Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all 4807 articles
Browse latest View live

Лекари во Канада протестираат бидејќи се премногу платени

$
0
0
Вовед: 

Повеќе од 700 канадски лекари, меѓу кои 213 од општа пракса и 184 специјалисти, потпишаа отворено писмово кое се противат на зголемувањето на нивните плати, што неодамна беше издејствувано од синдикатите.

Содржина: 

Тие бараат парите предвидени за зголемувањето на нивните плати да се вратат во здравствениот систем, оценувајќи дека така ќе бидат многу подобро искористени.

„Желба ни е да се задоволат потребите на нашите пациенти и да се насочат за експлоатираните и недоволно платени колеги“, наведуваат лекарите во писмото.

„Овие зголемувања се уште пошокантни, бидејќи нашите медицински сестри, службеници и други професионалци се соочуваат со многу тешки работни услови, додека нашите пациенти живеат со недостиг на пристап до потребните услуги поради драстични намалувања во последниве години и централизација на моќта во Министерството за здравје ", се вели во писмото.

„Очигледно, единствено нешто што е имуно на кратење се нашите плати“, се жалат лекарите од Квебек во писмото кое беше потпишано минатата недела, но денеска објавено во канадските медиуми.

Според неодамна постигнатиот договор, околу 10.000 медицински специјалисти на Квебек ќе имаат зголемување на платата, во вкупна вредност од сегашните 4,7 милијарди долари на 5,4 милијарди долари во 2023 година, што претставува зголемување на платите од 1,4 отсто секоја година.

Податоците собрани од канадскиот Институт за здравствени информации покажуваат дека во просек, специјалистите во Квебек заработуваат 403.537 канадски долари годишно.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Награда од пет илјади долари за украдена графика од Пикасо

$
0
0
Вовед: 

Полицијата во Милвоки, најголемиот град вo американската сојузна држава Висконсин, понуди награда од пет илјади долари за информација која би довела до пронаоѓање на украдено дело на Пабло Пикасо.

Содржина: 

Станува збор за оргинална графика на Пикасо од 1949 година која лани била украдена од галерија во Милвоки. Нејзината вредност се проценува на 50 илјади долари.

Пикасо има нацртано само 30 графики и секоја од нив е потпишана со зелена боја во десниот долен агол.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Саем за вработување и кариера за студенти на БЕСТ Скопје

$
0
0
Вовед: 

Саем за вработување и кариера Job fair ќе се одржи денеска во техничкиот факултетски кампус во Скопје.

Содржина: 

Целта на саемот е поврзување на студентите и компаниите кои во иднина можат да бидат нивни работодавачи.

Најавени се најразлични обуки и презентации, можности за разговар со претставници на водечки компании во Македонија како и информации за студентски пракси, стипендии и за потребниот работен кадар.

Саемот е во организација на БЕСТ Скопје, невладина организација на студенти.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Велимир Жерновски учесник во проектот West Balkan Calling

$
0
0
Вовед: 

Уметникот Велимир Жерновскисо свои креации е претставен на изложба во Грац која е дел од проектот „Западниот Балкан повикува" (West Balkan Calling), во организација на Центарот за современа уметност „Ротор“ беше отворена на 9 март. 

Содржина: 

Жерновски, кој подолго време соработува со центарот „Ротор“, се претстави со постери, фотографии и скулптура со кои го искажа своето уметничко видување на современите случувања во Македонија, соопшти Амбасадата на Република Македонија во Австрија. Центарот „Ротор“ се наоѓа во Грац, вториот по големина град во Австрија.

Основан е во 1999 година и е специјализиран за современа визуелна уметност која третира исклучиво социјални, политички, еколошки и економски теми. Во рамки на проектот „Западниот Балкан повикува", „Ротор“ воспостави мрежа за соработка со голем број сродни институции во Централна и Југоисточна Европа, за иницирање и интензивирање на нивната соработка. Особено внимание притоа се придава на програмата „Размена и престој на уметници", во која уметници од земјите од регионот на Западниот Балкан престојуваат одреден период во други средини каде творат и разменуваат искуства со локални уметници.

Изложбата во Грац ја отвори директорката на центарот „Ротор“ Маргарете Маковец, а на отворањето присуствуваше и Василка Попоска-Треневска, амбасадор на Македонија во Австрија.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Изложба на учениците од „Јосип Броз Тито“ во Мала станица

$
0
0
Вовед: 

Вечерва во објектот Мала станица, при Националната галерија на Македонија ќе се одржи традинационалната групна изложба на учениците од скопската гимназија „Јосип Броз Тито“...

Содржина: 

Вечерва (12 март) ќе се одржи 21-та изложба на учениците од Меѓународна Матура при гимназијата „Јосип Броз Тито“. На истата ќе се претстават 19 ученици:

Сандра Ангеловска

Дафина Андонова

Борјана Балова

Теодор Граматниковси

Данило Димитриевски

Живко Дуев

Бојана Ѓорѓиева

Анастасија Јовановска

Катја Кочишки

Михаил Насковски

Филип Наумовски

Ерина Николова

Марија Пољакова

Дамјан Самарџиевски

Сергеј Сарчевски

Маргарита Ташулова

Тијана Тројнко

Јана Трбогазова

Филип Цветков

 под менторство на професорката Ангелина Дамјаноска Наумоска.

Отворањето на изложбата е на 12ти март, во 19:00 во „Мала Станица“, а ќе биде отворена за посетители до 15ти март.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
Galerija: 
додади слика: 

Промовирана македонската евровизиска песна (Видео)

$
0
0
Вовед: 

Македонската радио-телевизија ја промовираше песната со која групата Ај Кјуќе ја претставува Македонија на Евровизискиот фестивал на 8 мај во Португалија.

Содржина: 

Автор на музиката и на текстот на песната Lost and Found e Бојан Трајковски, а аранжанот и продукцијата се на Дарко Димитров.

Истовремено беше промовиран и видео-спотот за песната на Eye Cue, чиј режисер е Јован Куциновски.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

На денешен ден: Почина Вања Лазарова

$
0
0
Вовед: 

На денешен ден, 12 март 2017, почина Вања Лазарова, вокален интерпретатор и музичка легенда...

Содржина: 

На 86-годишна возраст, во Скопје, почина доајенот на македонската народна песна Вања Лазарова Димитрова. 

„Параходот замина“, „Легнала Ѓурѓа на рамно гумно“, „Со маки сум се родила“, се само некои од многуте македонски изворни народни песни што ги испеа Лазарова. Најголемиот дел се снимени во продукција на МРТ. 

Извесно време работеше во Операта при МНТ, а била членка и на Државниот ансамбл на народни игри и песни „Танец“. Настапувала на голем број концерти на повеќе континенти, а пеела и во Алберт Хол во Лондон пред британската кралица Елизабета Втора и премиерот Винстон Черчил. 

Има голем придонес и во соработката со групата „Анастасија“ за музиката во филмот „Пред дождот“ кој во 1994 година освои „Златен лав“ во Венеција. Впечатливиот глас на Вања Лазарова ќе остане дел од македонското музичко наследство. 

Вања Лазарова беше родена на 27 април 1930 во село Страцин, Кратовско.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

„Црниот Пантер"заработи милијарда долари за помалку од месец

$
0
0
Вовед: 

Филмот „Црниот Пантер"во кино салите ширум светот заработи над една милијарда долари, и тоа за помалку од еден месец, односно за 26 дена.

Содржина: 

Станува збор за петтиот филм од серијата на Марвел суперхероите, кој ја надмна таа сума. Главната улога ја толкува Чедвик Бозман, кој го глуми кралот на Ваканда - замислена африканска нација која ја поседува најнапредната технологија на Земјата.

Покрај Бозман, во другите улоги се појавуваат и оскаровката Лупита Њонго, Мајкл Б. Џордан и Даниел Калуја, додека пак Мартин Фриман го глуми агентот на ЦИА, Еверет Рос.

Филмот доби високи оценки и се смета за пресвртница во филмската индустрија. Посебни пофалби доби од поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, поради поголема застапеност на африкански и афроамерикански актерски екипи, вклучени во проектот, меѓу кои е и режисерот Рајан Куглер.

- За мене тоа е како ѕид кој се урива. Ниту едно студио во иднина нема да може да каже „’Црните филмови‘ не ја минуваат границата, интересот  преку океанот е минимален", изјави критичарот Џеф Бок за „Њујорк Тајмс“.

Според ИМДБ, се наведува дека досега 32 филма успеале да ја надминат оваа сума, меѓу кои и „Џејмс Бонд: Операција Скајфол" (2012 година), „Убавицата и ѕверот" (2017). и Дизниевото „Замрзнато кралство".

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Листа на 10 најдобри документарци на сите времиња

$
0
0
Вовед: 

Ова е листата на десетте најдобри документарци на сите времиња... 

Содржина: 

Критичарите кои оценуваат филмови на интернет страницата „Ротен Томејтос“ составија листа од најдобри документарци на сите времиња.

10. „Убиствена топка“ - Murderball (2005)

Приказната е за квадриплегичарите кои во ортопедски колички играат рагби и совладуваат неверојатни препреки, со цел да учествуваат на параолимписките игри во Атина.

9. „Црна риба“ - Blackfish (2013)

Тука темата е ловот на китовите убијци и опасностите кои ги носи таквиот живот, како за китовите, така и за луѓето.

8. „Кула“ - Tower (2016)

Анимација, сведоштва и архивски снимки раскажуваат за случувањата од 1 август 1966 година, кога вооружен маж отвори оган од кулата-часовник на Универзитетот во Тексас и уби 16 лица.

7. „Такси до темната страна“ - Taxi to the Dark Side (2007)

Алекс Гибни открива застрашувачки детали за методите при сослушување и мачењето од страна на тајните служби на САД за време на војната во Авганистан.

6. Вајнер - Weiner (2016)

Во овој документарец се раскажува за кампањата на Ентони Вајнер за градоначалник на Њујорк и денешната политичка состојба во градот.

5. „Последниот валцер“ - The Last Waltz (1978)

Документарецот го следи последниот концерт на групата „Бенд".

4. „20 Стапки од ѕвездите“ - 20 Feet From Stardom (2013)

Приказна за придружните вокали кои живеат точно во сенката на рефлекторите. Гласовите кои ги придружуваат некои од најпознатите светски ѕвезди, живеат во речиси целосна анонимност.

3. „Животот сам по себе“ - Life Itself (2014)

Филм за животот и кариерата на познатиот филмски критичар и општественик Роџер Еберт.

2. „Човек на жица“ - Man on Wire (2008)

Приказна за Филипе Пети и неговото одење по жица меѓу кулите на Светскиот трговски центар во Њујорк во 1974 година. Овој настан некои луѓе го сметаат за уметничко злосторство на векот.

1. „Јас не сум твој ’Негро‘“ - I Am Not Your Negro (2017)

Сценаристот и писател Џејмс Болдвин ја раскажува приказната од својот недовршен роман „Remember This House"за современото американско општество. Оценка од критичарите: 98/100. Оценка од публиката: 84/100.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

„Made in Macedonia“ симфониски концерт на Македонската филхармонија

$
0
0
Вовед: 

„Made in Macedonia“ е насловот на претстојниот концерт на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи овој четврток (15 март) во 20 часот. 

Содржина: 

 

Како солист ќе се претстави еден од најдобрите македонски кларинетисти, Здравко Ангелов, прв кларинетист во Македонската филхармонија, кој ќе го изведе Концертот за кларинет и оркестар бр. 1 од Лудвиг Шпор.

Диригент на концертот е нашиот маестро Борјан Цанев, а на програмата оваа вечер се и делото „Лет“ од австралискиот композитор со македонско потекло, Мајкл Бакрнчев, како и познатата Симфонија бр. 41 „Јупитер“ од музичкиот гениј Моцарт.

__________________________________

Здравко Ангелов (1978, Струмица) е еден од најистакнатите македонски кларинетисти. Своето музичко образование го започнал на седумгодишна возраст, а средното образование го завршил во ДМБУЦ „Илија Николовски–Луј“ во Скопје, во класата на проф. Стојан Димов. Дипломирал во 2000 година во класата на проф. Иван Кочаров и магистрирал во 2012 година во класата на проф. Стојан Димов на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Повеќе од 11 години е вработен како прв кларинетист во оркестарот на Македонската филхармонија. Во неговото работно искуство се вбројува и педагошката работа во ДМБУЦ во Скопје, како и двегодишното искуство како надворешен соработник во Македонската опера и балет. Во текот на својата досегашна музичка кариера, Здравко Ангелов се стекнал со бројни признанија и награди, меѓу кои: прва награда во Скопје (1989) и истата година трета награда во Хeрцег Нови, прва награда со камерен состав – трио во 1992 година, а во 2000 година ја освоил специјалната награда „Јамаха“. Настапува како солист со симфониски оркестри во нашата држава и надвор од неа, но и како камерен музичар, а воедно е постојан член на Камерниот ансамбл „Консонанс“. Учесник е на значајни фестивали, како што се „Скопско лето“, „Охридско лето“, „Интерфест“ – Битола“, „Штипско лето“, „Денови на македонска музика“, „Номус“, „Бемус“, а концертно настапувал и во Црна Гора, Словенија, Србија, Бугарија, Хрватска, Оман, Америка... Исклучителната музикалност и посветеност на Ангелов е препознаена од многу светски имиња кои сведочат за прекрасната атмосфера која тој ја создава со своето музицирање. Настапувал под палката на исклучителни диригенти како што се Даниел Рајскин, Урош Лајовиц, Јерухам Шаровски, Владимир Ашкенази, Јануш Пшибилски, Антон Нанут, Пол Меер, Емил Табаков, Борјан Цанев, Саша Николовски–Ѓумар... 

 

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

На денешен ден: Почина Димитрие Османли

$
0
0
Вовед: 

На 13 март 2006 година, во Скопје почина Димитрие Османли, македонски филмски, театарски и телевизиски режисер...

Содржина: 

На 14 март 1952 година Османли станал првиот македонски дипломиран режисер, а со реализацијата на филмот „Мирно лето“ (1961 година) станал и првиот македонски режисер на игран филм, а воедно и автор на првата македонска ТВ драма „Домот на мојот татко“ и на првиот ТВ филм „Враќање во рајот“.

Османли бил прв декан на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Неговиот творечки опус е мошне богат и за тоа добил многубројни уметнички и општествени награди и признанија.

Роден бил во Битола на 29 мај 1927 година.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

На денешен ден: Почина Бошко Смаќоски

$
0
0
Вовед: 

 

На денешен ден, 13 март 1998 година во Скопје починал Бошко Смаќоски, македонски писател... 

Содржина: 

Од обемното книжевно дело на Смаќоски ќе ги споменеме првата поетска книга „Мајски ѕвончиња“, објавена во 1959 година и последната „Лето господово, лето ѓаволово“, објавена во 1998 година.

Своите писателски дарови ги споделил повеќе децении како автор на бројни радиотелевизиски проекти на МРТВ.

Роден бил во селото Модрич, Дебарско, на 18 септември 1938 година.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

На денешен ден: Почина Петар Мазев

$
0
0
Вовед: 

 

На денешен ден, 13 март 1993 година во Скопје почина Петар Мазев, македонски академски сликар, еден од најпознатите уметници на 20-от век во Македонија, претставник на експресионизмот во Македонија...

Содржина: 

Завршил Академија за ликовна уметност во Белград, 1953 година. Бил член на групата „Мугри“. Професор на Архитектонскиот факултет, Скопје. Петар Мазев е еден од главните иницијатори за формирањето на Факултетот за ликовна уметност во Скопје.

Самостојно изложувал во Скопје и на голем број групни изложби во земјата и во странство : Бурма, Кина, Индија, Франција, Чиле, Милано, Белград, на изложби во Дижон, Братфорд, Рим, Торино, Нирнберг, Штудгарт, Берлин, Ним, Шел, Париз, Пекинг, Лозана, Мексико Сити, Атина итн.

Изработил и мурал во Железарницата во Скопје 1967 година, мозаици во Стопанска банка и Државна болница 1971 година, сите во Скопје и Спомен костурница во Велес, 1979 година; керамопластика кај споменикот на Илинден, Крушево, 1974 година.

Добитник е на Октомвриска награда за сликарство 1960 год., 13 Ноемвриска награда на град Скопје 1977 година и др.

Роден е во Кавадарци, во 1927 година.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Доделување на наградите „Антево слово“

$
0
0
Вовед: 

Ова е прва година наградата „Антево слово“ да биде конституирана како дел од оваа меѓународна манифестација која се одржува секоја година во градот Каникати во Сицилија, Италија, а воедно и прва од ваков вид која се доделува за македонски автор надвор од нашата држава.

Содржина: 

На 15 март 2018 година со почеток во 19:00 часот, во спомен собата на Анте Поповски во Ѓорче Петров ќе се одржи првото официјално доделување на наградите „Антево слово“ кои се дел од меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“) за најдобра поетска творба во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски – „Антево слово“.

Ова е прва година наградата „Антево слово“ да биде конституирана како дел од оваа меѓународна манифестација која се одржува секоја година во градот Каникати во Сицилија, Италија, а воедно и прва од ваков вид која се доделува за македонски автор надвор од нашата држава. Првата награда ја доби еминентниот македонски автор Томислав Османли, втората награда ја доби Александра Димитрова, а трета награда ја доби Салваторе Амбросино од Италија. Како дел од оваа поетска манифестација е и интернационалната награда која оваа година за прв пат ја добија Михајло Свидерски и Долорес Атанасова – Лори.

Претсавниците на манифестацијата велат дека конкурсот за поезија „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“ е создаден со цел да се прослави и овековечи, преку „Возвишена поезија“, духот, душата, суштината и есенцијата на животот во Каникатската секуларна академија на Парнас. Најмногу пријавени поети има од Италија, но меѓу учесниците има поети од цела Европа, Балканот и пошироко.

„Во апстрактниот простор – време што се приближува неверојатно до сите луѓе без најмала разлика не само на пол, вера, националност, возраст, но, исто така и во своето постоење и непостоење, поезијата успева да биде ’медиум’ во ’континуитет’ помеѓу земјата и небото, помеѓу телото и душата, меѓу прагматизмот и утопијата. Целта на овој конкурс е да се шири културата на чувства, емоции, страсти, знаење во текот на целиот живот и реализирање на ’експресивната слобода’ која е од суштинско значење и привилегија за секој современ општествено ангажиран човек“, изјави Митко Гогов од здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст - Струмица“, кој во соработка со фамилијата на Анте Поповски и меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ ја востанови оваа награда.

„На ова издание на манифестацијата учествуваа околу 300 поети од целиот свет, а освен носечката награда „Ил парнасо – Анџело ла Векија“ и онаа посветена на рускиот поет Расул Гамзатов со покровителство на Министерството за култура на Дагестан и управуван од страна на поетесата Марина Акмедова, меѓународниот дел беше проширен и посветен на големиот македонски поет Анте Поповски; Овој дел го координира поетот Митко Гогов и се реализира во соработка со семејството на поетот Поповски.“ - вели организаторот на меѓународната манифестацијата „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“, Геро Ла Векија.

Сите учесници имаа можност да влезат во конкуренција за двете награди, носечката награда „Анџело Ла Векија“, награда која е именувана по проф. Анџело Ла Векија (Angelo La Vecchia), познат во Сицилија и на територијата на Италија со неговата работа како поет, драмски писател, историчар и професор и наградата „Антево слово“ која се доделува во чест на Анте Поповски, познатиот македонски поет, есеист, препејувач и публицист.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Филмот „Лебот на сеќавањето"во Музејот на холокаустот

$
0
0
Вовед: 

Документарниот филм „Лебот на сеќавањето" („Il pane della memoria“) ќе биде прикажан вечер (14 март) во Музејот на холокаустот во Скопје, во рамки на одбележувањето на 75-годишнината од депортацијата на Евреите од Македонија и по повод италијанското претседателство со Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот. 

Содржина: 

Прикажувањето на филмот го организираат Амбасадата на Италија, Фондот за холокаустот на Евреите од Македонија и Еврејската заедница на Република Македонија.

На проекцијата на филмот (на италијански со превод на македонски) ќе присуствуваат режисерот Луиџи Фачини, кој ја доби Сребрената лента - една од најпрестижните награди на Италијанскиот национален синдикат на филмските новинари, како и продуцентката Марина Пиперно, која е една од ретките кои успеале да избегаат за време на масовната депортација на Евреите во Рим во октомври 1943 година. Предвиден е и краток вовед од страна авторите.

Филмот, кој веќе беше прикажан по повод одбележувањето на „Денот на сеќавањето на холокаустот“, ја раскажува долгата историја на еврејската заедница во Петиљано (Италија), преку сведочење на последниот жив член на таа заедница. Нејзиното интензивно сведочење дава светло на интеграцијате меѓу христијаните и Евреите, во голема мерка изменето по воведувањето на расните закони, што довело до исклучување од заедницата, дискриминација и конечно, депортација.

Пред проекцијата на филмот ќе се обратат директорот на Фондот за холокаустот на Евреите од Македонија, Горан Садикаријо, претседателот на Еврејската заедница во Република Македонија, Берта Романо Николиќ, како и амбасадорот на Италија, Карло Ромео. 

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Света преподобна маченица Евдокија (Летник) - Празник на новото лето

$
0
0
Вовед: 

Летник е празник на новото лето. Големиот број обичаи и верувања поврзани со овој ден потекнуваат од претхристијанскиот период и имаат цел да обезбедат среќа и напредок за луѓето и стоката и магиска заштита од разни несреќи.

Содржина: 

Именден празнуваат Евдокија, Дочка, Мартин, Марта...

На први март (според стариот календар) Светата православна црква го празнува споменот на светата преподобна маченица Евдокија, родена во феникискиот град Илиопол. Како девојка била многу убава и со неморал спечалила огромно богатство. Во тоа време по вера била Самарјанка. Подоцна го примила христијанството, го напуштила расипничкиот живот, имотот го поделила на сиромашни христијани и се закалуѓерила. Во манастирот минала 56 години. По наредба на тогашниот управник на градот Илиополе била исечена со меч во 126 година.

Со празникот посветен на нејзиниот спомен започнува месецот март, а според некои и новата година. Први март уште се вика и Летник, зашто според верувањето тогаш започнува летото. Во Галичник како што забележал П. Ѓиноски, првиот ден од првиот пролетен месец „го нарекле Летник, те. Пролетник. Тој не је црковни, токо природни празник. Природата која се зима спала и била огрдена оттога зафаќат кротце по кротце да се разбудуват и разубавуват“. На овој ден низ цела Македонија се изведуват богати обичаи кои врз магиски принцип треба да обезбедат заштита од разни штетници од змии, болви, од шумските ѕверови но и здравје на луѓето во претстојната работа сезона.

Најголемиот број обичаи поврзани со овој ден се изведуваат вечерта спроти празникот. Тогаш се бере кукурек и се запотнуваат куќите, плевните, шталите, потоа посебно се запотнуваат креветите, ношвите, огништето, амбарите, леите, плугот и др. Се верува дека потката ќе ги чува овие објекти и предмети како и луѓето и добитокот од разни болести и други несреќи.

Меѓу позначајните обичаи поврзаи со овој ден е правењето мартинки. Тие најчесто се прават од бел и црвен конец, и се носат околу вратот или на рацете или нозете. Најчесто го носат само децата, но во некои краишта ги носеле сите членови од семејството како магиска заштита од разни несреќи. Во Дебарца (Охридско) мартинките се правеле од бела и црна волна, но само од волна што била оскубана од овците. За таа цел волна се собирала по смреките, плотовите, јаслите и други места каде што минувале или престојувале овците. При сучењето на мартинката една жена пуштала од волната паралелно и од белата и од црната, но повеќе од белата, друга, пак, сучела мижејќи и одејќи назад. Кога мартинките ќе биле готови им ги шиеле со игла некому на појасот на други на ногата или околу раката. Притоа се велело: „Гад в гора (името) в поле“. Со тоа змиите, смоковите и другите гадови се праќале во гората подалеку од луѓето. Ги викале гадови, не им ги споменувале вистинските имиња, бидејќи според верувањето ако им го кажеле вистинското име тие веднаш ќе дојделе. На помалите деца мартинки со паричка им ставале околу вратот. Мартинките ги носеле сè додека виделе ластовица или штрк, тогаш ги фрлале велејќи: „На ти ластојце мартинка, да ми дајш кошула“. И верувале дека навистина ќе добијат кошула.

И во селото Бапчор, Костурско, мартинки правеле од бела и црна волна што ја кубеле од овците. Потоа откако девет дена ќе ги носеле околу гушата, на деветтиот ден ги обесувале на гранките од некое дрво на кое доаѓале ластовичките и на децата им носеле нови алишта за претстојниот празник Велигден. И овде вечерта кога се правеле мартинките се шиело при што некој прашувал „Што шиеш“, а тој што шиел одговарал: „Ете ги шијам устите на мечките, волците, змиите, устите на асмовите (душманите), на црвите за да не црвосува имањето, ќе ги завијам тука и ќе ги врзам.“ Потоа погледнувал кон планината велејќи: „Сиве оивие лоши работи што ги имам сошиено, во пусти гори да одат“. Иглата со којашто шиеле ја обесувале на местото каде што се обесувал котелот, и по двевет дена со една пара ја ставале на матката со којашто мателе, ставајќи уште и разни цутови (цвеќиња) што први цутеле.

И во селото Вʼмбел правеле мартинки кои момчињата и девојките ги ставале на реверите како папиони (пеперутки). Утрото најстариот член на семејството носел суви гранки, а таткото расцветана дренова прачќа. Палејќи ги сувите гранки во огништето дедото благословувал: „Ајде да се сторат многу јагнишча, и пилишча у нас.“ Потоа на тие што имале мартинки им се честитало: „Ајде голем да ни порастиш, мʼндро (мирно) да ни бидиш, да ги слушаш постарите, а догодина златна мартинка да носиш.“ Потоа најстариот во лажица ставал мед и над него цут од дрен и најнапред младите а потоа и постарите јаделе мед и дренов цут. Во истовреме со дренова прачка ги удирал по грбот со благослов: „Ај да ни бидеш цвертст и здрав како дрен, да се виткаш како дрено, ама никогаш да не се скршиш.“ По седум дена мајката ги собирала мартинките и ги фрлала на покривот од куќата со зборовите: „Сега ти ги даваме од предено, догодина да ни ги вратиш позлатени“.

Во Кукуш, како што е запишано во зборникот на браќата Миладиновци, мартинки правеле од бело и црвено: „Дента спроти Марта сучат црвено и бело предено со цело: и утрината го клавает на децата на грло, на рʼце и ноѕе за здравје. Тие се викает мартинки и со ним в Струга стретват ластовиците. Таја вечер преминуваат местата , кʼде спавале до тога за да не ги јадат болви. Тој ден малите деца прават ластовица от дрво шикосано и пејет по кʼштите: Ластовица идеше, црно море пливаше... Во сиот месец не јадат зелје останато од понапрежниот ден“.

И Е. Спространов забележал дека во Охрид мартинки правеле од бела и алена волна, а ги врзувале на рацете или ги шиеле на облеката и ги носеле цело лето за да не ги касаат змиите. Тоа повеќе го правеле селаните кои во текот на летото често биле низ полето. Оние, пак, што често се сопнувале при одењето мартинките ги врзувале на прстите од нозете. Мартинките се сучеле мижејќи „за да бидат како слепи змијте и да не и вижџет љуѓето, ко ќе минет покрај ними“.

Во Горноџумајско во пиринскиот дел на Македонија, „мартинчета“ правеле девојките и младите мајки, на самиот ден на празникот пред изгрејсонце. Мартинчета ги правеле од бел и црвен конец и ги врзувале околу вратот на момите, но и на рацете на малите деца. Притоа велеле: „Да сме бели и червени като тези мартинчета“. Ги носеле во текот на месецот март, а на први април ги ваделе од себе и ги ставале под камен. Тука останувале три дена, а потоа го кревале каменот и гледале ако има некое животно претскажувало нешто добро. Особено ако имало т.н. „божи кравици“ претстажувало голема среќа за сопственикот на „мартинчета“ и плодност на кравите, овците и другиот добиток. Ако под каменот немало ништо се сметало дека нема долго да живее.

Во Радовиш мартинки се правеле, исто така, рано наутро пред изгревот на Сонцето на самиот празник. Се правеле од бело и црвено предено (памучно) и додека децата спиеле им се врзувале на рацете, а на девојчињата и околу гушата со пара. Во овој крај се знаело дека мартинките на левата рака биле за ластовиците, а на десната за штрковите. Кога ќе ги виделе првите ластовици и штркови децата ги поздравувале со песнички, а мартинките ги оставале под камен со верување дека за тоа ќе добијат кошула.

Во Галичник на „првиот дењ мартов“ како што го запишал П. Ѓиновски правеле млњаци за сите машки членови во семејството и ги носеле околу вратот до Ѓурѓовден. Млњаците биле низалчиња „од неколку старицела (т.е. сребрени пари) и жлтици, нанижани на конец, еден конец копринен и шарен, т.е. еднијот конец је бел и ленен, а другијот от црвена коприна усукани заједно и таке је сторен конецот шарен-бело и црвено.“ Овие низи се викале млњаци зашто имале цел заштита од молња (рофја, секавица, светкавица). На пролет кога за прв пат се правело храна од новите коприви најпрвин сркнувале со млњакот наместо со лажица при што велеле: „На суви дрва и камења (нека одит) треска и огница, а на мене (нека доет) здравје и весеље“. На Ѓурѓовден на децата „им ги соневајет“ (изваѓајет) млњаците од врат, парите ги ставале во ковчег, а конците ги клавале во градината на трендафил за да бидат бели и црвени како трендафилот.

Во Гевгелиско мартинките од црвен и бел конец ги носеле околу вратот но и околу прстите од рацете и нозете како прстења сè додека не се искинеле. Тогаш пак ги ставеле под бел камен за да бидат бели и црвени. Во овој крај верувале дека мартинките ќе ги заштитат од Сонцето да не ги изгори.

Во Голо Брдо празникот Летник го празнувале и христијаните и муслиманите. За одбрана од гробник или вопер (вампир) сучеле црвен и црн конец притоа држејќи ги рацете одназад. Потоа го зашивале овој конец на клашеникот одзади, а го симнувале на Ѓурѓовден и го обесувале на трендафил.

На празникот Летник, како ден кога започнува летото, се изведуваат интересни обичаи поврзани со змиите, болвите, дивите ѕверови и сл. Во Струга за да не ги јадат болви луѓето ги менувале местата каде што спиеле. Во селата како и во градот Охрид, како што сведочи К. Шапкарев „грмеле“ од пушки за отстранување на болвите во текот на претстојното лето, а според записот на Е. Спространов тој обичај бил забранет од властите. Во Дебарца забележавме дека, за заштита од ваквите штетници, спроти празникот од шумата носеле дабова гранка (шумка) со којашто ноќта спиеле држејќи ја под пазувата. Утрото одејќи на вода, на чешма, или на кледенец ја фрлале во водата велејќи: „Шумка шумна, гад побегна“. Овие штетници народот ги викал гадови зашто не смеел да ги именува со нивните вистински имиња. Од тие причини и болвите биле наречувани црнки. На враќање носеле вода со која штркале низ куќата, растурале песок, а ако имало и снег за да им биде студено на црнките (болвите) и да бегаат од куќата.

За заштита од болвите во Скопската Котлина но и во други места ги палеле буништата но да не горат со пламен туку само да чадат. Некаде тоа го правеле за бркање на змиите, а некаде палеле суви лепешки за заштита од духовите. Интересен обичај во оваа смисла забележал К. Шапкарев. „На први март земаат една цевка бозова, продупчена како азлак од пушка, ја наполнуваат со барут и ставаат внатре и три болви наместо сачми, како и трошки од лебот што го јале преку денот и пукаат со таа цевка, кога ќе ја запалат со запален јаглен. Тоа го прават за бркање на болвите од куќата.“

Особено се интересни обичаите и верувањата поврзани со заштитата од змиите. Освен тоа што мартинките се зашиваат за да им се зашијат устите на змиите, а тие се прават мижејќи за да не ги гледаат змиите, во врска со овие штетници и со овој празник се поврзани и други обичаи и верувања. Во Радовиш на овој ден не се работело „за од змии“. Рано утрото домаќинката со кацјата и пирустијата вртела три пати околу куќата зборувајќи: „Бегајте змии, гуштери, баба Марта дојде“. Во Охрид за да им се сошиени устите на змиите секој си го пришивал со црн конец долниот крај од својата облека.

Во врска со змиите и овој празник поврзани се и некои народни лекувања. Така на пр. Е. Спространов запишал дека: Змиите излегвет на Летник и је многу арно да фатиш тога некоја и да провриш низ очите нејзини конец какоф да е. Тој конец је ногу арно да го врзиш за гушата на љуге што падинет. ‒ За таа цел оделе во с. Свињишта или во Белчишта (раскажувачката не можела точно да ми каже) каде што имало дувло од змии и кога излегувале за прв пат ги ловеле на дупката. Низ очите им пронижувале конец со игла и после ги пуштале.

Ваков начин на лекување во Долновардарско забележал и С. Верковиќ: „На првијут ден на Марта бркат, отепуват љутица (змиа). Главата и а зимуват: сус неа покадуват човек, што паге ут вонка, и му зашиват уф капата да носе, за да оздравее.

Кога е за бубучино семе, уште ка ке е утепат ʼи разенуват устата, да така да се исуше, да гу пуминуват три пʼти низ неа, за да не и презимат бубите“.

Со Летник е поврзано и верувањето за разбивањето на луѓето од страна на птиците. Во Охрид, на Летник но и потоа, во текот на пролетта, луѓето се плашеле да не ги разбие пупунец. Разбивање го викале ако го слушнат гладни (на гладно срце) пеењето (пупањето) на ова птица. Тогаш верувале дека ќе се разболат или ќе ги следат други несреќи во текот на годината. Верувале дека ќе им смрди устата ако ги разбие пупунецот. Затоа на овој ден и подоцна веднаш по станувањето од постела каснувале барем еден залак леб. Но кога ќе ја чуеле птицата верувале дека тие ја разбиле и потоа не се чувале. Исто така, се плашеле и од кукајцата. „И кукајца да те разбијат не е арно ‒ ја ќе умрит некој, ја на зијан је ‒ секој ден ќе чиниш зијан по една аспра“.

Интересен обичај што се изведува на овој ден е носењето гранки или луштенки во куќата и ставањето во оганот. Така на пр. во Охрид секој што тој ден ќе влезел во куќата бил должен да набере и да донесе по неколку дрвца, гранки и сл. и веднаш по влегувањето да ги стави во огнот, за да се зафаќале пилиња. Инаку не бил приман во куќата. Во друг запис, исто така од Охрид, се вели дека рано утрото на овој ден сите домашни излегувале во дворот и се враќале со „пилишта“ односно со гранки, трески, љуштенки и сл. и ги ставале во огнот, за како што тој се силел да се силеле и пилињата, да се ваделе сите јајца под квачката. Затоа викале: „Пуљу, пуљу, пуљу“. Овој обичај се изведувал и во Дебарца, а и во Голо Брдо децата собирале гранки и луштенки и ги ставале во огнот велејќи: „Колку шумуљчиња (листови) толку дечиња“. Како прв пролетен или летен ден според народното верување, со Летник се поврзани и други обичаи и верувања што имаат цел да иницираат среќа, здравје и бериќет во текот на целата година. Повеќе од овие обичаи и верувања можат да се сретнат и во врска со други празници како што се: Игнат, Бадник, Нова Година (Василица) и др. што значи дека тие се остаток од минатото, од различни периоди кога започнувањето на новата година било поврзано со различни датуми.

Во Дебарца сè што се зело на заем се враќало на Летник зашто се верувало дека ако останел долг на овој ден ќе се должело цела година, потоа мажите излегувале порано да видат некој силен маж за да бидат здрави преку годината. Во Голо Брдо по станувањето наутро гледале да видат птица за да бидат лесни во работата, а во џебот држеле некаква сребрена пара за преку целата година да имаат пари во џебовите. Исто така, на овој ден во куќата се внесувала дренова гранка, а потоа секој се фаќал за синџирот од огништето, и голтал една пупка од дреновата гранка за да биде здрав преку годината

Слични обичаи се забележани и во селото Битуше, Дебарско. И овде се верувало дека тоа што ќе се направи на овој ден, така ќе биде во текот на целата година. Овде спроти Летник во секој дом се подготвувало сито во кое се клавале бела погача, три дренови гранчиња и златна паричка. Спроти празникот ги подготвувале овие моњаци, односно сребрена пара врзана за врвка од бел и црвен конец што се носел околу вратот како гердан или околу раката како белезгија. Сабајлето на Летник пред изгрејсонце секој член од фамилијата по станувањето од спиење, откако ќе се измиел, одел кај ситото, ги фаќал дреновите гранчиња, потоа погачата, ситото и златната паричка по што гласно велел:

Дрен, дрен, цути дрен,

да су јак(а) како дрен,

да си цел(а) како леб,

да су сит(а) како сито,

да су златен (тна) како злато!

Потоа гледале да видат птица за целата година да летаат како птицата. Откако ќе виделе пиле, на вратот им го ставел моњакот односно мартинката да ги чува од зли сили. Во поладневните часови оделе „на нишање“ најчесто во местото В Добје каде што префрлале јажиња на големите дабови и се нишале пеејќи песни за тие што биле на нишалката како и за нивните симпатии.

Во Охрид, во првите денови на март ,секој што ќе чуел крекање на жаба три пати велел: „Бела става во куќа, црна става во полето“. Со тоа се бркале болвите, а по селата секој што ќе чуел крекање на жаба три пати се истркалувал по земјата за да не го боли половината во текот на годината. И кога испраќале свои луѓе на туѓина береле во планините кукурек и им го ставале од капата. Носејќи го тоа растение, луѓето велеле: „Кукурек ти на капа, сонот ти во очите, тебе дења, мене ноќа“. Во Галичник, на овој ден, жените правеле добар ручек (пресна погача, печиво и други готвенији) за преку цело лето да имаат што да готват.

И во Крушево момчињата и девојките рано наутро излегувале надвор за да видат птица и за да бидат лесни во работата. Притоа во рацете држеле леб (за плодност) и златни или сребрени пари (за богатство). Се верувало дека не е добро да видат мачка куче или човек.

Со Летник се поврзани и некои обичаи и верувања што се однесуваат на растенијата. Освен споменатото запотнување на овој ден има верувања поврзани со јадењето зелје. Имено во зборникот на Миладиновци е запишано дека „во сиот месец не јадат зелје останато од понапрежниот ден“, а и С. Тановиќ забележал во Гевгелиско дека „момчињата и девојките ќе бидат бели и црвени само ако за време на траењето на месец март не јадат сношно зеље.

Во Струга, на Летник, секоја фамилија кршела глинени садови, како што се: стомни, грниња, ќупови и др. Притоа домаќинот кршел најголем сад, а тоа се правело со цел да се купат нови за годината што претстои. Утрото се одело на изворите на Радолишка Река, каде што се полнела вода. На враќање се кршеле гранчиња од дрен за да бидат здрави како дренот, а со донесената вода се попрскувале домашните по главата, вратот, рацете и нозете за здравје. Децата оделе кај роднини и пријатели каде што го честитале празникот, а истото го правеле и зетовците. Притоа велеле: „Шуќур што ја поминавме зимата и дочекавме пролет.“ При влегувањето во куќата носеле гранчиња што ги викале пилиња и велејќи: „Пили, пили “ ги ставале во огнот. Ги почестувале со варена пченка и шеќерчиња, за да не се гладни пилињата. И овде се правеле мартинки што на децата им ги врзувале на рацете или нозете, а мартинки со сребрена пара им ставале околу вратот или на градите. Летник бил ден за лажење.

Во Гостиварско, утрото, уште пред изгревање на сонцето, застанувале на пенџерето и чекале да видат птица што лета верувајќи дека целата година ќе бидат лесни, полетни и работливи. Се внимавало и каква личност ќе се види најпрво. Ако тоа бил убав и работен маж или убава и работна жена во текот на годината ќе ги следеле само убави нешта. И обратно, ако виделе мрзелива или парталава линчност ќе ги следеле непријатни случки. Во селото Зубовце младите девојчиња за прв пат замесувале тесто. Меселе благо колаче за да им биде блага целата година. Невестите и девојките шетале низ полето и носеле бели и црвени врвки, кои ги закопувале во земјата со верување дека како што се закопани врвките така ќе се закопани и злите сили и нечистите магии. Попладнето оделе на нишање во месностите: Стражник, во Задкрст и во Рупа каде што ставале нишалки на големите ореови стебла и се нишале пеејќи пригодни песни во кои се споменуваале имињата на девоките и момчињата што покажувале меѓусебни симпатии. Најчесто се пеела следнава песна:

Нишалој се малој моме,

Малој моме, лична Цвета,

Нишалој се на нишалка,

Малој моме од Зубовце,

Каде да го одметнеме,

Малој моме од Зубовце,

Одметнеме рамни двори

Кај павлета за Златета.

Притоа се менувале само имињата на тие што биле на нишалката, а тоа создавало ведра и пријатна атмосфера.

Очигледно започнувањето на месецот март кој во народното сфаќање се смета за пресвртница од зима кон лето било проследено со многу обичаи и верувања, кои врз магиски принцип треба да обезбедат здравје, среќа и богатство во текот на претстојната година.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Концерт на мешаниот хор на Уметничкото училиште „Лука Соркочевиќ“ од Дубровник

$
0
0
Вовед: 

Целовечерен концерт, во траење од 45 минути на Мешаниот хор на Уметничкото училиште „Лука Соркочевиќ“ од Дубровник во Домот на култура „Кочо Рацин“  Скопје - нов салон сутерен, ќе се одржи на 17 март 2018, со почеток во 19.30 часот. 

Содржина: 

Концертот е реализиран во организација на Заедницата на Хрватите во Македонија во соработка со Музичко едукативниот центар „Енсо“ и со поддршка на Домот на култура „Кочо Рацин“ - Скопје.

На програмата ќе бидат изведени делата од К.Колбе, Златко Камењарина,Владо Сунко, З.Шпољар,Т.Ухлик, А.Марковиќ, Kрешимир Магдиќ и Трад

Помеѓу двата дела од концертот ќе настапи и младиот музичар од Р.Македонија Оливер Јаничијевиќ, студент на Музичко едукативниот центар „ Енсо “ во Штип. Ова гостување од Дубровник, ја продолжува традицијата на плодотворна соработка помеѓу двете земји и двата града Дубровник и Скопје, како и соработката со Ј.У Дом на култура „Кочо Рацин“ кој беше организатор на гостувањето на Квартетот „Соркочевиќ“ од Дубровник кој настапи на повеќе целовечерни концерт во Скопје, Битола и Охрид.

Тогаш македонската публика имаше можност да ја проследи изведбата на делата од Бах, Хајдн, Дитерсдорф, Бетовен, Росини, Били, во изведба на Инес Ивањек на флејта, Слободан Бегиќ на виолина Денис Ајдуковиќ на контрабас и Нена Ќорак на пијано.

Со ова гостување таа плодотворна соработка со Дубровник, продолжува, а по овој повод публиката ќе има можност да проследи повеќе дела на хрватски автори во „а капела“ изведба на мешаниот хор од Уметничкото училиште „Лука Соркочевиќ“ од Дубровник кој брои 27 ученици на возраст помеѓу 16 до 27 години, под раководство на ментор проф Маја Марушиќ.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Македонија на 89 место на светската ранг листа за среќа

$
0
0
Вовед: 

Македонија е на 89-то место на светската ранг листа за среќа на која се опфатени 156 земји, покажува Извештајот за среќа за 2018 година што го објави Организацијата на Обединетите нации.

Содржина: 

Од земјите во регионот, најсреќни се Словенците на 51-то место, а следуваат Косово (61), Србија (78), Грција (79), Црна Гора (81), Хрватска (89), БиХ (93) и Бугарија (110).

На врвот на листата на среќа на ОН е Финска, пред Норвешка и Данска, а во топ 10 најсреќни семји се и Исланд, Швајцарија, Холандија, Канада, Нов Зеланд, Шведска и Австралија.

Најнесреќни во светот се граѓаните на Бурунди.

ОН го обајвуваат светскиот извештај за среќа од 2012 година, а се изработува врз основа на истражувања во секоја од 156 рангирани земји. Анкетираните со оценки од 1 до 10 одговараат на прашалник за одредени фактори во нивните земји како што се квалитетот на живот, сочувството кон другите, слободата, великодушноста, исреноста и здравјето.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Поетот Митко Гогов на Светскиот ден на поезијата во Романија

$
0
0
Вовед: 

На одбележувањето на Светскиот ден на поезијата во Романија освен Митко Гогов од Македонија ќе учествуваат и Евелина Митева од Бугарија и Том Едвард Филипс од Велика Британија.

Содржина: 

Со две поетски читања на 21 и 22 март во градовите Букурешт и Галати, македонскиот поет Митко Гогов ќе настапи во интернационалната програма која е дел од настанот посветен на Светскиот ден на поезијата.

Настанот е насловен „Поетски - преку Дунав во Букурешт“, додека: „Доаѓаме со поезија на брегот на Дунав, кадешто ја вадиме од турбулентните води, па дури и светскиот ден на поезијата го префрлвме во Галати со помош на поетсата Флорина Захарија и потоа ќе се упатиме кон Букурешт, без да мора да одиме бреговите на колотентот и дамбовита, но ќе одиме директно во Букурешката метрополитенска библиотека. Сето ова го прифаќаме со елан, со нас носиме поезија, пиеме поезија, кажуваме поезија на бугарски, романски, македонски и англиски јазик, за да бидеме, за да истраеме, за да ја збогатиме душата.“ - стои во официјалната покана упатена до медиумите и гостите. На одбележувањето на Светскиот ден на поезијата во Романија освен Митко Гогов од Македонија ќе учествуваат и Евелина Митева од Бугарија и Том Едвард Филипс од Велика Британија.

Mитко Гогов е концептуален уметник, поет и граѓански активист роден 1983-та година во Скопје, Македонија. Пишува поезија, кратки раскази, есеистика и публицистика. Пишува и хаику, сенриу, ренга кои ги објавува повремено во микроблогосферата twitter. Неговото творештво досега е застапено и преведено во неколку антологии, стихозбирки и списанија за литература и уметност во Индија, Пакистан, Филипините, Кина, USA, Аргентина, Русија, Шпанија, Италија, Чешка, Романија, Германија, Израел, Мексико, Србија, Хрватска, Албанија, Косово, Грција, Бугарија… Актуелен со неговата стихозбирка Ледена вода издадена во Србија (2011) и во Македонија, во едицијата „Огнови“ на издавачката куќа Антолог (2014). Концептуален уметник со неколку изложби, инсталации, перформанси, сценографии и мултимедијални проекти реализирани во Норвешка, Франција, Италија, Србија, Македонија, Бугарија … Младински работник и граѓански активист. Претседател на здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“, организатор на глобалната поетска манифестација „100 Илјади поети за промена“ во Македонија, претставник на Светската унија на поети и Школата за поезија – Делегација Македонија, основач на наградата „Антево слово“ која се доделува во Сицилија, Италија, уредник на strumicaonline.net и reper.net.mk.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Поетот Раде Силјан одликуван од претседателот на Унгарија

$
0
0
Вовед: 

Признанието на Силјан му го врачи Амбасадорот на Република Унгарија во Република Македонија Не. Екселенција д-р Ласло Дукс.

Содржина: 

Претседателот на Унгарија, Јанош Адер, по повод националниот празник на државата, го одликува Раде Силјан со орденот „Златен крст за заслуги“.

Ова високо признание на познатиот македонски писател му се доделува за неговиот повеќедецениски ангажман во афирмацијата на книжевните вредности на унгарската литература на македонски јазик. Признанието го врачи Амбасадорот на Република Унгарија во Република Македонија Не. Екселенција д-р Ласло Дукс.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 
Viewing all 4807 articles
Browse latest View live


<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>