Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all 4807 articles
Browse latest View live

„Вeлигденски средби“ по 14-ти пат во Радовишко

$
0
0
Вовед: 

Со изведба на македонската химна и химната на Фолклорниот фестивалот „Велигденски средби“, дувачки оркестар од 30 свирачи од Пиринска Македонија ќе го отвори 14 –тото издание на фестивалот кој ќе се одржи на 14-ти и 15 –ти април во манастирскиот комплекс „Св. Ѓорѓи“, во непосредна близина на с. Ораовица, Радовишко. 

Содржина: 

На фестивалот ќе настапат 22 домашни и меѓународни културно-уметнички друштва.

Организатор и иницијатор на фестивалот е директорот на Фолклорниот ансамбл ,,Китка“ од село Ораовица, Димче Петров. Генерален покровител кој ќе го овозможи неговото одржување е рудникот „Бучим“, како и општина Радовиш и Министерството за култура на Република Македонија.

Фестивалот е од изворен карактер и на него се преставуват обичаите, игрите и носиите на секое друштво од кај што доаѓаат. Фестивалското жири составено од врвни стручњаци и оваа година ќе додели награди.

Сите оние кои ќе ја пропуштат можоста да уживаат во фестивалските денови и прекрасниот амбиент на манастирскиот комплекс и недопрената природа ќе можат да го проследат на програмата на ТВ Сонце, a настанот ќе го води новинарката Александра Велинова.

Воведна слика: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Светски ден на оралното здравје (World Oral Health Day)

$
0
0
Вовед: 

Денес, 20 Март е светскиот ден на оралното здравје. Важноста на oрално здравје добива сѐ поголемо внимание бидејќи бројни студии откриваат поврзаност  помеѓу периодонталните болести  и одредени системски болести како што се дијабетес, срцеви заболувања и мозочен удар

Содржина: 

Устата е огледало на општото здравје и благосостојба на организмот. Кариесот е најраспространетото орално заболување,  но со добро одржување на орална хигиена(редовно четкање на забите, употреба на забен конец и интердентални четкички) како и редовни стоматолошки прегледи може да се намали неговата појава. Со тоа и ќе се овозможи заштита на целото општо здравје.   

Здрава уста и здраво тело одат заедно. Многу често при рутинските контролни стоматолошки прегледи може навреме да се откријат и некои системски заболувања. Многу општи здравствени состојби кои  го зголемуваат ризикот од орални болести, како што е дијабетесот што го зголемува ризикот за појава на пародонтална болест. Одржувањето на орална хигиена и редовните контролни прегледи се од суштинско значење за да се одржи правилно функционирање и за одржување на целокупното здравје и квалитетот на животот.

Оралното здравје е многу повеќе од убава насмевка. Родителите,уште од мали нозе на своите деца треба  да им покажуваат како да ги четкаат забчињата за да  стекнат навика за редовно четкање на млечните заби,  се со цел да се спречи појавата на заболувања во усната празнина (кариес, гингивит, пародонтална болест), доколку е присустна лоша навика таа треба навреме да се отстрани. Децата уште од мали треба да се носат на стоматолог со што би се намалил нивниот страв од доктори, затоа што превентивата и раното откривање и лекување се битни во борбата со оралните болести.  

Освен хигиената мноу е битен и хигиено-диететскиот режим, (внесување на големо количество на  шеќери, консумирање на алкохол, цигари се ризик фактори кои ја зголемуваат појавата на орални и општи заболувања), а поголем внес на витамини и  минерали.

Потготвил: Кристина Павлоска

Извор: World Oral Health Day

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Политичките партии да престанат да си играат со маката на децата со посебни потреби

$
0
0
Вовед: 

Јас Зоран Мијалков од Штип,  Претседател на Здружението Сплотени срца,  Претседател на Национална Алијанса за инклузивно општество 5до12  и татко на две деца со посебни потреби,  во мое лично име и во Името на Здружението Сплотени срца и Националната алијанса за инклузивно општетво ја давам следнава изјава која е насочена кон политичките партии во Република Македонија.

Содржина: 

Изјава до јавноста на Република Македонија

Се повикуваат политичките партии во Република Македонија да престанат да си играат со маката и проблемите на децата и возрасните со посебни потреби и нивните фамилии.

ЗАСРАМЕТЕ СЕ !!!

Од 1991 наваму во неколку наврати се менувате на власт и не ви е битен народот на Република Македонија, си играте со нашите судбини и притоа битни ви се моќта и сето она гадно материјално кое со моќта го приграбувате само за себе, вашите потесни фамилии и бизнис партнери ( секоја чест на чесни поединци кои никогаш немаа шанса вистинки да помогнат на сопствениот народ иако беа и се на некои позиции )

Тргнете ги вашите гнасни раце од нашата мака и борба за преживување, бидејки ваша цел од 1991 наваму на сите вас ( секоја чест на поединци ) е на нашата мака да вадите политички поени напаѓајки се меѓу себе

Гревовите ваши се големи, а Господ има

ОСВЕСТЕТЕ СЕ !!!

Ќе пишувам сега за состојбите во Штип, а тоа е исто и во другите општини во Република Македонија :

Во Штип Здружението Сплотени срца со помош и подршка од Инцијативата 5до12 која премина од пред извесно време во Национална алијанса за инклузивно општетво дојдовме до идеја и направивме проект за Рехабилитациски цетар за деца и возрасни со посебни потреби. Пред локалниве избори Здружението Слотени срца иницираше да се нправат во сите оптини трибини на кои ги повикавме сите кандидатиза градоначлник и советници и им ги укажавме нашите идеи и барања до нив, во кои барања им укажавме за потребата од Рехабилитациски центар, бидејки дневните центри не ги задоволуваат потребите на нашите деца од повеќе аспекти идека за таа цел ни е потребно змјиште каде би бил изграден центарот и нашето барање 1% од буџетот на општините да биде издвојуван за децата и возрасните со поебни потреби. Кандидатите убаво знаат што се понудија и ветија.

Се случи дури и понудена земја од Доктор Влатко Миташев како поклон да не може да ни се оттапи поради клаузула која вели дека докторот не може да ја отуѓи, но која може да биде изменета од Советот на град Штип на собраниска седница со минимум 12 гласови од штипските советници. Но за жал не постои желба за ова. Се понуди како опција да сме ја купеле земјата на лицитација замислете – ова е одговор од градоначалникот Благој Бочварски кој е избран како кандидат на Социјал демократскиот сојуз на Македонија и коалицијата

Од друга страна денес ВМРО ДПМНЕ од Штип излегле на прес конференција на која за жал и без срам пробуваат да извадат политички поени на наата мака и чиста како солза борба ( борба без политички примеси, бидејки не има од сите партиски, национални или било какви уверувања, но сплотени во борба за нашите деца и договорени да не дозволиме никој да прави кариера на нашата мака )

Имено на прес конференцијата тие кои претходно беа на власт и кои за нашите деца само декларативно или малку помагаа, ги обвинуваат нивните политички противници дека не помагале на нас и нашите деца

ПА КАКО НЕ ВИ Е СРАМ !!!

ЗАСРАМЕТЕ СЕ И ЕДНИТЕ И ДРУГИТЕ И ДАЈ БИДЕТЕ ПРЕД СЕ’ ЛУЃЕ И ОБЕДИНЕТЕ СЕ БАРЕМ ОКОЛУ ЖИВОТНО ВАЖНИТЕ ПОТРЕБИ НА ГРАЃАНИТЕ НА ЧИЈ ГРБ СЕДИТЕ ВО ТИЕ ФОТЕЉИ

Еве за почеток на наредната седница на општина Штип,ве повикуваме вас – нашите советници без разлика на партија, да го ставте на дневен ред проблмот околу земјитето од Влатко Миташев и изгласајте промена на клаузулата, како земјиштето би ни било дадено нам, за да го изградиме спасот за сегашните и идни генерации деца и возрасни со посебни потреби – Рехабилитацискиот цетар за деца и возрасни со посебни потреби

Јас лично Зоран Мијалков кој сум член на ВМРО ДПМНЕ од мои 14 години чекам извинување за денешнава прес конференција на која се рпоба да се прават политички поени на маката на на нашите златни чисти душички, децата и возрасните со посебни потреби

Од вас очекував ако сте свесни со гласови на ваши советници во локалните самоуправ или со пратениците без приговор да ги гласате законите и барањата кои ги имаме ние родителите,како извинување од ваша страна за она малкуто кое го направивте за нашите деца во изминатите 11 години, исто и СДСМ правеше и прави како вас да не мислите дека некој вас ве напаѓа,

НЕ ве напаѓам туку ви ја плескам вистината у фаца

Што се однесува до ДУИ и другите албанските и македонски партии кои е помали

Господа од ДУИ, зарем не е СРАМОТА што за децата и возрасните со албанска националност со посебни потреби абе А буквата не сте ја кажале,туку со ситни националистички глупости одите да освоите глас повеќе

Каде ќе ви оди душата што за овие ангели ве нема никаде ? Зарем мислите под тепих можете да ги скриете нашите деца ?

Народе на Македонија освести се, без разлика на национална, верска,политичка или било каква друга припадност.

Освести се народе мој страден и да им кажеме на политичарите наши дека тие не заслужуваат ваков народ кој согодини ги трпи нивните неправди

ВРЕМЕ Е ПОЛИТИЧАРИТЕ ДА ПОЧНАТ ДА РАБОТАТ ЗА НАС НАРОДОТ КОЈ ИМ ГИ ДАДЕ ТИЕ ПУСТИ ФОТЕЉИ !!!

ВРЕМЕ Е ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ ОКОЛУ ЖИВОТНО ВАЖНИТЕ ПРОБЛЕМИ КОИ НЕ МАЧАТ СИТЕ НАС, А СЕ ДРУГО ЌЕ СЕ ДОГОВОРИМЕ. НО ПРВО ДА СИ ГИ РЕШИМЕ ЖИВОТНО ВАЖНИТЕ ПРОБЛЕМИ ВО ЕКОНОМИЈАТА, ЗДРАВСТВОТО И ОБЛСТИТЕ КОИ НИ ГО ОПРЕДЕЛУВАТ ЖИВОТОТ

Со почит

Зоран Мијалков

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Премиера на „Кралските копилиња“ во Велес

$
0
0
Вовед: 

По повод 27-ми март – Светскиот ден на театарот, Театарот „Јордан Х.К-Џинот“, Велес премиерно ќе ја изведе својата најнова театарска продукција „Кралските копилиња“, авторски проект на Сашо Димоски.

Содржина: 

Станува збор за праизведба на современиот драмски текст „Кралските копилиња“ од Сашо Димоски, кој во својата жанровска дефиниција е театар на телото во епски слики, работен според пост-тројанскиот митски циклус сместен во кралската куќа Арг.

„Кралските копилиња“ е приказна за боголуѓето која се случува непосредно по завршувањето на војната за Троја. Претстава за неможноста траумата да биде избришана како цивилизациско наследство и за кругот преку кој таа траума комуницира со секое време и простор.

Автор на тесктот, режисер и автор на аудио-визуелниот концепт на претставата е Сашо Димоски, режијата на сценското движење е на Васил Зафирчев, видео-дизајнот и анимациите се на Данчо Стефков и Крсте Шупев, сценографијата е на Филип Коруновски, костимографијата на Катерина Чукниева, музички соработник е Сашко Костов, а автор на дигиталните скулптури и плакатот е Адам Мартинакис.

Во претставата настапуваат актерите Васил Зафирчев како Агамемнон, Кети Борисовска како Клитемнестра, Талија Настова како Електра, Жарко Спасовски како Орест, Марија Стефановска како Ифигенија, Фаик Мефаилоски како Егист и Маја Љутков како Касандра.

„Кралските копилиња“ е прва премиера од Годишната програма на Велешкиот театар за 2018 година и истата театарот ја реализира од сопствени средства. Првата реприза на претставата е предвидена на 31-ви март.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

„Здивот на смртта“ нова збирка со песни од Зоран Пејковски

$
0
0
Вовед: 

Деновиве од печат излезе новата збирка песни на академикот Зоран Пејковски, „Здивот на смртта“ во издание на реномираната издавачка куќа „Феникс“ од Скопје“. Станува збор за збирка песни поделена во три циклуси „Морбиди во крвотокот“, „Татковина за покојните“ и „Осмислување на епитафот“ која содржи 36 песни, чии рецензенти се проф. д-р Васил Тоциновски и проф. д-р Христо Петрески.

Содржина: 

Инаку, според рецензентот проф.д-р Васил Тоциновски станува збор за трагична лирска исповед напишана во мигови кога дошло време за разделба со еднаш и кратко дадениот живот додека здивот на смртта своите студени усни како отворени рани за кои нема мелем се множат по телото. Не останало ништо од човекот, времето и просторот. Постои само зборот не како утеха, туку како верба со него и во одговорноста пред него како писмо да се остават аманети, пораки и поуки до поколенијата и идните времиња. Оттука епското како стожерна мисла и смисла од творечката лабораторија на Пејковски е своевидна фреска на субјектот или поточно на главниот херој поетот, чија животна судбина ја сочинува основата на сижето. Всушност, ќе напомени рецензентот Тоциновски: „Средбата со поетската книга „Здивот на смртта“ читателот го вознемирува и загрижува, замислува и поразува. Зашто како и авторот, неговиот читател се нашол очи в очи со смртта. Занемел зборот, се згрутчила крвта, здивот замрзнал. Стиховите и песните ги исполниле страв, сенка, тишина, смрт, ноќ, болка, паѓање, немир, молк, исчекување, самотија, безнадежност“ итн.

Рецензентот пак проф.д-р Христо Петрески во својата рецензија кон најновата стихозбирка „Здивот на смртта“ од Зоран Пејковски, ќе напомене дека: „Како ретко кој друг автор, битолскиот писател Зоран Пејковски во најновите негови ракописи го покажува и докажува своето растење, зреење, па и зрелост. Така, тој во последниве неколку години директно му погледна на животот, но и на смртта. Неговите песни, драми, проза... сето тоа е обвиено со некоја тајновитост и мистика, но истовремено е и директно и жестоко. И, како ретко кој друг автор, Зоран Пејковски пишува за смртта. Така е и во неговата најнова стихозбирка „Здивот на смртта“. Смртта, всушност, за Пејковски подолго време е опсесивна тема и преокупација. Неговите песни се пророчки, искрени и доживеани, па, би рекле, дури и манифестни и тестаментални. Поезијата од „Здивот на смртта“ е згусната, јадровита, чиста, незамаглена, лапидарна, концизна, мисловна, сликовита и експлицитна. За нејзината кохерентност, конзистентност и когнитивност сведочат напевите во кои е содржана една од најстожерните, најприсутните и најпротивречните теми, а тоа е смртта“. Притоа ќе додаде дека: „Оваа е најдобрата збирка песни на Зоран Пејковски!!!“

Што се однесува пак до авторот Зоран Пејковски тој е редовен академик и е единствениот натуралист во македонската литература. Тој е драмски писател, поет, прозаист, преведувач и публицист, дипломира и магистрира драматургија, а сега е докторант на Институтот за македонска литература - Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје.

Автор е и на „Градот на Јужното Море“ (роман, 2015); Што се однесува до публицистиката, академик Пејковски автор е и на: „Театарот е ритам и стил“ (публицистика, 2002); и „Театарот е фабрика за соништа“ (публицистика, 2012);

Пејковски за својот книжевно - драмско - прозни и поетски опус има добиено повеќе награди и признанија, меѓу кои: „За серија информации во популаризација на книгата“ на Културно-просветната заедница на Македонија, во 1992 година; наградата „Празник на липите“, во 2012 година, која ја доделува Друштвото на писателите на Македонија, на истоимената Меѓународна книжевна манифестација; наградата „Медијала“ на „Македонија презент“ за збирката песни „Сега знам“, во 2014 година, како и наградата „4-ти Ноември“ на Општината Битола, за книжевност и литература, за 2014 година, за драмскиот текст „Сите наши кодоши“ и збирката песни „Сега знам“. Потоа, академикот Зоран Пејковски во 2016 година ја добива наградата „Јован Котевски“ за збирката песни „Златна прашина“. Тој истата 2016 година ја добива и наградата „ЕРГО СУМ“ за популаризација и афирмација на театарскиот израз, како и наградата „Прозни мајстори“ за романот „Градот на Јужното море“. При крајот на 2016 година академикот Зоран Пејковски од НУУБ „Св.Климент Охридски“ од Битола ја добива наградата „Св. Климент Охридски“ за придонес во литературата и културата.

Исто така, со Решение № 37 на Советот на чувашките старешини и на Президиумот на Република Чувашија, која е државна организација на Чувашката народна академија на науките и уметностите од 25-ти март 2017 година, во градот Чебоксари, Република Чувашија, Руска Федерација, Зоран Пеjковски е награден со сребрениот почесен медал „Елтебер“ за исклучителен придонес во историското и културното наследство на чувашкиот народ и за особени заслуги во развојот на народната дипломатија меѓу народите на Македонија, Бугарија, Чувашија и Русија.

На 27.05.2017 Зоран Пеjковски е избран за редовен член (редовен академик) на Чувашката народна академија на науките и уметностите (ЧНАНИ). А пак со Протоколот бр. 1 (12) од 14.12.2017 година во градот Чебоксари е донесена одлука Зоран Пеjковски да биде избран и за почесен народен академик на Чувашија. Со почесното научно академско звање „Народен академик на Чувашија“ е награден на 18.01.2018 година во градот Чебоксари со Уредба на претседателот на Чувашката народна академија на науките и уметностите, академик Евгениј Ерагин. Всушност, Зоран Пејковски двапати е академик на Чувашската Република. Тој е редовен академик на Чувашката народна академија на науките и уметностите и почесен академик на Чувашија.

Член е на Друштвото на писатели на Македонија - Скопје од 1995 година; член на Собранискиот одбор на Друштвото на писатели на Македонија - Скопје; член на Македонското научно друштво од Битола и член на неговиот Управен одбор; претседател на Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ од Битола; главен и одговорен уредник на списанието за книжевност, уметност и култура „Раст“, кое излегува во рамките на Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ од Битола; потоа тој бил и основоположник и раководител на Центарот за култура, литература, драмска уметност, филм, издаваштво, кој работи во рамките на Македонското научно друштво, а бил и главен и одговорен уредник на списанието за култура, литература, драмска уметност, филм и издаваштво „Современи дијалози“ кое излегува во рамките на МНД; Инаку, академикот Зоран Пејковски е член и на Сојузот на независните писатели на Бугарија, како и член на Хрватското книжевно друштво.

Притоа треба да се истакне дека академикот Зоран Пејковски е преведуван и препејуван на повеќе странски јазици: англиски, француски, српски, хрватски, црногорски, босански, словенечки, руски, бугарски, грчки, албански, португалски, полски, шпански, романски, влашки, итн.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Со изложбата „Портали“ одбележан „Европскиот ден на уметничка креативност“

$
0
0
Вовед: 

Вчеравечер (21.03.2018 година, среда) во Музеј на град Скопје се отвори изложбата на дела од 9 млади уметници, насловена „Портали“.

Содржина: 

Оваа изложба се организира во рамки на проектот „КРЕАРТ“ - Мрежа на градови за уметничко творештво (CreArt - Network of Cities for Artistic Creation), а истата е дел од активностите за одбележување на 21 Март - „Европскиот ден на уметничка креативност“.  

Изложбата „ПОРТАЛИ“ ја отвори Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.

- Град Скопје, со приклучување кон проект КРЕАРТ, направи обид во градот да се внесат нови стимулативни вредности и иницијативни императиви во културниот живот, првенствено во полето на визуелните уметности - нагласи Љубица Јанчева.

Таа додаде дека осознавањето на новите културни вредности и императиви, како и нивната реализација е стимулирана преку воспоствувањето нови меѓународни партнерства и размени, и учество на уметниците и кураторите од градот Скопје во програмските активности, што се оддржуваат во градовите-партнери во проектот .

- Задоволство ми е што Град Скопје е партнер во Проектот, а уште поголемо е задоволството што овој и ваков Проект, ќе поттикне на понатамошно восприемање на уметноста како олицетворение на духовната и креативната убавина на авторите на уметничките дела – резимираше Јанчева .

Присутните учесници и гости на настанот, ги поздравија и директорката на Музеј на Град Скопје, Фросина Зафировска, и програмскиот експерт во проектот Креатр, Јасминка Намичева. Град Скопје од 2017 година стана партнер во Креарт (Мрежа на градови за уметничко творештво)  што претствува  европска мрежа составена од градови и од јавни и приватни културни институции. 

Во проектот КРЕАРТ (CreArt) учествуваат 12 градови од 9 земји, и во него освен  Скопје се вклучени и Ваљадолид од Шпанија, Џенова од Италија, Ливерпул од Велика Британија, Клермон-Феран и Руан од Франција, Загреб од Хрватска, Каунасод Литванија, Лублин и Катовице од Полска и Авеиро од Португалија.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
Galerija: 
додади слика: 

Филмот „Бикини Мун“ од вечер пред македонската публика

$
0
0
Вовед: 

Во кино „Милениум“ вечер од 20 часот скопска премиера ќе има петтиот игран филм на Милчо Манчевски - американскиот „Бикини Мун“ кој македонскиот режисер во целост го сними во Њујорк со меѓународна екипа.

Содржина: 

 

По првата, филмот вечер ќе има уште една проекција - од 22 часот, а од утре ќе биде на редовниот репертоар на киното, од 20 и од 22 часот. 

„Бикини Мун“ е современа трагедија за жена (улогата ја игра актерката Кондола Рашад), која била војник во Ирак и по враќањето живее како бездомник на улица во Њујорк, и затоа што е ментално нестабилна, и ја одзеле ќерката. 

- Нејзиниот поглед на стварноста, затоа што е ментално нестабилна, затоа што е повратник, е одлична порта во испитувањето на она што не интересира во овој филм, а тоа е нашиот однос кон вистината и тоа како медиумите, во случајот документарниот филм, ја менуваат вистината за која известуваат, вели Манчевски. 

Светската премиера на филмот беше на фестивалот во Сао Пауло, Бразил, а американската на Синеквест фестивал во Сан Хозе, Калифорнија. На 38. Меѓународен филмски фестивал „Фантаспорто“ во Порто филмот ја освои специјалната награда од жирито.

Ќе биде прикажан и на фестивалите во Сарасота во Флорида, во Истанбул, има покана за  Филмскиот фестивал Менхетен во Њујорк, во Франкфурт и Нешвил во мај.

Во главните улоги се и Сара Голдберг, Вил Џеновиц, Сатја Сридхаран и Микал Мишел Харис. Директор на фотографија е Џошуа З. Вајнстин. Покрај режисерот Манчевски, во процесот на создавање на филмот од Македонија учествуваа и композиторот на музиката Игор Василев Новоградска и дизајнерот на визуелни ефекти Мишо Ристов. 

Пред проекциите на „Бикини Мун“ во „Милениум“ ќе се прикажува и петминутниот експериментален филм на Манчевски „Крајот на времето“.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Изложба на артефакти со христијанска симболика од VI до XIX век

$
0
0
Вовед: 

Во Музејот на град Скопје вечер од 20 часот ќе биде отворена изложба „Артефакти со христијанско симболично значење од VI до крај на XIX век“. Автор е виш кустос, д-р Снешка Лакалиска.  

Содржина: 

Изложбата, која ќе може да се посети до 14 април, Музејот на град Скопје ја организира по повод претстојните велигденски празници. Таа ќе претстави сакрални експонати со христијански предзнак. Ќе бидат изложени крстови, кандила, вериги од полиелеј, триптих, восочно стапало, накит итн, изработени во автентичен материјал во зависност од нивната религиска функција и пораката што ја носеле. 

- Изложената збирка ја сочинуваат предмети од мал формат со висок уметнички квалитет од: ранохристијанскиот, византискиот, поствизантискиот и преродбенскиот период, како и литургиска опрема временски одредени од VI до крајот на XIX век. Предметите се грижливо собирани со археолошки ископувања на Скопската тврдина Кале, на платото пред црквата „Св. Спас“, при конзервацијата на фрескоживописот во црквите и манастирите низ скопскиот регион, дополнета по пат на откуп и подароци, соопшти Музејот на Град Скопје.

Дел од уметничките предмети се настанати како производ на локални мајстори со византиска предлошка или како увоз од византиски работилници. Некои од нив се донесени од Русија, а некои како поклонички сувенири од Светата земја. За изложбата е подготвен и каталог со превод на англиски јазик. 

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Јавен повик за уметнички престој во Скопје

$
0
0
Вовед: 

Во рамки на активностите на проектот „Креарт“ - Мрежа на градови за уметничко творештво (CreArt - Network of Cities for Artistic Creation), градските власти објавија отвoрен повик за уметнички престој во Скопје.

Содржина: 

Повикот се однесува за уметнички престој и работа во Скопје за двајца уметници, еден уметник кој живее и работи во Скопје и еден уметник кој доаѓа од 11-те градовите-учесници во проектот (Ливерпул, Ваљадолид, Џенова, Лече, Клермон-Феран, Руен, Загреб, Каунас, Лублин, Катовице и Авеиро).

Уметниците треба да работат во просториите на Културно Информативниот Центар - Скопје од 20 мај до 20 јуни, а на крајот од престојот ќе се организира изложба со новосоздадените дела.

Културно-информативниот центар-Скопје како организатор ќе ги покрие патните трошоци и сместувањето за уметникот кој доаѓа од градовите-учесници во проектот, трошоци за престој до 400 евра, а ќе бидат обезбедени и материјали за работа во износ не поголем од 500 евра. За уметникот кој доаѓа од Скопје, организаторот ќе ги покрие локалните патни трошоци, дневни трошоците до 100 евра и ќе бидат обезбедени материјали за работа во износ не поголем од 500 евра. Секој уметник ќе добие 250 евра како авторски надомест за изложбата.

Заинтересираните потребно е да обезбедат во еден документ во ПДФ формат: лична карта или пасош (скенирана копија), кратка биографија и целосно портфолио со уметнички дела, краток предлог-проект (една страна од А4) и графичка документација поврзана со престојот.

Пријавувањето за учество од заинтересираните уметници е директно преку веб-страницата на проектот и се врши директно со пополнување апликација наследниот линк 

Рокот за пријавување е до 20 април 2018 година.

Град Скопје од 2017 година стана партнер во „Креарт“ (Мрежа на градови за уметничко творештво) што претствува европска мрежа составена од градови и од јавни и приватни културни институции.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Филмови по избор на Васко Атанасоски во Кинотека

$
0
0
Вовед: 

Во Кинотеката на Македонија ќе бидат прикажани два филма по избор на андерграунд изведувачот Васко Атанасоски, кој за март е „уредник со причина“ - филмска програма што Кинотеката ја воведе минатиот месец.

Содржина: 

По негов избор денеска и утре од 20 часот ќе биде прикажан „Избавување“ (Deliverence) - американски филм од 1972 година во режија на Џон Борман, снимен по сценарио на Џејмс Дики, со три номинации за Оскар и со четири за Златен глобус. 

В недела, пак, по избор на Атанасоски од 19.30 часот ќе биде прикажан „Најдолгиот пат“ на режисерот Бранко Гапо, по сценарио на Петре М. Андреевски, кој во 1976 година ја доби наградата Голема сребрена арена на филмскиот фестивал во Пула.

По проекциите, од 22 часот во Кинотека, Атанасоски ќе го промовира својот прв соло-албум „Пази куче“ кој како винилно издание излезе во октомври 2017 година за „Geenger Records“ од Хрватска, заедно со „Балкан Велики“ - издавачката куќа на Атанасоски.  На оваа плоча тој е продуцент, автор на текстовите, музиката и аранжманите, а воедно и вокал, гитарист, басист.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Турска техничка опрема за Националниот конзерваторски центар од ТИКА

$
0
0
Вовед: 

Националниот конзерваторски центар (НКЦ) доби техничка опрема - донација од Турската агенција за соработка и развој-ТИКА...

Содржина: 

За потребите на Центарот, ТИКА донираше 26 компјутери, еден плотер, седум печатачи и бекап-сервер. Донацијата ја предаде Ајтекин Ајден, координатор на ТИКА за Република Македонија и ја прими директорот на НКЦ Мемет Селмани.

Министерот Алаѓозовски рече дека оваа донација е доказ за добрата соработка и поддршката од ТИКА и Турција во сите сфери, а особено во заштитата на културното наследство. 

- Сметаме дека токму оваа донација ќе ги зголеми капацитетите на Националниот конзерваторски центар да може поуспешно да ја остварува таа своја улога. ТИКА е посветен партнер и голем помагач на Македонија и ние очекуваме дека ова стратешко партнерство ќе продолжи и дека ќе влеземе во уште многу соработки. Оваа донација е значајна за нас, затоа што имаме многу наследени проблеми. Во рамки на нашиот буџет ги одредивме приоритетите и тешко ни е некогаш да одлучиме дека набавката на нова опрема спаѓа меѓу најургентните, рече Алаѓозовски, додавајќи дека планираат во идните години да ги зголемат инвестициите за набавка на техничка опрема. 

Директорот на Националниот конзерваторски центар Мемет Селмани, се заблагодари за подарената опрема и рече дека таа ќе ја унапреди нивната работа. Потсети на помошта од ТИКА во изминатите години.

- ТИКА е наш повеќегодишен партнер и финансиски поддржувач на повеќе значајни проекти во сферата на конзервација и реставрација на културното наследство од отоманскиот период на територијата на Македонија. Имаше и целосно разбирање за еден ваков, поразличен проект за обнова на застарената и во најголем дел нефункционална компјутерска опрема во нашата институција, рече Селмани.

ТИКА е организација на Владата на Турција која во Скопје има канцеларија 13 години. Координаторот за Република Македонија Ајтекин Ајден посочи дека функционираат во многу области, а за оваа донација, било одлучено со цел да се поддржи работниот процес на НКЦ и развојот на неговиот капацитет. 

- Од 2005 година ТИКА реализираше над 850 проекти во Република Македонија. Најприоритетни се проектите од областа на здрвството и образованието, како и во земјоделството. Заштитата на културното наследство и проектите од областа на реставрацијата се, исто така, многу значајни и имаме реализирано голем број. Целта е тоа на најубав начин да им се пренесе на идните генерации, а и да се привлечат што повеќе туристи во Македонија, истакна Ајден.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

На денешен ден: Роден е Ристо Шишков

$
0
0
Вовед: 

Не денешен ден, 23 март 1940 година во селото Мрсна, кај Серез, Егејска Македонија, е роден Ристо Шишков, македонски драмски, филмски и телевизиски актер, еден од најталентираните во македонската актерска уметност.

Содржина: 

Академија за театар завршил во Белград. Постојан член на Македонскиот народен театар станал од 1964 година.

Во децениското живеење на оваа сцена остварил многу ликови како и бројни незаборавни ролји во македонски играни филмови „Републиката во пламен“, „До победата и по неа“, „Црно семе“, „Жед“, „Истрел“, „Црвениот коњ“ и други.

Бил проследуван од тајните служби на СФР Југославија и СР Македонија како македонски националист и бил осуден и затворен.

Умрел во Скопје, на 17 јуни 1986 година.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Што претставува епилепсијата?

$
0
0
Вовед: 

На кратко,што претставува епилепсијата?  Епилепсијата (доаѓа од старогрчкиот збор epilepsia, што значи "напад") е често хронично невролошко пореметување кое се карактеризира со напади. Тие напади се краткотрајни знаци и/или сипмтоми на абнормална, претерана или хиперсинхрона невронска активност во мозокот. 

Содржина: 

Како да препознаеме и како да помогнеме на лице кое има епилептичен напад? 

Да се види некој кој има епилептичен напад понекогаш може да биде многу драматично. Симптомите,најчесто зависат од тоа кој дел од мозокот е зафатен,односно дали станува збор за фокален или генерализиран напад. 

При нападот,лицето може одеднаш да падне со испуштање на крици,прво се вкочува а потоа почнува да ги треси екстремитетите. Исто така ,можно е да има 

Пена или крв (најчесто поради гризање на јазик) на уста.

Многу често  мислиме дека луѓето кои имаат епилептичен напад се загрозени од  “голатње “ на јазикот и гушење. Погрешно! Јазикот најчесто останува фиксиран, така што ставањето раце во уста,кршењето на заби со предмети, односно секоја манипулација за насилно отворање на устата е погрешна и штетна за здравјето на пациентот.

Кога ќе се најдете во ваква ситуација, најпрво што треба да направете е да останете смирени. Како вие, така и луѓето околу вас. Свртете го лицето на страна, така што ќе има подобра проодност во дишните патишта и ќе спречеме од гушење од пената или крвта во уста. Ставете перница или било што меко, со што ќе ја подигнете главата. 

Не се препорачува давање на било какви лекови, храна или вода за време на епилептичниот напад, па и потоа. Потрудете се околу вас да има простор, така што лицето по завршувањето на нападот немора да се справува со дополнителен стрес. Отстранете ги предметите околу вас, со што ќе бидете сигурни дека лицето нема да се повреди. Бидете мирни и не употребувајте нагли и груби движења. Бидете со лицето се‘ додека не се освести, обраќајте се со нежен и мирен глас. 

Кога да повикаме брза помош?

-ако нападот трае повеќе од 5 минути

-ако лицето е бремено

-ако нападот се повтори повеќе пати

-ако нападот се случи во вода

-ако лицето при нападот се здобило со телесни повреди

-доколку знаете дека му се случува прв пат

На крај, неколку збора за Светскиот ден за борба против епилепсија - Виолетов ден

Виолетовиот ден е меѓународен ден посветен на напорите за зголемување на свеста за епилепсијата во светот кој веќе од 2014 година на 26 мартсе обележува и кај нас  од страна на   Здружението на граѓани за лица со епилепсија и родители на деца со епилепсија во Република Македонија –  ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА. Избрана е  виолетовата боја, бојата на лаванда, што е меѓународна боја за епилепсија, но тоа, исто така, поврзана е со чувството на осаменост, коe често се јавува како резултат на општествена стигматизација и изолација на луѓето со епилепсија.

“Епилепсијата е начин на живот,а не хендикеп “ 

Подготвил Васе Ташева

Извор: Еpilepsy Society

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

IN MEMORIAM: Почина Симеон Иванов - Канго

$
0
0
Вовед: 

Денес (26 март 2018) по долго боледување, почина македонскиот рок музичар и гитарист, Симеон Иванов - Канго...

Содржина: 

Симеон Иванов - Канго (познат и само по својот прекар Канго) македонскирок - музичари гитарист, поет, сликар и основач на културното движење „Мактеон“ кое има за цел да ја промовира македонската нација, култура, јазик, земја, а особено античко-македонското наследство на денешниот македонски народ. Беше познат е по својот необичен стил налик на стилот на легендарниот гитарист Џими Хендрикс, чиј гoлем почитувач беше Канго.

Симеон Ивановсе роди во Кочанина 2 Ноември 1951 година, каде што го заврши основното и средното образование и каде и велиот свој живот живееше. Дипломирал на правниот факултет во Скопје. Со рокенрол музиката се занимава од раната младост, а во 2005година го прослави 40-годишниот јубилеј од својата музичка кариера со концерт во Домот на АРМ во Скопје. Во неговата долга музичка кариера, свирел заедно со скоро сите музичари од неговиот град и пошироката околина.

Канго беше гитарист, текстописец, аранжер, композитор и продуцент на неговиот истоимен бенд, кој опфаќа гитара/вокал, бас гитара и тапани.

Над 20 години, Канго е и сопственик на училиште за рокенрол музика каде го предава своето искуство на помладите генерации. Автор е на 4 збирки поезија: „Воскреснување“ (1988), „Вознесување“ (1989), „Вдахновение“ (1990) и поемата „Распетие“ (1997). Има издадено 6 музички албуми: „Воскреснување“ (1991), „Вознесување“ (1994), „Реинкарнација“ (1995) албум со преработки на песни на легендарниот гитарист Џими Хендриксво изведба на Канго, „Вдахновение“ (1996), „Проповеди“ (1997), „Проповеди“ (1998) кој е компилација од најдобрите песни на Канго по повод 35-годишнината од неговата кариера. Кон крајот на 2007 година излезе седмиот албум наречен „Откровение“. Покрај многуте свирки и концерти во Македонија, Канго има настапувано и во странство на Заечарската гитаријада во 1994 и 2001 година, има одржано концерти во Нови Сади Белград 2004 и концерт во Виенаво 2004 година.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Македонскиот диџеј Галоски со бројни настапи во Јапонија

$
0
0
Вовед: 

Македонскиот диџеј ГАЛОСКИ го распродаде V2 еден од најпознатите клубови во Токио...

Содржина: 

Еден од најуспешните диџеи и продуценти од земјава ГАЛОСКИ со огромен успех на својата мини турнеја во Јапонија. Галоски успеа да го распродаде V2 Tokyo, кој е еден од најпознатите и најпопуларни ноќни клубови во Токио, каде што како дел од листата на артисти кои настапуваат и гости може да сретнете имиња Justin Bieber, One Direction, Neymar, Dr Dre, The Chainsmokers, The Black Eyed Peas, Florida, Ne-Yo и други.  

Како дел од неговата мини турнеја во Јапонија нашиот диџеј и продуцент настапи и во ELE TOKYO и VILLA TOKYO. 

На еден од настапите нашиот диџеј имал специјална посета од г-дин Џеки основачот на DJMAG (Јапонија), едно од најголемите светски списанија за електронска музика и диџејство, што само ја потврдува големината на нашиот артист.

До крајот на месецот Галоски ќе настапи во Шпанија, Австрија како и заедно со светски познатиот диџеј Афроџек на 30.03.2018 во Љубљана, Словенија. 

Галоскинеодамна потпиша издание за една од најголемите издавачки куќи за електронска музика во светот Armada Music која е во сопственост на светската денс икона Armin van Buuren. 

 

 

 

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Промоција на романот „Граница“ од академик Луан Старова

$
0
0
Вовед: 

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје ќе се одржи промоција на романот „Граница“ од академик Луан Старова.

Содржина: 

Романот е шеснаесетта книга од неговата балканска сага. „Граница“ е значајна книжевна творба за балканските граници, за нивната вплетеност во судбината на луѓето и таа, со својата интимна текстура, сведочи за балканскиот трагизам.

За најновиот роман на Старова ќе зборува проф. д-р Елизабета Шелева. Промоцијата ќе се одржи на 28 март (среда) 2018 година во спомен-собата на Миладиновци, со почеток во 12.00 часот Луан Старова (1941)– еден од најпознатите писатели во Република Македонија.

Автор е на 16 романикои ја опфаќаат цикличната сага именувана од авторот како „Балканска сага“.

Неговите романи се преведени на многу јазици а за своето книжевно дело е добитник на повеќе престижни домашни и светски награди. Добитник е и на престижното француско признание Командант од редот на уметностите и книжевностите и на еден од најголемите француски ордени - Офицер на националниот ред на легија на честа.

Пишува на македонски, на својот мајчин албански јазик и на француски јазик.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Објавена книгата „Македонската агонија и излезот од неа“ од Стефан Влахов Мицов

$
0
0
Вовед: 

Деновиве од печат излезе најновата книга на проф. Д-р Стефан Влахов Мицов насловена „Македонската агонија и излезот од неа“. Таа е своевиден продолжеток на книгите „Држава како се гради и брани“ (2013) и „Македонска национална програма“ (2016). 

Содржина: 

Разликата е во тоа што претходните книги беа монографски дела, а сега имаме зборник од колумни објавени во период од една година. Општото пак е во тоа што спомнатата тријада е синтеза од теорија и практика. Теоретски концепти за македонската историја и македонската државност и конкретни сугестии.

 Во изминатиот период авторот на оваа книга имаше три цели: Прво, да даде концептуален осврт и синтеза на македонската историја, традиција и психологија во кон- текстот на балканската па и пошироко – на светската историја. Плод на таа задача беа книгите „Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет“, „Македонската еманципација на Балканот“, „Филозофија на балканскиот пекол“, „Балканска психологија“, „Државници и марионети“, „Творечки дострели во македонски дух“, „Илинденски лидери“. Второ, врз основа на достигнувањата и проблемите (со еден збор – на Голготата) на македонскиот народ и македонската државност, да создаде концепт-матрица за позитивен пресврт кон македонската иднина.

Тука се спомнатите „Држава како се гради и брани“ и „Македонска национална програма“. Трето, да се создаде и реализира конкретна пр грама за дејствие односно зачувување на македонската држава, на македонското име (идентитет), на унитарноста на Македонија. Тука веќе главна улога имаат колумните заради нивната конкретност и експлозивност. Тие се остриците на „Македонска национална програма“, нејзините „бомби“. Затоа што книгата беше објавена во 5 000 примероци, а секоја од колумните во сегашниот зборник при нејзиното претходно објавување е читана од десетици илјади Македонци.

Според самиот автор, има неколку причини да бидат објавувани колумните во книга. Влахов Мицов наведува дека „Денес времето е синтезно и динамично-драматично, посебно за македонскиот народ и македонската држава. Нема време за поделби теоретичари – прагматичари. Мора да го браниме тоа што сме го напишале со својот живот, со практични дејствија. Потребен е целосен континуитет меѓу зборови и дела“. На крајот заклучува дека „авторот е решен да мине од зборови кон дејствија. Таква улога има и книгава која е пред вас“.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Обновување на сликарството на Црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново

$
0
0
Вовед: 

Обновување на сликарството на Црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново – Ремек дело на византиската уметност во Македонија...

Содржина: 

Оваа изложба ги претставува резултатите од проектот Македонски фрески – Маско 360 реализиран од страна на Здружението Македонида од Скопје под раководство на д-р Панче Велков, во соработка со Професор д-р Филип Нивонер од Факултетот за Христијанска археологија и византиска историја на уметност при Универзитетот во Гетинген, Германија, а со подршка на германскиот институт Макс Планк и Управата за заштита на културното наследство на Република Македонија.

Фотографиите се направени во пролетта 2016 година, период во којшто веќе беа започнати конзервторските работи во црквата  во Курбиново. Така, иконостасот беше изваден од црквата со што се пружи единствена можност студентите од Гетинген непречено да ги фотографираат светски познатите фрески во курбиновската црква – ремек дело на византиската уметност од 12 –иот век.

По премиерата во Националната институтиција Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Битола  во јуни 2017 , оваа изложба ќе има можност да ја види скопската публика. Домаќин на изложбата ќе биде Музејот на Град Скопје,а настанот се реализира во соработка со Здружението Македонида и Завод и Музеј - Битола , а со подршка на Министертсвото за култура на Република Македонија. 

На отворањето на изложбата во Музејот на Град Скопје во среда 28 март во 20 часот, ќе биде  прикажана и кратка видео презентација која ги претставува резулатите од конзерваторскиот проект на црквата Cвети Ѓорѓи во Курбиново, кој се реализира од страна на надлежната институција Музеј и Завод – Битола , под раководство на м-р Ристо Палигора, советник конзерватор при Музејот. 

Оваа презентација влегува во рамките на една поширока кампања за валоризација и промоција на црквата Свети Ѓорѓи во Курбиново и нејзината конзервација, која ја води здружението Македонида во соработка со нашите германски и француски партнери. Така, изложбата по скопското претставување ќе патува во Минхен, каде ќе биде претставена  во просториите на престижниот Универзитет Лудвиг Маскимилијан, поточно на Факултетот за византиски и современи грчки студии. Оваа изложба ќе ги отвори своите врати на 7 мај оваа година.

 

 

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Хуманитарен базар за Ангела

$
0
0
Вовед: 

20ина ракотворци-хуманитарци во соработка со Црвениот крст на Град Скопје и Капитол Мол организираат хуманитарен базар. Собраните средства ќе бидат наменети за Ангел К.(17) од Скопје која боледува од церебрална парализа.

Содржина: 

Хуманитарниот базар ќе се одржи на 29 и 30 април во Капитол мол, а собраните средства ќе бидат донирани за помош на Ангела и нејзиното семејство кое живее во тешки услови. 

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Театарска претстава „Синиот портокал“ во КИЦ во Софија

$
0
0
Вовед: 

По повод Меѓународниот ден на театарот во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија на 29 март (четврток) 2018 година од 18:30 часот, гостува Велешки театар  „Јордан Х. К. Џинот“ со театарската претстава „Синиот портокал“ од Џо Пенхол. 

Содржина: 

Режисер на претставата е Александар Ивановски, драматург - Kатерина Момева, сценографија- Филип Коруновски, автор на музика- Сашко Костов, со учество на Самоил Стојановски,Фаик Мефаилоски и Жарко Спасовски.

Во време на глобализација кога сакаме да ги надминеме табуата за разликата во бојата на кожата, националност и културните наследства кои ги носиме во себе, оваа драма топло ја брани неправдата која ја нанесуваме некогаш преку негативна, а некогаш преку позитивна дискриминација. Во оригиналната драма централен лик е афроамериканец, кој доаѓа од црнечкото гето и е болен од шизофренија.

Оваа драма е уште и за современата психијатрија, со застарени методи на лекување и беспомошноста на докторите да ги лекуваат своите пациенти без седативи.  Ликови се Брус, Кристофер и Роберт. Брус е психијатар со помало искуство од Роберт, но многу е приврзан за својот пациент. Иако на двата еминентни психијатри би требало да им биде поважен животот на пациентот, бирократските правила, колегијалните местенки и ривалството во еден момент стануваат поважни од се.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 
Viewing all 4807 articles
Browse latest View live


<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>