метална кутија, а подоцна одлучил да продаде две, откако една му била украдена од автомобилот. 

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Фејсбук ради пропуст овозможил откривање на телефонски броеви на корисниците

$
0
0
Вовед: 

Фејсбук со години наназад од своите корисници при регистрација го бара бројот од мобилниот телефон, првенствено со цел да се интервенира при евентуално заборавање на лозинката, при што централата испраќа СМС порака со нова комбинација.

Содржина: 

Тоа донекаде и функционира без проблеми. Но, неодамна е откриена грешка во една од алатките за огласување, која може да го открие телефонскиот број на лица кои посетиле одредени интернет страници.

 

Стручни лица од САД, Франција и Германија проблемот го откриле уште во мај 2017 година. а Фејсбук ја призна грешката по неколку месеци.

Фактот што огласувачите можеле да дојдат до телефонските броеви на корисниците, претставува првостепено сигурносно прашање, но и директно кршење на политиката на Фејсбук околу заштитата на личните податоци.

 

Компанијата сепак тврди дека никој не успеал да го искористи тој нивен пропуст. 

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Куратица подготвена за 20-от Василичарски карневал

$
0
0
Вовед: 

Жителите на охридското село Куратицаоваа година по 20-ти пат ќе го организира веќе традиционалниот Василичарски карневал под маски.

Содржина: 

Организациските активности привршуваат, маските се подготвени, а веќе е објавена и официјалната карневалска програма која предвидува двоедневна забава за локалното население и за гостите, сето во духот на традицијата. 

Празнувањето ќе започне на 13 јануари со палење на василичарскиот оган, а потоа е најавена обиколка на василичарската група составена од зетот, невестата и бајачот по домаќинствата на Куратица.

Главната манифестација односно карневалот под маски е предвидено да започне од 19 часот, што ќе кулминира со главното дефиле под маски по што ќе бидат прогласени и победниците односно најинвентивните и најуспешните маски. Организаторите на карневалот најавија и голем огномет со кој ќе привршат годинешните прославувања на празникот.

Карневалот во Куратица веќе се етаблира меѓу позначајните во државата, покрај струмичкиот и вевчанскиот. Жителите на Куратицавелат дека карневалот е стар исто колку што е старо и селото. Непотврдени податоци говорат дека маскирањето во Куратица има традиција што датира од далечната 1575 година. 

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

„Уметност за сите“ проект на Националната галерија за децата со посебни потреби

$
0
0
Вовед: 

Социјализација и општествена инклузија на лицата со попреченост и хендикеп е целта на ликовниот едукативен проект  „Уметност за сите“ што Националната галерија на Македонија и Холандската амбасада го промивираа во галеријата Чифте амам и потпишаа меморандум за негово спроведување.

Содржина: 

Проектот НГМ со холандска помош ќе го спроведува во 2018-та и 2019 година. Наменет е за деца од најрана училишна возраст до завршување на средното образование и ќе се одвива во четири циклуси од по три месеци. 

Според Дита Старова Ќерими, директорка на НГМ, институцијата која годинава одбележува 70 години постоење, преку работилници, дебати и организирани посети, „Уметност за сите“ ќе овозможи полесен пристап до културата за децата со посебни потреби од цела Македонија.

- НГМ во рамки на својата програма години наназад во едукативниот сектор реализира проекти наменети за деца од ранливите категории. Големиот број работилници анимираат ученици - деца со различен спектар на попреченост, различна возраст нудејќи можност за социјална инклузија и стекнување нови вештини едуцирајќи ги во културата и уметноста, рече Старова Ќерими. 

Холандскиот амбасадор Вилијам Ваутер Пломп рече дека проектот ја заслужува поддршката поради ентузијазмот и професионалноста на НГМ, како и поради целта на проектот, а тоа е инклузија на социјално ранливи категории како што се децата со аутизам и со попреченост во слухот и во видот. 

- Културата одсекогаш била една од најважните алатки за демократизација на општетството. Изложеноста на културата и уметноста не е привилегија само за некои, туку основно човеково право. Таа носи подобар квалитет на живеење и најдобро од се е средство за поврзување со другите. Се надевам дека со овој проект тоа ќе се овозможи на овие деца и нивните семејства, рече Пломп.  

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски, рече дека развојот на културата на маргиналните заедници е стратешки важен за нашата земја, доколку сакаме да ја постигнеме клучната цел, а тоа е да создадеме општество за сите. 

- Самиот наслов на проектот и неговите цели кореспондираат совршено со новите културни политики на Владата на РМ, Министерството за култура сублимирани и во нашата максима „Култура на сите, односно култура за сите“. Убеден сум дека овој проект, а и другите што ќе следат ќе ја демонстрираат и во практика нашата почит и грижата кон различностите, и нашата сериозна намера да ги адресираме културните права и потреби на посебните, на ранливите и на маргинализираните групи во општетството, рече Алаѓозовски.   

Проектот ќе биде финансиран преку МАТРА - програма на Министерство за надворешни работи на Холандија, отворена за сите земји кои се на пат да станат членки на Европската унија. На крајот од 2019 година проектот ќе биде заокружен со завршна изложба.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Македонската филхармонија ќе ја започне 2018 со Даниел Харитонов

$
0
0
Вовед: 

„Лауреати“ е првиот концерт на Македонската филхармонија во 2018 година. Ќе се одржи на 18 јануари во 20 часот, под диригентство на маестро Даниел Рајскин од Русија, а како солист ќе настапи „чудото од дете“, младиот виртуоз на пијано Даниел Харитонов.

Содржина: 

Роден во рускиот град Јужно-Сахалинск, Харитонов се прослави како еден од најсјајните таленти на 15. Меѓународен натпревар „Чајковски“ во 2015 година, на возраст од само 16 години. Тогаш, како најмлад учесник, неговата триумфална изведба ќе му ја донесе третата награда. Но, публиката е воодушевена од неговиот настап и тој ќе го понесе епитетот „чудо од дете“, а ќе биде наречен и виртуоз со извонредна техника и искрена интерпретација. Ќе го именуваат и како „откритие на 15. натпревар „Чајковски““. Од тогаш неговата кариера рапидно расте. Настапува со престижни оркестри и врвни диригенти.

Харитонов за македонската публика ќе го изведе популарниот и раскошен Концерт за пијано и оркестар бр. 1 од Франц Лист, а на програмата се и атрактивната увертира „Карневал“ од Антонин Дворжак, како и славната Симфонија бр. 2 од Јан Сибелиус.

До крајот на оваа концертна сезона, Македонската филхармонија, како што најавува, ќе реализира уште голем број симфониски концерти со ѕвездени солисти и диригенти, а програмата ќе биде исполнета со сериозни, комплексни, но и атрактивни и инспиративни дела. По „Лауреати“, на 25 јануари ќе се одржи концертот „Моцартовите перипетии“ со маестро Михал Нестерович од Полска зад диригентскиот пулт, додека на 31 јануари публиката ќе може да го проследи концертот „Апотеоза“ на кој под диригентство на маестро Борјан Цанев, како солист ќе се претстави врвниот виолинист Роман Симовиќ од Црна Гора, кој кариерата ја гради во Велика Британија и ширум светот.

Следејќи ја традицијата, и оваа година Македонската филхармонија по повод Денот на вљубените, на 14 февруари, подготвува несекојдневен музички настан. Овој пат насловен „Murder Ballads“, концертот ќе претстави теми од славните Леонард Коен, Ник Кејв, „Портисхед“, Том Јорк, Бјорк, Ненси Синатра, Џони Кеш..., во аранжмани и под диригентство на Џијан Емин. „Вокална магија“ е следниот концерт закажан за 22 февруари, на кој под диригентство на маестро Емил Табаков од Бугарија, како солист ќе се претстави македонскиот баритон Милан Силјанов кој живее и твори во Швајцарија, додека на 8 март е концертот „Женски приказни“ со маестра Елена Митревска зад диригентскиот пулт.

Оваа концертна сезона ќе ја одбележат настапите на уште неколку извонредни македонски солисти . „Мејд ин Маседонија“ е насловот на концертот на кој на 15 март ќе настапи кларинетистот Здравко Ангелов, прв кларинетист во Македонската филхармонија, додека во рамките на фестивалот „Денови на македонска музика“, на 22 март ќе настапи виолинистот Александар Иванов. Виолинистот Ѓорѓи Димчевски, пак, ќе настапи на концертот „Шпанија во срцето“ на 4 април, заедно со маестро Рикардо Касеро од Шпанија, додека дуото виолини Анна и Олег Кондратенко ќе настапат на концертот „Годишни времиња Пјацола/Вивалди“ на 26 април. 

Годинава и Македонската филхармонија се приклучува кон одбележувањето на 100 годишнината од раѓањето на американскиот композитор Леонард Бернштајн, на кој под диригентство на маестро Тимоти Редмонд од Велика Британија, како солист ќе настапи истакнатиот виолончелист Николас Алтштед од Германија на концертот „Бернштајн 100“ закажан за 29 март. „Атрактивната Лисица“ е насловот на концертот на 19 април, на кој ќе настапи популарната пијанистка Валентина Лисица од Украина, а како диригент ќе се претстави маестро Габриел Бебешелеа од Романија, додека на 4 мај ќе биде изведен грандиозниот „Реквием“ од Моцарт, под диригентство на Емил Табаков. Мај ќе го одбележат уште два извонредни концерти - „Север и југ“ со истакнатиот пијанист Евгениј Судбин од Русија и „Нинг Фенг се враќа“ со фантастичниот солист на виолина Нинг Фенг од Кина.

Македонската филхармонија продолжува со реализација и на симфониските концерти за најмладите, како и со камерните концерти кои ќе се одржуваат во малата сала. 

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Џеф Безос - најбогат човек на денешницата според „Блумберг“

$
0
0
Вовед: 

Според новиот индекс на милијардери на „Блумберг“, најбогатиот човек денес, со повеќе од 105 милијарди долари, е Џеф Безос.

Содржина: 

 

Со ова, тој го надмина досега најбогатиот човек на светот, Бил Гејтс, кој никогаш не ја достигал таа бројка на своето конто. Тоа најмногу се должи, како што коментираат познавачите, на неговата добротворна дејност. Официјалните бројки говорат дека од 1996 година досега, Гејтс дал 2,9 милијарди долари во хуманитарни цели. Доколку тоа не беше случај, тој денес „ќе тежеше“ најмалку 150 милијарди долари, според проценките.

Филантропијата на Безос пак, е доста „поскромна“. И тој дарува милиони долари, на пример на Центарот за лекување рак во Сиетл, но и на Универзитетот во Принстон, каде што студирал и ја запознал својата сопруга.

Безос е основач и на компанијата Блу Ориџин, чија долгорочна цел е преместување на тешката индустрија во Вселената, со цел да се намали загадувањето на планетата Земја. 

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

IN MEMORIAM: Почина Мирослав Стојановиќ - Шуки

$
0
0
Вовед: 

Вчера ненадејно почина Мирослав Стојановиќ - Шуки (Ниш, Србија, 22.4.1963 - Скопје, 10.1.2018), академски сликар, мултимедијален уметник и активист.

Содржина: 

Дипломирал во 1990 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на проф. Ристо Калчевски.

Изложува од 1990-те години при што реализира повеќе самостојни изложби во Македонија и учествува на бројни групни изложби во земјава и во странство (Марибор, Ротердам, Будимпешта, Битола, Санкт Петерсбург, Истанбул, Белград и др).

Членувал во групата ЗЕРО, и бил долгогодишен член на Извршниот Комитет на ЦИВИЛ и директор на организациската единица за општествено-политички одговорна и критичка уметност и култура ЦИВИЛ Арт.

Мирослав Стојановиќ - Шуки е познат на македонската јавност по своите оргинални и моќни дела во повеќе различни медиуми (цртежи, слики, инсталации, перформанси) во кои неговото гледање на човекот и светот отвора нови страници на човековото сфаќање за постоењето, за ништожноста и за внатрешната потрага по смислата.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Ќе се реконструира Офицерскиот Дом во Битола.

$
0
0
Вовед: 

Министерот Алаѓозовски оствари работни средби со раководства на институции од културата во Битола и Ресен, на кои беше информиран за активностите и реализацијата на програмите од нивна надлежност.

Содржина: 

На средбата во Националната установа Завод и Музеј-Битола, Алаѓозовски соопшти дека министерството ќе преземе конкретни мерки за спречување на понатамошното руинирање на Офицерскиот Дом во Битола.

- Како што е познато Владата на Република Македонија обезбеди почетни 10 милиони денари за реконструкција на објектот. Надлежна институција што ќе треба да направи категоризација на овој објект од нашето културно наследство е НУ Завод и Музеј-Битола и тие таа обврска ќе ја исполнат, а понатаму ќе следува ревалоризација на изведбениот проект и следните фази. Очекуваме во 2018 година да се изврши заштитата на објектот, а потоа фазно целата реконструкција на објектот кој е даден во сопственост на општина Битола ќе може да биде употребен како јавен културен простор од интерес на сите граѓани на Битола за што конечна одлука низ јавна дебата ќе одлучат стручни лица и граѓанските организации од овој град, изјави Алаѓозовски и потврди дека процедурите за реконструкција на објектот се во завршна фаза и затоа веднаш ќе се пристапи кон спречување на понатамошното руинирање на Офицерскиот Дом во Битола. 

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

„Никсон“ часовници за луѓе со разни стилови

$
0
0
Вовед: 

Покрај специјалните колекции часовници, како што се оние со мотиви од научно-фантастичната сага „Војна  на ѕвездите“ или линијата „Санта Круз“, американскиот производител „Никсон“ нуди можност купувачите да нарачаат часовник како што им одговара, според големината, бојата и дополнителните мотиви.

Содржина: 

Многубројните соработки со врвни спортисти и уметници, изродија безброј фантастични колекции од брендот, како што се - Fierce,  Cross Hatch, Café Racer, Concrete Canyon, Pendleton, RSVP, Manuka и Poisoned Ivy.

Изборот е голем - традиционални, класични, модерни, ретро, спортски, футуристички, екстравагантни модели наменети за т.н. милениумска генерација - луѓе родени кон крајот на вториот милениум, но и за останатите. 

„Никсон“ часовниците се изработуваат во САД, Швајцарија и Јапонија.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Народни благослови

$
0
0
Вовед: 

Од народните умотворби засновани врз верувањето во магиската моќ на зборот посебно внимание заслужуваат благословите и клетвите. Тие потекнуваат од дамнешните времиња кога човекот верувал дека со магиски формули може да се насочува човековата судбина во позитивна или негативна насока.

Содржина: 

Со верувањето во моќта на магискиот збор благословите, како и клетвите се магиски формули. Но за разлика од клетвите кои содржат зла коб, желба да се случи несреќа, благословите се движат во спротивна насока, ја содржат желбата да се случи нешто убаво. Благословите според формата се блиски до пословиците и поговорките, а според пораката што ја содржат се доближуваат до баењата.

 

Во многуте изминати векови овие народни умотворби примиле многу елементи од христијанската религија и ги задржале до денес. Затоа денес оние што кажуваат благослови се повикуваат на Исус, Богородица или на некој светец да дејствуваат во правец на нивно остварување. Често на почетокот или на крајот на благословот се додава: „Да даде Господ. Да даде Господ златен и Богородица“, „Да даде Свети Никола“, „Да даде Свети Ѓорѓија“ итн. Сепак во основата на благословот останало старото паганско верување.

 

Аирлија да ви е радоста.

Аирлија да е саатот.

Аирлија да ни се муабетите, здравје и живот да ни даде Господ и на нас и на сите браќа. Некој бериќет да истури Господ и некоја слободија, да рече сполај му.

Аирлија нека е, лели сте ја направиле аирлија.

Аирлија нека е муабетот. 

Аирлија да е севтето.

Аирот да и го видиш на стоката.

Ај и за свадба да пазариш (да викаш).

Аирлија да ви е радоста. – Амин брате, и на ваша куќа.

Аирлија да ти е полазо; од тебе севте, од Госпо бериќет.

Аирлија да ти е севтето!- Ајде така нека е, од мене сефте од Госпо бериќет.

Аирлија пазар, со пари аз’р. - На шака така се благошава кога да нема пазар.

Аирлија и за многу години да ни е коматов. Да ни е здрав и вековит домаќинот.

Аирлија да е, до година да му месеме комат!

Аирот да му видиш (на коња, на стоката и др.)

Ај в година Госпот да ве донесе со цело јагне. – На жена што на манастир однесла петел.

Ај Господ нека ми те блаосои, синко и ум и разум да ти даит.

Ајде аирлија, да се ќердосаат, сватство и родство да ни е довека. - На свршувачка.

Ајде Боже поможи. Да даде Господ со здравје да се кине... Бел да и е Векот на Нешка и тој на нејзината друшка... Да биде Бела и црвена Нешка... да си го ќердоса златниот венец што ќе го носи како невеста.

Аирлија да ви е радоста, еднуш за век, да се ќердосаат, пак на помали да си исчекате. - На свршувачка.

Аирлија да ни е идењево, за век да ни е, за добро идење. - На свршувачка.

Ајде аирлија да ви е, ја на многу места сваќа сум месила, да видиме мене кој ќе ми месит. – Аир да имаш и ти да си исчекаш. - Благослови на свадба при месењето на сваќата - обреден леб.

Ајде и на ваши глави. - На свадба.

Ајде и на твоја глава, синко. - На свадба.

Аирлија да ни је, да ни се вечни младоженците. - Благослов при пристигнувањето на сватовите во куќата на невестата.

Ајде да е аирлија! - вели продавачот кога ќе направи сефте, кога ќе ги земе парите од првиот купувач, при што ги пушта на земја.

Ајде за многу години,

кај што помина чесен крст

да е чесно бериќетно,

кај се крмит да се плодит,

кај се орат да се родит,

по полето вино, жито,

по планина мед и млеко.

Господ да не чува од лошо,

да се ранат сиромаси,

сиромаси, сирачиња,

и в година д’ивчекаме. - Благослов на кумот на Водици.

Ајде да е живот и здравје. - Велат кога нешто за прв пат јадат, особено некаков плод,

Ај како е Госпо не е никој. - Кога му се плачи еден на другио, правиот гајрет му дава.

Ај да си ми блаосоен. - Овој блаосолов се дава и од поп и од мирјанин, кога му се прогори на попо некој убав збор, али да му се направи некоја шака, тогај тој ќе му речи:

- Ај да си ми блаосоен, бре чоече, што ме насмеа.

Другио блаослов се дава од попо кога ќе му рече мирјанино:

- Блаосој не, оче!

- Да си ми блаосоен, рисјанине!

Ај да ве однесе Господ на поголем град. - На лица што се враќаат од прошетка до некој близок град.

Ајде и на голема радос да исчекаме. - Во свршуачката кога да го свршат некое момче али мома, и ќе се врзат подолго време за свадбата, тогаш така ќе се блаошава.

- Ајде така да речи Госпо, да исчекаме и на ваши куќи! Ајде и на наши куќи да ни даи Госпо ваква радос, али и на ваши куќи!

Ајми со здравје, Господ да те чува.

Ајде нека ви е радоста аирлија, и еднаш страмно за веко, и здравица ви.

Ајде нека речи Госпо да сме здрави, та лесно ќе испостиме Великоите пости.

Ајде нека речи Госпо да сме здрави и живи и да дочекаме вакви дни и догодина.

Аирлија да му е (да ти е) р’ката.

Ај Боже поможе, среќан д’н нека е, Господ бериќет нека дава и нека ни е на помоќ. - Благослов на тргнување на орање при започнување на есенската работа.

Ај Боже поможе, нека ни е л’сна работа и нека даде Бог да се роди бериќет. - Благослов на нивата при започнувањето на есенската сеидба.

Ај да се роди чисто жито како злато (сребро). - Благослов на започнување на есенската сеидба на нивата.

Ајрлија работа.

Ајр да имаш.

Ајр и бериќет да имаш.

Ајр да прајш (да чиниш).

Ако испаѓаш со срце, ќе те ослободи Госпот. - На човек кој оди во туѓина.

Ако сака Госпо да го благослови бериќето, ако не врни па ни се стори. - Божи благослов кога да има и во снопо го умножуа.

Ако сака Госпо, сполај му, зимото лето го праи.

Ако сме ние сиромаси, Госпо ни е богат.

Алав да му е мајчиното млекце.

Алаверс’н, алаверс’н. - Кога се вали некој со нешто оти има другио ќе му вели: Дај Боже, да имаш, дај Боже.

Алаверс’н јамур јас’н. (Да даеше Госпо дош да заврни). - Кога го блаошава некој некого со некое добро да му даит Госпо, што не бидуат, тогаш ќе му речи таков блаосов.

Ама арен бериќет даде Госпо, сполај му нему. –У Бога се има, сполај му.

Амин дај Боже и Света Неделичка денешна.

Амин, амин Боженце златен, така нека биде.

Амин, амин, мили мајчички, мили сестрички, чул ве Господ.

Амин брате, амин и со здравје да си ги јадиш парите.

Ангело да ти седи на рамена и од лошо да те чуа.

Арно да видиш.

Арангел да ти поможит.

Арното те фатило (во вид на клетва се употребува овој благосдлов).

Аљ работаше пилето? – Работаше, дури по гората ја разлеваше. – Аљ го чувте? – Го чувме. – За многу години (да би го слушале). - Вака се прашајет и одговарајет помеѓу себе тије шчо одит на рашеток да го слушајет пилето (кукавицата) и тије шчо се враќајет од рашеток.

Без Божја помош да не останеш.

Биди благословен.

Бериќет Бок ти дал.

Блазе оној што может да си проживит.

Бог да ве (му, ги) поживи. - На добри деца.

Бог да го наврти на добро. - На лош човек на кого се сомневаат да не направи некое зло.

Бог да го прости татка, што ни остави бапка.

Бог да го прости. -На мртво или на задушница.

Бог да те милуе сос некое машко дете. - На женет што прави услуга на некоја стара жена.

Бог да те пази од зло нечисто. - На човек кој зборува дека очекувал некое добро, а излегло зло.

Бог да те пази од лоши комшии. - На човек кој се плачи од зли соседи.

Бог да те пази од ушурлија човек. - На човек кој се плаче од зол човек кој е и сакат. Од верувањето дека „ушурлија“ човек е „угурсуз“ човек.

Бог да те чува от исцрпан човек.

Бог да те (го) чува (човека) от куќен арамија.

Бог да те чува од лоша среќа. - На човек кој се жали дека го спопаднала несреќа.

Бог да ти даде едно девојче црнооко од дванајсе години. - На млад човек кој и направил услуга на стара жена.

Бог да ти наврти добра среќа. - На некој што го чести некого со ракија или кафе.

Бог да ти поживи децата. - На тој што дава милостиња на просјаци.

Бог да ти пази стоката. - Т.е. живата стока, говедата.

Бог да ти поможе. - На човек кој искажува некаква намера за некоја важна работа.

Бог да ти чува здравјето.

Бог милост да ви даде.

Бог да ми те оздравее. - На болен од нога кој се жали на стара жена.

Бог да ми те избави. - На слуга кој се жали на положбата.

Бог да те чува од ненадејна смрт. - Т.е. не ќе имаш време да кажеш со кого имаш земање-давање. На човек кој се плаче дека од голема мака ќе умре.

Бог да те чува да умреш без да се мачиш. - Во таков случај си одиш во небесниот свет неослободен од греовите каде што ќе ги искупуваш.

Бог среќа да ти дава.  

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Делчевски Ѕвегор спремен за обичајот под маски Ѕвегорска Сурова

$
0
0
Вовед: 

Делчевски Ѕвегор и ѕвегорските суроваскари подготвени да запишат уште едно издание на традиционалниот обичај под маски Ѕвегорска Сурова.

Содржина: 

Театарот на отворено со свадбарската поворка и благословите за сурова, здрава Нова година, ќе се одржи онака како што е оставено во аманет, на 14 јануари, Василица. Организаторите на обичајот истакнаа дека годинава ќе има 70 маски, а младите ѕвегорци ќе го имаат главниот збор на обичајот под маски.

- Маските ги подготвуваме цела година. Купуваме нови, ги обновуваме старите. Но кај нас е најважно да доловиме на хумористичен начин свадбена поворка. Главни маски ни се невестата и зетот, потоа белаците кои ја чуваат невестата да не биде предвреме откриена, старците, мечката и многу други. Веселата дружина има обврска да ги посети сите домови од селото да ги благослови со Сурова и здрава Нова година, вели Драган Атанасовски.

Дејвид Налбатски, кој е кум на годинешната Сурова истакнува дека со поддршка на Општината и на фирмите од Делчево, обезбедено е се што е потребно за богата прослава на Ѕвегорската сурова.

- Ние ги покануваме сите граѓани од регионот и пошироко, да дојдат во Ѕвегор , да бидат дел од нашата прослава, односно од театарот на отворено кој ја багословува новата година, рече Налбатски.

Обичајот под маски во делчевски Ѕвегор е уникатен по многу нешта и често од етнолозите именуван како Пијанечко Вевчани. Ако во цел Пијанец, децата и младите во најразлични маски ги посетуваат домовите вечерта спроти Василица. Во Ѕвегор обичајот се одвива преку ден, на самиот ден на Василца. Тоа останало така од дамнина, поради тоа што селото некогаш било турско, објаснува професорот по историја во пензија, Стевчо Манасиев.

- Адетот е одамна, постои со векови и тој значи посакувања за Среќна нова година. Тоа е театар на отворено, суроваскарите се актерите, а селото е театарот. Јас сум посебно среќен што последниве години младите активно се вклучуваат во организацијата на обичајот што значи дека живото наследство продолжува, вели Манасиев.

Живото наследство под маски во Пијанец, олицетворено преку Ѕвегорската Сурова, не е единствено во регионот. Во Малешевијата на денот на празникот посветен на Св. Јован Крстител се одржува малешевскиот карневал Ратевски бамбурци. За етнолозите магиските и практичните обреди од Божиќ до Водици за време на некрстените денови, имаат длабоки корени во обичаите и традициите на овдешното население. 

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Охрид се подготвува за Богојавление - Водици

$
0
0
Вовед: 

Охрид ги привршува подготовките за најмасовната верска манифестација во земјата - традиционалното фрлање на Светиот крст и осветувањето на водите на Охридското Езеро по повод православниот празник Богојавление - Водици.

Содржина: 

Осветувањето на езерските води и фрлањето на светиот крст ќе биде во 10 часот кај Градското пристаниште. На фрлањето на крстот ќе му претходат утрински богослужби од часот, а од 8:30 започнува свечената литургија во сите парохиски цркви, по што литиите поаѓаат кон пристаништето во Охрид. 

Илија Ристески од МПЦ појасни дека пријавувањето за фаќањето на крстот ќе започне од 15 јануари во црквите Света Богородица - Каменско, Свети Ѓорѓи, Св.Никола во Долна Влашка маала и Св.Никола-Геракомија, а секој од оние што ќе влезат во водите на Охридското Езеро добива и маица како подарок од Дебарско - кичевската епархија и Локалната самоуправа. Тој додаде дека на самиот ден Богојавление и оваа година точно на пладне на Сараиште де се одржи и масовно крштевање во осветените езерски води.

Љупчо Грданоски, претседател на општинското Кординативно тело за организација на празникот „Водици“ рече дека во тек се финалните подготовки за празникот, украсувањето на централното градско подрачје, уредување и расчистување на просторот, како и чистење на езерското дно каде ќе влегуваат верниците во водата.

- Се надеваме дека и оваа година ќе имаме масовна посетеност, а ние како организациски одбор ќе сториме се за целата манифестција да мине во најдобар ред, рече тој.

Прославувањето на Водици во Охрид продолжува и на 20 јануари со Денот на рибарите поточно прославувањето на празникот Свети Јован Крстител. Тој настан ќе биде проследен со богата забавна програма, приготвување на рибна чорба, како и пача, греана ракија, вино, плашици за сите гости. Станува збор за уникатна манифестација - традиционалното капење на рибарите со што своевремено се означуваше крајот на забраната за риболов за време на зимскиот мрест.

Празнувањето по повод верските празници Богојавление и Свети Јован Крстител во Охрид е една од најмасовните црковно-верски манифестации во православието, барем во овој дел од светот, како според бројот посетители на чинот на осветувањето на водите на Охридското Езеро, така и според бројот верници и гости кои влегуваат во студените езерски води за да го фатат Светиот крст.

Празникот Богојавление е поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од Свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител, а фаќањето на крстот означува соединување на човекот со Христа. Toj важи за еден од најголемите христијански празници. Со него завршуваат 12-те т.н. некрстени денови и циклусот зимски празници како Бадник, Божик, Нова Година (Василица) и други. На Богојавление на полноќ се верува дека се отвора небото, се појавува Бог, а луѓето му се обраќаат за да им ги исполни нивните желби. Во тој миг водите престануваат да течат и стануват лековити.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Изложба на ликовните педагози Владимир Лазоски и Харалампие Манчев

$
0
0
Вовед: 

Во Кинотеката на Македонија беше отворена изложба на дела од Владимир Лазоски и Харалампие Манчев, организирана од Здружението на ликовни педагози на Град Скопје и Детскиот ликовен центар кој е во состав на Кинотеката. 

Содржина: 

Лазоски учествува со дваесетина слики изработени во акрил од циклусот „Сонување“, а Манчев на изложба „Форми во боја“ се претстави со 12 скулптури во обоено дрво.

Со овој вид уметност Манчев се занимава 15-ина години и работи со различни возрасни категории - од деца во градинки до студенти.

 

- На изложбава гледав да се претставам со нешто што може да ги привлече децата од предучилишните установи и од основните и средните училишта, рече Манчев.

Неговиот колега Лазоски за насловот на циклусот слики „Сонување“ истакна дека секој човек сонува и на свој начин има видувања кои ги претставува или преку музика, театар или со четката.

Тој е во пензија, а 40 години бил наставник по ликовно образование во ОУ „Кочо Рацин“ во Скопје. Во четириесетте генерации деца на кои им предавал имало талентирани кои продолжиле на академија, а меѓу нив има, рече, и познати ликовни уметници. - Со мојот труд сум ставил нешто, едно мало камче во мозаикот на уметноста, додаде Лазоски. 

 

Нивната изложба во галеријата на Кинотека ќе биде поставена до 25 јануари, а денеска ја отвори в.д. директорот на Кинотеката Владимир Ангелов.

- Ќе употребам филмска конотација за овие двајца уметници. За мене тие се како Бетмен и Робин.  Се поддржуваат, работат и некогаш знаат и да се скараат, но ликовните дела и организирањето проекти секогаш ги прават на највисоко професионално ниво, рече Ангелов за двајцата ликовни уметници и педагози.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Четкар со септет од познати македонски музичари во Станица 26

$
0
0
Вовед: 

Kонцертна свирка (Градска сесија бр.8) на македонскиот џез и фанк гитарист Владимир Василевски – Четкар на 17 јануари со почеток во 21:30 часот во ноќниот клуб „Станица 26“. 

Содржина: 

Тој за првпат ќе настапи во Македонија со септет, составен од познати македонски музичари како: Ѓоле Максимовски на бас, Филип Стевановски на тромбон, Борислав Веселинов на тенор саксофон, Демир Катуровски на труба, Виктор Филиповски на тапани и Гордан Спасовски на клавијатури.

Четкар, кој живее и работи во Њујорк, а настапува низ целиот свет и досега има настапувано на сите светски релеватни џез фестивали и клубови, не сака да го скрие големото задоволство што настапува на домашен терен со извонредни македонски музичари:

„Го познавам добро тимот кој стои зад „3Гонга“ и знам дека станува збор за исклучителни познавачи на музиката, кои работат со голема посветеност и љубов. Има голем ентузијазам и кај мене и кај нив за оваа наша соработка и воопшто не се сомневам дека ова ќе биде еден прекрасен концерт. Досега во Македонија најчесто сум настапувал со секстет, квартет или трио, а ова ќе биде за првпат да настапам тука со септет. Ќе свирам своја авторска музика и аранжмани од моите два албума, а ќе отсвирам и неколку композиции, кои оваа година ќе се најдат на мојот трет студиски албум“,вели Четкар.

Инку, Владимир Василевски има завршено музичка продукција, аранжман и џез гитара на престижниот Беркли колеџ во Бостон, САД. Дипломец е на отсекот за современо пишување и продукција. Иако гитарата е неговиот избран инструмент, својата првична музичка наобразба ја започнал како виолинист и ова знаење многу му има помогнато подоцна, бидејќи денес една од неговите аранжерски специјалности е токму аранжирање за гудачки секциии.

Како автор и продуцент на својата музика, Четкар има огромен круг музичари од целиот свет со кои соработува. Постојано свири со нови музичари од различни краишта на светот и со самото тоа неговата музика секогаш звучи свежо и има разнолик шарм.  

 

Музика на Четкар е дистрибуирана и промовирана во повеќе земји и тоа за најпознатите музички куќи во светот за џез, фанк и соул како P – Vine Records (Пи Вајн Рекордс) и BBQ Records (Би Би Кју Рекордс) во Јапонија, Warner Music Korea (Ворнер Мјузик Кореа) и C&L Music (Си Енд Ел Мјузик) во Јужна Кореа, Hitman Jazz Records (Хитмен Џез Рекордс) во Тајланд и Југоисточна Азија, Soul Brother Records (Соул Брадер Рекордс) и Expansion Records (Експанжн Рекордс) во Англија, Newtown records (Њутаун Рекордс) во Австрија/Германија, Surya Records (Суриа Рекордс) и Diamond Records (Дајамонт Рекордс) во Италија...

Воведна слика: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 
Viewing all 4807 articles
Browse latest View live
<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>