Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all 4807 articles
Browse latest View live

Поезија од бугарската поетеса Евелина Митева

$
0
0
Вовед: 

Денеска ви претставуваметри песни од бугарската поетеса Евелина Митева (1981) која е доктор по филозофија при универзитетот во Софија (2010) и универзитетите во Бари (Италија) и Келн (Германија) (2014). Песните се во препев на Митко Гогов.

Содржина: 

Евелина Митева ги држи семинарите за средновековна филозофија на Универзитетот во Келн. Автор е на монографијата „Антропологија на Алберт Велики“ (University Publishing, 2016), а преведува филозофски текстови од латински и германски, статии, есеи и критики.

Нејзините песни и раскази се објавени на бугарски, шпански и италијански. Живее во Келн со своето семејство и четири деца.

Претпролетна

 

Пролет, задишана пролет

се протнува прво во пороите,

во сивите денови и маглите,

во дождовите, ветровите

и со духот на тревите –

пролетта

не заплашува со мечтаење.

 

 

Од денес

 

Готова сум.

Го зедов ранецот

и нешто за пишување.

На никого не кажав дека тргнувам.

Дури и самата

не знаев дека сум заминала.

Разбрав

по синото небо со длабоки облаци,

пожолтените ниви – тешки и летни,

синчецот, сув и остар,

и по оваа долга, долга кривина.

Дури и да се вратам,

дури и да не изгледам поразлично –

знам – патот е во мене

и јас сум замината.

 

 

 

Домашна вештерка

 

Сакав да научам

како се прават магии. Баш така.

Вдишувам љубов –

издишувам ветер,

ја мешам напивката.

Ментол, маточина и мед.

Бркам магии, љубов, ѕвезди,

баници, перење, топли супи.

Ветерот ме вее, лисјата ме следат

но јас не се предавам – ги собирам и нив

во шкафот

со сѐ спомените и чајот.

 

 

Препев од бугарски јазик: Митко Гогов

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Прошетка низ изложбата на Борко Лазески со Д-р Кирил Пенушлиски

$
0
0
Вовед: 

Во текот на следната недела се затвора изложбата на Борко Лазески, која во изминатите две месеци беше поставена во Националната галерија на Македонија, објект Даут пашин амам. Како своевиден „шлаг на тортата“ ќе биде предавањето на д-р Кирил Пенушлиски, на кое публиката ќе може по непосредно да дознае за делото на овој голем автор. 

Содржина: 

Нa 3 април (вторник), со почеток во 19 часот, во просториите на Даут пашиниот амам, ќе се одржи предавање со прошетка низ изложбата на Борко Лазески, со историчарот на уметност проф. Д-р Кирил Пенушлиски.

На истото, публиката ќе може директно да се запознае поблиску со делото и творештвото на големиот Борко Лазески, и во интеракција со д-р Пенушлиски и да дознае нешто повеќе за авторот.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Цветници - празник на последното влегување на Исус во Ерусалим

$
0
0
Вовед: 

Празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица секогаш е една недела пред Велигден и се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери со цвеќе и врбови гранки, како и со својата облека му го постилале патот.

Содржина: 

Една недела пред Велигден е празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица, што се празнува во спомен на влегувањето на Исус во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери кршеле цвеќе од дрвјата и врбови гранки, и со нив, како и со својата облека му го постилале патот по кој минувал. Саботата пред Цветници се вика Лазарева сабота или Лазарица. Според преданието во саботата умрел Лазар од Витанија, а во неделата Исус го воскреснал. Поради тоа во народот неделата се смета за поголем празник од саботата.

Според тогашните закони учител можело да биде само лице што наполнило триесет години. Исус веќе четврта година го проповедал своето учење, а бидејќи за Пасха мноштво народ доаѓал во Ерусалим за да го прослави празникот и Исус по четврти пат доаѓал како учител. Но тогаш разбрал дека неговиот пријател Лазар од Витанија е тешко болен. Исус веднаш се упатил таму, но стигнал четири дена по неговата смрт и по погребот. Сестрите на Лазар Марта и Марија го прекориле Исуса велејќи му дека ако дојдел навреме немало Лазар да умре. Марта му рекла: „Господи, ако беше Ти овде, немаше да умре брат ми. Но и сега знам што и да посакаш од Бога, Бог ќе ти даде“. Легендата вели дека Бог сакал Лазар да умре за врз него да се манифестира силата Божја. Кога дошол до гробот Исус го повикал Лазара: „Лазаре, излези надвор“. И Лазар веднаш излегол завиткан со платно на рацете и нозете и со крпа околу лицето. Сите што го виделе тоа се почудиле и поверувале дека Исус е синот Божји. Со овој чин Исус уште повеќе се здобил со слава. И пак се упатил кон Ерусалим.Кога стигнал во подножјето на Маслиновата гора Исус пратил двајца свои ученици во Витфагија да му донесат осле (магаре) и ослица. Им рекол: „Одете во селоно, што е наспроти вас и веднаш ќе најдете врзана ослица и осле со неа; одврзете ги и доведете ми ги. А ако ви рече некој нешто, ќе му кажете дека му се потребни на Господа и веднаш ќе ги прати“. Учениците ги донесле, а потоа ги ставиле на ослето своите облеки врз кои седнал Исус и така влегол во Ерусалим поздравен од мноштво народ.Ваквиот пречек на Исус во Ерусалим бил последица од неговата голема популарност меѓу народот уште повеќе зголемена по воскреснувањето на Лазара. Се поставува прашањето, зошто Исус во Ерусалим влегол качен на магаре? Толкувачите на Светото писмо истакнуваат дека кај источните народи магарето било симбол на мирот наспроти коњите што служеле за водење војни. Магарето мирно му служело на човекот како што и Исус му служел на народот. Пречекувајќи го Исуса воодушевениот народ со цвеќе, врбови гранки, но и со својата облека го постилал патот и пеел: „Осана на синот Давидов. Благословен е оној кој доаѓа во името Господово. Осана на вистините“. Во спомен на ова свечено влегување на Исус во Ерусалим уште од најраните христијански времиња е востановен празникот Цветници кој, меѓутоа, се празнува од III век. На иконите овој чин е насликан како Исус јава на магаре, а неговите ученици и народот му го постилаат патот со цвеќе и облека.Воскреснувањето на Лазар претставува предвесник на Христовото воскресенување, но и праобраз на општото воскресение на сите луѓе при Второто Христово пришествие. Затоа, впрочем и има големо значаење. Со своето воскресение Исус потврдил дека претстои воскресение за сите луѓе. „Значи нема да воскреснат само праведниците, а грешниците да исчезнат, туку сите ќе воскреснат и ќе се претстават пред Страшниот Христов Суд.“Како што при Рождеството Христово зборуваме за две природи односно за раѓање на Богочовекот, Богомладенецот Исус така и во овие празници, исто така, гледаме дејство на двете природи Божјата и човечката. И тие природи секогаш дејствуват неразделно, односно слеано при што едната ја помага другата. „Затоа кога Христос ги вршеше Божествените нешта содејствуваше човечката природа, а кога ги вршеше човечките нешта, тогај содејствуваше Божјата природа. „светите отци, за да ја прикажат оваа вистина, велат дека секоја природа дејствуваше „преку другата“, т.е. во заедница со другата природа.“ Токму во случајот со воскреснувањето на Лазар се гледа како дејствуваат двете природи. „Хритос како човек заплака за смртта на Својот пријател Лазар, но како Бог, со Својата Божествена сила го воскресна.“Во евангелските текстови се вели дека Христос двапати просолзил. Еднаш тоа е при веста за смртта на пријателот Лазар. И со тоа Христос ја покажува својата човечка природа. „Солзите Христови укажуваат на човечката природа, и тоа дека ја прими целокупната природа. Така, Христос и на тој начин покажува дека освен што беше совршен Бог, беше и совршен и целосен човек.“

Во петроградското списание „Живаја старина“ во 1889 година објавени се повеќе обичаи и песни од Галичник запишани од Панајот Ѓиноски меѓу кои и такви што се изведувале на Цветници. „Цветници ја наречуваме Цветоносна недела, т.е. неделата што е пред Велигден. Утрината рано помладите невести ќе се променат во нова промена до тога необлечена, ќе си клает нов сокај и преврзок на глава или на чело и дарпна врзана и заедно со сфекрвите си, ќа си поет в цркоф на причесна. Напред требит да се причестит дете 3-5 годишно, пак по него невестата. Ако немат свое дете куќно ќе земет од некоја роднина, а без дете не се причестуват невестата, така гледает. В црков раздавает цвеќа (над кое пејана молитва) на сите, зато се таја недеља наречуват цветна.“И во Скопско на Цветници се одело во црква од каде секој земал китка цвеќе, ја ставал во појас и ја носел цел ден. Во селата на Скопска Црна Гора тој ден се раздавал здравец, а по службата во црквата жените служеле баница, погача, ракија и слично.Во гостиварското село Вруток на празникот Цветници се одело на цвеќе. „Напред по цвеќе одевме на Цветници во местото што се викат Бука. Таму беревме каќунки, петопрс, здравец и други цветќа. После се враќавме назад и се допиравме ке чешмата на Ласко-Равен. Туе ќе си ручавме посно јадење: риба, маслинки и друго. Нестите и дејките ќе го китеа зравецот и другото цвеќе. После ќе пеевме, оро ќе тргаа нестите и ќе си пеа, а мие машките-ергените и младоженците гледавме како играат. И мие машките игравме само ко имаше тʼпан.“

Свети пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 

Преданието раскажува дека на 27 март (с.с.) 1558 година како и обично монашкото братство од манастирот „Пречиста – Кичевска“ се подготвувало за утринска литургија. Тогаш манастирот бил нападнат од османлискиот аскер кој ги пустошел македонските манастири. Монасите го напуштиле манастирот и се засолниле во околната шума каде што ја довршиле литургијата. Само тројца од монасите: Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј останале во манастирот готови да го примат маченичкиот венец. Пред разбеснетиот аскер тројцата монаси ја манифестирале силната љубов кон верата, и решеноста да примат жртва во името на својот Спасител Исус Христос. Тие биле подложени на страшни измачувања, а потоа им биле отсечени главите.

Кога останатите монаси и мирјаните ја завршиле литургијата во блиската шума и кога се вратиле кај манастирот виделе страшна глетка. Манастирот бил запален, а телата на тројцата свети старци и духовни учители лежеле кај манастирската црква во местото Господинец.Селаните од околните села, заедно со ужалените монаси од манастирот се собрале околу светите тела на тројцата преподобномаченици, тагувале и ги бакнувале со стравопочит и со солзи во очите.Со силното молитвено застапништво на светите тројца преподобномаченици, застанати пред престолот на севишниот Бог и под покровителство на Пресвета Богородица, светата обител на се распуштила. За шест години бил изѕидан нов храм од камен.Во 2012 година Македонската православна црква ‒ Охридска Архиепископија ги прогласи за светци. 

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Изложба на Филип Фидановски во МКЦ

$
0
0
Вовед: 

Во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје вечер (2 април) ќе биде отворена најновата изложба на Филип Фидановски насловена „Причина“.

Содржина: 

Делата за оваа изложба се направени во 2017 година, а дел годинава во повеќе различни техники, дигитален принт, фотографија, керамика, принт на платно. На изложбата ќе бидат прикажани 13 дела со различна димензија, дел се триптих, полиптих и комбинирани инсталации.

Филип Фидановски е роден во Скопје во 1977 година, а дипломирал во 2002 година на одделот за керамика и магистрира во 2006 година на Националната уметничка академија во Софија.

Во периодот од 2003-2008 година работи како доцент на Факултетот за ликовни уметности при универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје. Од 2008 година е професор во Државното средно училиште за ликовни уметности и дизајн „Лазар Личеноски“ во Скопје. 

Од 1995-2015 година учествува на 43 групни изложби во Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Белгија, Египет. Учествува и на голем број уметнички симпозиуми во Македонија и странство. 

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Почнува третиот студентски филмски фестивал „Филмоција“

$
0
0
Вовед: 

Проекции на филмови, работилници и мини концерти ќе понуди третиот студентски филмски фестивал „Филмоција“ што го организира Инситутот за филм - филмска Академија Охрид.

Содржина: 

Фестивалот почнува денеска со „Руфтоп стори“ на Газменд Нела, а ќе трае до 6 април.

Сите активности ќе се одвиваат во просториите на академијата во Охрид, а влезот е бесплатен. 

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Репертоар на Театарот за деца и младинци за април 2018

$
0
0
Вовед: 

Тековен репертоар на Театарот за деца и младинци за месец април 2018 година...

Содржина: 

                    ДЕН

ПРОБА

ПРЕТСТАВА

1.04.НЕДЕЛА

 

ЦРВЕНКАПА“  12:30 ч.                                               

2.04.ПОНЕДЕЛНИК

 

 

3.04. ВТОРНИК

 

 

4.04. СРЕДА

 

ПРЕМИЕРА ,,ТОБИ” – 19:00 ч.

5.04. ЧЕТВРТОК

 

Реприза ,,ТОБИ“ – 19:00ч.

6.04. ПЕТОК

 

              НЕРАБОТЕН ДЕН     

7.04.САБОТА

 

    НЕРАБОТЕН ДЕН

8.04.НЕДЕЛА

 

     НЕРАБОТЕН ДЕН

9.04. ПОНЕДЕЛНИК

 

   НЕРАБОТЕН ДЕН

10.04. ВТОРНИК

 

 

11.04. СРЕДА

 

,,ЕДНАШ СВЕТ ИЗГРАДИВ”- 20:00 ч.

12.04. ЧЕТВРТОК

 

,,БАЈКА ЗА ЦАРОТ НАЈ“  - 19:00ч.

13.04. ПЕТОК

 

 

,,ГИГА МЕГА БАЈКА“ – 19:00 ч.

14.04. САБОТА

 

„ГРДОТО ПАЈЧЕ “- 19:00ч.

15.04.НЕДЕЛА

 

„ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП“- 12:30ч.

16.04.ПОНЕДЕЛНИК

 

 

17.04. ВТОРНИК

 

 

18.04. СРЕДА

 

,,ЕДНАШ СВЕТ ИЗГРАДИВ”- 20:00 ч.

19.04. ЧЕТВРТОК

 

 „ ПЕПЕЛАШКА “- 19:00 ч.

20.04. ПЕТОК

 

„МАЧОРОТ ВО ЧИЗМИ“- 19:00 ч.

21.04. САБОТА

 

„МАЛАТА СИРЕНА “- 19:00 ч.

22.04. НЕДЕЛА

 

,,УБАВИЦАТА И ЅВЕРОТ“- 12:30ч.

23.04.ПОНЕДЕЛНИК

 

 

24.04.ВТОРНИК

 

 

25.04. СРЕДА

 

 

26.04.ЧЕТВРТОК

 

„ЦВЕТНАТА УЛИЦА“ - 19:00 ч.

27.04. ПЕТОК

 

„ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП“ - 19:00 ч.

28.04. САБОТА

 

„ТОБИ“- 19 :00 ч.

29.04.НЕДЕЛА

 

 ,,ВОЛШЕБНИКОТ ОД ОЗ“– 12:30 ч.

30.04.ПОНЕДЕЛНИК

 

 

ТЕАТАРОТ ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО ЗА ПРОМЕНА НА РЕПЕРТОАРОТ

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

МНТ со изложба ќе го одбележи 73-от роденден

$
0
0
Вовед: 

Македонскиот народен театар по повод 73-тиот роденден кој го одбележува денеска, во текот на април ќе организира повеќе активности под мотото „Моќта на театарот“. Прва од повеќето планирани настани ќе биде изложбата „Моќта на актерот“ која од денеска напладне е отворена во фоајето на театарот. 

Содржина: 

- Изложбата е посветена на актерите што учествувале во разни претстави. На оние актери на кои најбројни им се т.н. епизодни ликови, без кои не може речиси ниту една претстава. На оние кои многу посветено и дисциплинирано го направиле секој лик и му ја дале својата душа, соопшти МНТ. 

Изложбата ќе прикаже оригинални фотографии на повеќе од триесет актери кои работеле од првата сезона на МНТ во далечната 1945/46 година, па сè до почетокот на 21 век: Вера Вучкова-Жежељ, Добрила Пуцкова, Добрила Чабриќ-Ивановска, Тома Киров, Кирил Ќортошев, Цветанка Јакимовска, Ратко Гавриловиќ, Драга Арсенска-Велможин, Драги Крстевски, Стојка Цекова, Борис Стефановски, Драги Костовски, Пантелеј Мирковски, Таше Кочовски, Кирил Попов, Вукан Диневски, Чедо Камџијаш, Анче Џамбазова, Димитар Костов, Кирил Андоновски, Душко Костовски, Владимир Светиев, Александар Џуровски, Кирил Псалтиров, Мирче Доневски, Кирил Коруновски, Александар Шехтански и Гоце Влахов.

Македонскиот народен театар почнал да работи на 3 април 1945 кога драмскиот ансамбл ја одиграл првата претстава „Платон Кречет“ од советскиот драматург Александар Корнејчук, во превод на Блаже Конески и во режија на Димитар Ќостаров. Историјата на МНТ почнала со првата реченица во оваа претстава: „Сонцето, колку е блиску Сонцето“, изговорена од актерката Вера Вучкова. 

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Филмот „Бикини Мун“ на репертоар и во Битола

$
0
0
Вовед: 

Филмот „Бикини Мун“ на Милчо Манчевски од утре (среда) ќе се прикажува и во 3Д Кино Битола, а потоа и во другите градови низ Македонија.

Содржина: 

Премиерно пред домашната публика филмот беше прикажан во Скопје на 22 март во кино „Милениум“, каде што е на репертоарот во термините од 20 и од 22 часот. 

„Бикини Мун“ е американски филм на Манчевски, сниман на локации во Њујорк. Приказната - психолошки портрет на Бикини Мун Дејвис – говори за искршениот идеал на модерното семејство, но и за изгубената приватност во светот окупиран од камери, мобилни телефони и сеприсутните социјални мрежи. Филмската структура на „Бикини Мун“ е филм во филм, во кој филмската стварност е двојно манипулирана.Светската премиера на филмот беше во Бразил на фестивалот во Сао Пауло, а потоа во Португалија ја освои специјалната награда на жирито. Беше прикажан и на фестивалите во Сан Хозе, Калифорнија (Синеквест), Белград и Софија. Следува Истанбул, каде проекциите се веќе распродадени, па Франкфурт, Нешвил, Менхетен...

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

ТВ дистрибуција на филмот „Борба за смрт“ во Европа, САД и Азија

$
0
0
Вовед: 

Краткометражниот филм „Борба за смрт“ обезбеди телевизиска дистрибуција преку каналот Shorts TV во Европа, Азија и Северна Америка, со што наградуваниот филм по сценарио и режија на Елеонора Венинова, продуциран од Гоце Кралевски од ДНФ филмс ќе стане достапен за публиката на овие континенти.

Содржина: 

Филмот ќе се прикажува на телевизиските екрани заедно со 3000 други филмови од светот, меѓу кои се и кратките филмови номинирани за Оскар во изминатите 12 години, како и престижни документарни кратки филмови.

Shorts TV е специјализиран филмски канал за кратки филмови кој во Европа се емитува во Германија, Белгија, Холандија, Словачка, Унгарија и Србија, а е достапен и преку поголемиот број кабелски оператори во САД.

 

- Ова е одлична можност филмот да го видат милиони луѓе од целиот свет по успешниот фестивалски живот кој го имавме изминатите две години. Кратките филмови, особено оние од Македонија, ретко наоѓаат телевизиска дистрибуција затоа што кај нас нема интерес за нив, но во светот има многу можности да се најде дистрибуција. Само треба да имате добар филм и истрајност во барањето на соодветен дистрибутер или канал, вели продуцентот Гоце Кралевски.

Филмот досега освои шест награди и учествуваше на 40-ина фестивали низ светот. Парадоксалната драма во која двајца старци се расправаат за последното гробно место во едно запустено македонско село се снимаше минатото лето во мариовското село Кален. Улогите ги играат  актерите Мите Грозданов и Илија Струмениковски, директор на фотографија е Димо Попов. Филмот е финансиран од Агенцијата за филм во соработка со ТВ Канал 5. 

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Наградата „Гласник на невидливите“ за документарецот „Собирачи“

$
0
0
Вовед: 

Тимот на „Види Вака“ ја доби наградата „Гласник на невидливите“ за документарниот филм „Собирачи“.

Содржина: 

Оваа награда е благодарност за новинарите кои пишуваат за социјални теми, поврзани со сиромаштија и социјална исклученост давајќи им глас на луѓето кои ретко имаат можност јавно да зборуваат за проблемите и се речиси општествено невидливи.

Наградата е организирана за првпат од страна на Македонската платформа против сиромаштија и е дел од проектот „Journalism-prize goes international“ инициран од Австриската платформа против сиромаштијата, а финансиран од ЕРСТЕ Фондација и Европската мрежа против сиромаштија.  Краткиот документарен филм „Собирачи“ ја следи животната приказна на Мифтар Себин од Скопје. Тој има 23 години и со своја количка собира пластика за да ги прехрани трите деца. Филмот прикажува како рециклирањето во Македонија се одвива врз грбот на неформалните собирачи на отпад, а другиот дел го работи бизнис секторот што со тие суровини прави бизнис.  „Види вака“ е медиум за дигиталната генерација и луѓето што се во постојано движење. Линк до документарецот: https://www.youtube.com/watch?v=LG-pu3_cF2Y .

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

„Тоби“ премиерно во Театарот за деца и младинци

$
0
0
Вовед: 

Во Театарот за деца и младинци-Скопје вечерва (среда, 4 април)  премиерно ќе биде изведена куклената претстава „Тоби“ според текст на Флоријан Зденек. Адаптацијата на текстот и режијата е на Драгослав Тодоровиќ од Белград. 

Содржина: 

Во „Тоби“ играат Марија Ѓорѓијовска, Катарина Илиевска Силјановска, Винета Дамческа Мојаноска, Ана Левајковиќ Бошков и Мики Анчевски. Креацијата на куклите, костимите и сценографијата е на Ирина Сомборац од Белград, со помош на Кирил Василев и Љубица Велкова како помошници. Видео анимацијата е на Емил Петро, композитор е Виктор Апостолоски. 

Директорката на Театарот за деца и младинци Катарина Илиевска Силјановска рече дека претставата е исклучително шарена и убава, наменета за најмладата публика и со кукли кои досега ги немал Театарот. 

Режисерот Тодоровиќ истакна дека со задоволство и леснотија работеле со екипата. 

- Претставатата не е моја, таа е наша. Текстот е многу интересен за мали деца, но и за адолесцентите бидејќи тие имаат најмногу превирања кога доаѓаат лудите или магарешки години, кога ништо не им се допаѓа на нивното тело. Постојано имаат незадоволство, се додека не ја согледаат личноста, а не ликот, рече Тодоровиќ. Додаде дека претставта е за децата, но и за возрасните кои ги носат во театар. 

Марија Ѓорѓијовска која го игра кучето Тоби рече дека целта на претствата е да бидеш таков каков што си, онака како што те создала природата.

Актерската екипа нагласи дека имале одлична соработка со режисерот, учеле, се надополнувале едни со други и уживале во подготовката на претставата. 

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Жена изврши напад со огнено оружје во централата на ЈуТјуб

$
0
0
Вовед: 

Идентификувана жената која го изврши нападот во централата на ЈуТјуб во Сан Бруно...

Содржина: 

Американските власти ја идентификуваа жената осомничена за пукањето во централата на ЈуТјуб во Сан Бруно во Калифорнија, јавија американски медиуми повикувајќи се на анонимни извори. Станува збор за Насим Агдам (39), која живеела во градот Риверсајд, а потоа во Сан Диего.

Жената го познавала еден од ранетите во нападот. Станува збор за маж кој веројатно бил цел на нејзиниот напад. Тој е со прострелни рани и е во критична состојба во болница во Сан Франциско. Ранетиот е на возраст од 36 години.

Во нападот ранети се две жени на возраст од 32 и 26 години. Полицијата смета дека тие не биле цел на нападот и оти причина за пукањето е домашна расправија. Жената била вооружена со пиштол и се самоубила.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Марк Закeрберг: На Фејсбук ќе му требаат неколку години да си ги реши проблемите

$
0
0
Вовед: 

На Фејсбук ќе му требаат најверојатно неколку години за да ги реши проблемите што беа откриени со скандалот поврзан со „Кембриџ аналитика“, за пропустите на оваа социјална мрежа при заштитата на личните податоци на корисниците, изјави основачот на компанијата Марк Закерберг.

Содржина: 

- Еден од главните проблеми на Фејсбук е неговиот „идеализам", бидејќи тој долго време ги гледаше само добрите аспекти на интернет врската помеѓу луѓето, рече Закерберг.

Во интервјуто за сајтот „Вокс“ сопственикот на Фејсбук истакна дека социјалната мрежа потрошила доволно време за да инвестира или да размисли за лошите аспекти на користење на некои од нејзините алатки.

- Мислам дека луѓето, сега со право, се фокусираат на некои од ризиците и лошите страни, додаде тој.

- Мислам дека ќе го решиме овој проблем, но ќе бидат потребни неколку години. Јас би сакал да ги решам сите овие прашања за три или четири месеци, но мислам дека вистината е дека ќе биде потребно повеќе време за решавање на некои од овие прашања, истакна Закерберг.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Ед Ширан демантира дека ја украл песната „The Rest Of Our Life“

$
0
0
Вовед: 

Британскиот пејач Ед Ширанго негираше обвинението дека ја украл песната „The Rest Of Our Life“, која ја изведоа Тим Мекгро и Фејт Хил, од австралиски автори.

Содржина: 

Австралијците Шон Кери и Бју Голден во јануари покренаа тужба против Ширан, Мекгро и Хил, велејќи композицијата „The Rest Of Our Life“ е „во целост ископирана“ од нивната „When I Found You“ која датира од 2014 година.

Ширанво своја одбрана тврди дека песната за којашто е наведен како коавтор е „оригинална и независно создадена композиција“, и дека тужбата е неоснована.

Притоа, тој побара процесот кој се води во суд во Њујорк, да биде прекинат.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Ченинг Тејтум и Џена Дуан се разведуваат

$
0
0
Вовед: 

Холивудската ѕвезда Ченинг Тејтуми соопшти на јавноста дека се разведува од сопругата Џена Дуан, по девет години брак. 

Содржина: 

Тејтум и Дуан (и двајцата на возраст од 37 години) ја објавија заедничката одлука на своите инстаграм профили. Во образложението се наведува дека „ја снемало љубовта во нивната врска“, и дека двајцата сега се „на различен пат“.

Ченинг и Џена беа во брак од 2009 година, и имаат ќерка Еверли Елизабет Мајсел, родена во 2013 година.

Пред бракот со ѕвездата на 21 Jump Street и Логан Лаки, Џена Дуан беше најдобро позната како танчарка на видео спотови на повеќе музички ѕвезди, но и по врската со Џастин Тимберлејк.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Награден поетски конкурс во Прилеп

$
0
0
Вовед: 

Здружението Мариовско- Mегленски Kултурни Средби - Прилеп, по повод одржувањето на 34-та Mариовско Мегленска Културна Средба на Здружението, распишува анонимен награден конкурсза поетски лични творби и избор на најубава машка и женска народна носија од Мариово и Меглен. Конкурсот трае од денот на објавувањето до 20.05.2018 година.

Содржина: 

Заинтересираните автори творбите да ги испраќаат на следната адреса: ул.Сотка Ѓорѓиоски 14/7-1/3 згр.Хотел Скопје, Прилеп, со назнака за Здружението ММКС.

Поетските лични творби треба да бидат со патриотска, историска, социјална и слична темaтика за регионите Мариово и Меглен и за Македонија. Поетската лична твроба да биде потпишана под шифра, а во прилог авторот да достави посебен запечатен плик на чија предна страна да биде наведена шифрата под која се пријавува на конкурсот, а во внатрешнота да бидат наведени следните податоци: име и презиме на авторот, адреса и телефон.

Идентификацијата на личните творби ќе се изврши за време на читањето на 25.05.2018 во Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп во 19 часот. Читањето за секоја поетска творба треба да трае до 3 мин.

Посебна Комисија ќе го изврши рангирањето односно наградувањето на творбите. 

Здружението ќе додели три награди, и тоа:

Прва награда во износ од 4.000 ден.

Втора награда во износ од 3.000 ден.

Трета награда во износ од 2.000 ден.

Наградените лични творби ќе бидат  прочитани на ден 03.06.2018 (во недела) на средбата во манстирот Св.Илија во Мариово.

Заинтересираните за избор на најубава народна носија да се пријават кај организаторите на манифестацијата најдоцна до 20.05.2018г. на следнитетелефони:070-432-454 или 076-529-193.

Изборот на најубава машка и женска народна носија од Мариово и Меглен ќе го врши посебна Комисија.

Најубавите избрани народни носии ќе бидат наградени. Повеќе информации на тел.070/432-454 и076/529-193.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Електро-акустичен концерт на Џијан Емин и Македонската филхармонија

$
0
0
Вовед: 

Македонската филхармонија и Здружението на џез-уметници на Македонија на 12 април 2018, со почеток во 20 часот ќе реализираат електро-акустичен концерт на Џијан Емин.

Содржина: 

На концертот ќе биде изведена нова, авторска музика на македонскиот композитор, аранжер и инструменталист Џијан Емин, која ќе ја изведат околу 40 музичари, членови на Македонската филхармонија. Еден дел ќе биде составен од најактивните џез-музичари во Македонија.

- Кај мене, пак, се јавува простор за послободно музичко изразување и желба за музика која се создава во самиот момент на случувањето, користејќи ја моќта на организираната импровизација. Секако за терминот електронски да биде оправдан, ќе се користат благодетите на модерната технологија, но овој пат на неконвеционален начин со директно аплицирање на оркестарските подгрупи и солистите со чиј процес ќе добиеме нови звучни слики и текстури, вели Џијан Емин.

Воведна слика: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Велика Сабота - Денот помеѓу смртта и воскресението

$
0
0
Вовед: 

Сабота, значи покој. Велика Сабота  е ден на покојот, ден на Покојникот, ден на Најголемиот покој и на Најголемиот Покојник. Велика Сабота е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу Петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста.

Содржина: 

Денот на Големиот Покоје времето кога Христовото тело е во гробот. Покојникот е внатре од вчера. Овој е втор ден на нашата жалост, тага и молк. Ден на длабоко молчание, созерцание и покој.

Овој е денот на оплакувањето на Покојникот.Тогаш, Мајка Му – Пресветата Богородица и жените мироносици, по погребението, Го оплакувале Господа Исуса Христа. Денес се изразува болката, тагата и жалоста на Пресвета Богородица. За нас, па, ова е ден за сози на љубовта и благодарноста.

Велика Сабота е определена како Ден за чување на гробот. Денес сите сме крај Христовиот гроб. Се поклонуваме пред Плаштаницата, на која е претставено телото Господово при погребението, и положено во гробот. Тоа е украсениот гроб Христов, на сред црква, пред кој стоиме и молчешкум се молиме. Се протнуваме под неа на колена, со понизност. Го чекаме Воскресението.

Ова е ден за прославување на неискажливата љубов од Богочовекот кон луѓето.Велика Сабота е ден на исчекување, ден на свештен трепет пред Христовото Воскресение.

 

Смртта не може да Го задржи самиот Живот – Животодателот.Саботата е денот кога, во почетокот, Бог, откако го завршил создавањето на светот и човекот, видел дека е сè добро и се успокоил, се одморил, отпочинал и овој ден станал ден на покојот. Исто така и Христос го завршил Своето богоспасително дело до Петокот попладне и во Саботата, успокоен, во божествен покој лежел во гробот, заспан во смртен сон. Велиме заспан, затоа што и Он така рече за умрената девојка која ја воскресна од мртвите, а на луѓето што плачеа им рече: „Девојката не е умрена, туку спие“ (Матеј 9, 24; Марко 5,39; Лука 8,52).

Велика Сабота е крајот на празничноста на саботата, оттогаш престанува саботата да биде основниот празник, бидејќи потоа ќе се празнува неделата – денот на Воскресението и спасението, денот на христијанството и на новата ера, денот по Христа.

Денес одбележуваме три вашни настани: упокоението и престојот на Христа во гробот, чувањето на гробот со стража и Христовото слегување во адот (пеколот) и отворање на рајот.

 

Богослужбата е поврзана со содржините од Библијата. Најпрво, пред плаштаницата, се читаат текстови од пророкот Језекиил: пророштвото за воскресението од мртвите (Језек. 37,1-14), а по нив, Апостолот ни кажува за тоа дека треба да го отфрлиме стариот квас, „оти Христос, Пасхата наша, се закла за нас“ – „Христос нè искупи од клетвата на Законот“ (1. Кор. 5,6-8; Гал. 3,13-14) и најпосле, Евангелието говори за запечатувањето на гробот и поставувањето стража (Матеј 27,62-66).

На Литургијата, пак, се чита Евангелието за Христовото воскресение (Матеј 28,1-20) и богослужбено оттогаш започнува Воскресението.

Само на Велика Сабота, и на утрената и на Литургијата, Евангелието не се чита од вообичаеното место: од амвонот или од дверите, затоа што овојпат се чита на Христовиот гроб, пред Плаштаницата. Зошто? – Затоа што ангелот Божји бил на гробот Христов и оттаму им ја објавил веста за Христовото воскресение на жените мироносици.

Се служи Василиева литургија, која започнува со Вечерна и свештеникот ја служи Литургијата во црни одежди, сѐ до читањето на паримиите и Апостолот (Рим. 6,3-11), по „Свети тихиј...“, а потоа, започнува празнувањето на Христовото воскресение. Се пее: „Воскресни Боже, суди и на земјата, зашто Ти владеш над сите народи“. Притоа, свештеникот ги соблекува црните одежди и облекува бели, светли одежди, затоа што токму на оваа Литургија завршува огласувањето на огласените, односно, завршува подготовката за оние што чекале да се крстат и веднаш следи нивното крштение. Додека се читале 15 паримии, свештеникот крштевал. Се пее: „Елици во Христа креститесја...= Вие кои во Христа се крстивте...“ Истовремено, кога свештеникот ги преоблекува одеждите од црни во бели, тогаш и на престолот во олтарот и во храмот се заменуваат црните покривалки со бели, светли. Престолот го претставува гробот Христов, а светлите облеки се праслика на Ангелот којшто бил на гробот, со светли облеки и им ја соопштил веста за најголемата светлина – светлината на Христовото воскресение. Затоа и ѓаконот, во светла одежда како ангелот, од средината на храмот, пред Плаштаницата го чита Евангелието и им соопштува на луѓето за Христовото воскресение.

Место херувимската песна, денес се вели: „Да молчи секое човечко тело, и со страв и трепет да стои...“, а за причестувањето се пее, велејќи: „Стана како да спиеше, Оној што нас нè спасува: Алилуја“.

 

На Велика Сабота, пред полноќ, се внесува Плаштаницата од сред црква во олтар, молчејќи, со кадење и се поставива на Престолот, каде што останува до Спасовден, во спомен на 40-дневниот престој на Христа на земјава по Неговото воскресение. На Спасовден Господ се вознесе на небо.

Во Ерусалим, на Велика Сабота, во гробот Господов, катагодина се случува чудо: Бог го дава Светиот благодатен оган на Ерусалимскиот патријарх и преку него, на сите луѓе. Од гробот Христов, верниците го разнесуваат огнот до сите домови во Светата Земја, а поклониците (аџиите кои биле таму) го носат низ целиот свет. Цел свет се осветлува со светлината на Христовото воскресение и светлината на Христа – Сонцето на правдата и радоста.

На трпезата строг пост. Велика Сабота е единствената сабота во годината, кога постот е строг и не се јаде зејтин. Но, за поткрепа на оние што се на целодневната молитва, допуштено е и вино.

Упокоението и престојот на Христа во гробот

Господ Исус Христос бил погребан во нов гроб, во гробницата на Јосиф од Ариматеја. „Бесмртниот како смртен во гроб се полага“, вели црковната песна (кондакот).

Зошто бил поставен во нов гроб?

Јосиф откако добил дозвола од Пилат, го симнал телото од крстот и го зел како скапоценост. Го обвил во чиста плаштаница и Го подготвил Христа за погребение. Сето тоа морал да го прави во брзање, бидејќи немало многу време. Плаштаницата претставувала погребно платно, кое се помазувало со скапоцени мириси. Така обвитканото тело со плаштаница, според еврејскиот обичај, било положено во нов гроб, издлабен во карпа. Овој гроб бил семејна гробница на Јосиф од Ариматеја (Матеј 27,60), и се наоѓал блиску до Голгота, до местото на распнувањето.

Според местото каде што бил погребан Господ Исус Христос и достоинството што притоа Му Го оддале двајцата видни синедрионци Јосиф и Никодим, ако се исклучи само брзањето, затоа што се немало време оти настапувала саботата, Христовото погребение имало достоинство на царско погребение, погребение на висок достоинственик. Така беше пророкувал Исаија: „Му определијаа гроб со злодејци, но Он беше погребан кај богатиот, зашто не беше направил грев и во устата Негова немаше лага“ (Иса. 53,9). На тој начин биле погребувани царевите во Јудеја, тие биле обвивани во плаштаници со скапоцени мириси и смеси, а биле полагани во нови гробови издлабени во карпа (4. Цар. 21,26).

Погребението, пак, го извршил сопственикот на гробницата – лично Јосиф со својот пријател Никодим. Луѓе значајни и видни – членови на Парламентот – синедрионци. Постапиле како што е редот и направиле сè како што треба.

На крајот, поставиле на гробот огромен камен. Зошто камен на гробот? Навалениот камен на гробната врата претставува заштита и затворање на гробницата.

Гробот бил хоризонтално издлабен во карпа, како влез во пештера, а не вертикално надолу, како што се гробовите кај нас. Затоа и бил поставен камен на вратата од гробот. Во ваквите гробови можеле да влезат и диви животни и да ги разнесат мртвите тела. А, во овие гробови живееле и бесомачни луѓе. За тоа ни сведочи и Евангелието, бидејќи некои такви бесни Христос ги излекувал. Се вели: „Го сретнаа двајца бесни, излегле од гробиштата“ (Матеј 8,28) и „ еден човек од градот, кој имаше бесови од многу години, и не облекуваше алишта, и не живееше дома, туку по гробовите“ (Лука 8,27; сп. Марко 5,3).

Освен бесните, во таквите гробови живееле и разбојници – таму се криеле и делеле плен. Но, сето ова било одбегнато, бидејќи гробницата имала голем камен на вратата и не можеле да влезат ни диви ѕверови, ни бесни луѓе, ни разбојници. Таа се наоѓала и близу до градот и во најдобрата алеа во гробиштата, а ја чувала стража.

 

Чувањето на гробот со стража

Во Евангелието е запишано следново: Христовиот гроб бил запечатен и чуван со стража. Зошто? Така побарале првосвештениците и фарисеите. Тие се сетиле на Христовите зборови дека по три дни ќе воскресне и се исплашиле. Време нема, утре е третиот ден. Омразата, нечистата совест и стравот биле посилни од саботниот закон за мирување. Лошите луѓе никогаш немаат спокој. Тие се плашат и се штитат и кога не треба. Затоа, го прекршиле и празнувањето на саботата и тоа Големата Сабота, Пасхална Сабота, како што ја викале саботата по Пасха, иако не смееле, го нарушиле покојот и отишле кај Пилата да побараат: да постави стража на гробот. Побарале да „нареди да се причува гробот до третиот ден, за да не отидат учениците Негови ноќе и да Го украдат, па да му речат на народот: ,Воскресна од мртвите!‘ Та последната измама ќе биде полоша од првата.‘ Пилат им рече: ,Имате стража; одете и направете како што знаете.‘ Тие отидоа и со стража го осигураа гробот, и каменот го запечатија“ (Матеј 27,64-66). Мислеле со стража ќе го спречат Христовото воскресение. Истовремено, провериле дали е телото тука од претходната ноќ и ја поставиле стражата да го чува. Несвесно постанале орудие на Божјата промисла: – Ако не поставеа стража, ќе можеа да речат дека се случило нешто друго, но сега немаат друг изговор, освен да се потврди вистината на Христовото воскресение. Тие, пак, задоволно си велеле: Денес го нарушивме празнувањето на саботата, ама завршивме голема работа!

Гробот бил запечатен. Кој го запечатил и зошто?

Го запечатиле првосвештениците, а им помогнале војниците од стражата. Го провериле гробот. Виделе дека е телото внатре. Го поставиле тешкиот камен. Прегледале дека нема друг отвор за излез и ги презеле сите мерки на претпазливост и безбедност. Потоа, со врвца го обмотале гробот и каменот и ставиле печат, како шо се запечатува секоја врата или отвор. Каков печат бил поставен? Запечатиле со печат на Синедрионот (со пешатот на Собранието – Парламентот), печатот на највисоката власт и суд. Безумство! Зошто го правеле тоа? Целта им била да се спречи воскресението на Христа, а се случило обратно: тоа било и најсигурниот доказ дека Христос воскреснал, а не го украле и не излегол од гробот, бидејќи бил запечатен.

На Христовиот гроб била поставена стража, а за тоа незнаеле ни Јосиф, ни Никодим, ниту жените мироносици, бидејќи тоа го договарале првосвештениците и Пилат. Стражата била испратена откако Јосиф и Никодим, а и жените, го напуштиле местото на Христовото погребение. Оваа вистина била и често повторувана меѓу Евреите во Ерусалим, кои знаеле за поствената стража на гробот Христов. Жените мироносици, ако знаеле за стражата крај Христовиот гроб, немало да се загрижуваат кој ќе го оттргне каменот од гробот за да Го помазаат Христовото тело со мириси.

Сè било по Божја промисла. Стражата била поставена за да чува, но и да посведочи. Сведоци на Христовото воскресение биле „и стражарите“ кои го чувале гробот (Матеј 28,4). Најверојатно токму тие – стражарите, кои биле крај гробот Христов, кога Он воскреснал, биле првите известувачи за Христовото воскресение меѓу ерусалимјаните, иако првосвештениците дури им понудиле и пари за да велат дека Христовото тело Го украле учениците Негови кога тие спиеле (Матеј 28,13). Смешна лага. Прво, како можеле учениците да го направат тоа кога имало стража и тоа од римската гарда што била кај Пилат и што го чувала храмот. Второ, тие Христови ученици се исплашиле и разбегале уште во Гетсиманија, а не сега. Трето, истите Го оставиле Господа кога бил уште жив, а што ќе им е сега мртов? Кому му треба мртов? И четврто, зар не е бесмислица: – Како можеле стражарите да видат дека некој Го украл телото, ако спиеле?! Петто: Најпосле, зар можело да останат неказнети римските гардисти за спиење на стража? Очигледна е лагата. Сепак, останува јасно дека веста за воскресението на Христа, тие ја разнеле низ Ерусалим, бидејќи жените мироносици, се вели дека ги опфатил страв и ужас и никому ништо не рекле, оти се боеле (Марко 16,8), а само на апостолите им ја соопштиле веста што ја чуле од ангелот Господов – дека Христос воскреснал. Стражарите се првовесници за Христовото воскресние.

 

Христовото слегување во адот и отворање на рајот

Христос по погребението е во гробот. Неговото тело е внатре. Он е присутен во гробот и е безбедно чуван.

Кога умре на крстот, Христос ја испушти Својата душа. Настапи смрт. Душата се одвои од телото, како и при секоја телесна смрт. Тоа не беше привидно, туку вистинито. Он навистина умре. Телото и душата се одвоија. Тоа го проверија и војниците и видоа, и посведочија дека е умрен. Затоа и Го симнаа од крстот и Го погребаа.

Но, додека е во гробот со телото, Он со душата отиде во адот.Господ Исус Христос претрпе смрт, одвојување на душата од телото, но не претрпе распаѓање. Душата го напушти телото кога Христос умре, но смртта не можеше да го разруши телото, бидејќи го немаше во него квасот на распадливоста – гревот, затоа што Христос беше без грев – во сè еднаков со нас, освен во гревот. Вистински човек, но безгрешен, бидејќи беше и вистински Бог – Богочовек.

Освен нераспадливоста на телото, затоа што Христос беше без грев, исто така и душата Негова, не можеше да ја задржи адот, затоа што беше без грев. Во адот беа сите дотогаш упокоени луѓе, а со нив и многу праведници и светии, но тие не беа безгрешни – ја имаа клетката на првородниот грев. Христос, пак, не, и затоа немаа власт над Него ни гревот ни адот. Немоќни беа и адот и гробот – и земјата и подземјето. Да, Он беше човек, но без направен грев и безгрешно роден, а истовремено беше од Бога, но и Самиот беше Бог. Ни, смртта, ни адот, ни гревот, ни ѓаволот не можеа да го држат подвластен Седржителот.

 

Зошто слезе во адот?

За проповедтта на Евангелието на земјава – меѓу живите луѓе со тело и душа, Му беа потребни на Христа три години, а за проповедта на душите упокоени во адот, беа доволни три дена. Ете колку е помоќна душата. Времето од смртта до воскресението Христос го мина во спасителна проповед кај душите на умрените. Престојот на Спасителот на Велика Сабота во адот, означува победа над адот и смртта.

Обиколката со Плаштаницата околу црква трипати, освен што го претставува погребението, ја означува и Христовата обиколка низ пеколот. Тоа го претставува и Неговото проповедање на Евангелието низ целиот ад и на сите души, порано упокоени.

До крстната смрт на Христа во пеколот беа затворени душите на сите порано упокоени луѓе. До тогаш, таму, ѓаволот владеел со сите и тиранисувал. Таму биле и старозаветните праведници: Авраам, Исак, Јаков, Давид. Кога Христос влегол кај нив, засветлела Божјата светлина, се појавил Седжителот и Спасителот. Тогаш ѓаволот бил обессилен и поразен. Оттаму биле изведени сите што верувале во Господа Исуса Христа како Спасител на светот и умреле како верници со таа вера. Тие се израдувале кога Го виделе и весело тргнале по Него, излегувајќи од адот, одејќи од темнината на пеколот во светлината и блаженството на царството небесно. Ова Христово слегување е преведување од пеколот во рајот на душите на сите порано упокоени праведници.

Отворен е рајот. Во Саботата, од пеколот Христос отишол во рајот, заедно со разбојникот, кого го внел таму и постанал прв граѓанин на рајот. Така беше му рекол на крстот: „Вистина ти велам: денес ќе бидеш со Мене во рајот“ (Лука 23,43).

По слегувањето на Христа во адот, оттогаш, душите на праведните христијани, по телесната смрт, веќе не одат во пеколот, туку ангелите ги носат на небото, во блажените живеалишта. Затоа ова е наречено победосносно слегување во пеколот. После тоа, влијанието на ѓаволот врз луѓето ослабело и во адот и во светот. Ние и понатаму сме искушувани од ѓаволот со разни искушенија, но ја имаме помошта од Божјата благодат и можеме да се противставиме, ако сакаме. Христовата помош е со нас. Он рекол: „Со Моето име ќе истеруваат бесови“ (Марко 16,17). А Библиската порака вели: „Противете се на ѓаволот, и тој ќе побегне од вас!“ (Јаков 4,7). Спомнувањето на името Христово, крстот и прекрстувањето со вера, темјанот, кандилото и иконата, како и читањето на Библијата, претставуваат силно оружје против ѓаволот од кое тој бега.

Денес, по причестувањето пееме: Спомни си за нас, Господи, како што си спомна за разбојникот...“

Христовото одење во рајот означува отворање на вратите од рајот. На Велика Сабота, отворен е рајот, а поразен пеколот.

Влегувањето со Плаштаницата в црква, низ отворените врати, го претставува влегувањето во рајот. Вратите се отворени за цело време додека се оди со Плаштаницата трипати околу храмот, а тоа значи дека Господ Исус Христос и додека е во обиколка на пеколот, Он е во непрестајно единство со Отецот и Светиот Дух.

Во исто време, Господ Исус Христос бил и на престолот, заедно со Отецот и Светиот Дух, како Бог, со Својата Божја природа. Така вели и црковната молитва: „Во гробот телесно, а во адот со душата како Бог; во рајот, пак, со разбојникот, и на Престолот си бил со Отецот и Духот, Христе неопислив, Кој сè исполнуваш“.

Он е секогаш со Отецот и Духот – неразделна и едносушна Троица.

                                                                                                                           *        *        *

На Велика Сабота ноќта – на полноќ, се објавива најрадосната вест – веста за Христовото воскресение. Тоа е најсветлата ноќ – ноќ посветла од ден.

Велигденската радост е најголемата и најсветлата радост на христијаните. Таа е радост за најголемиот празник, за најголемиот Ден – Велигден – радост за Воскресението на нашиот Господ и Спасител Исус Христос.

Таа радост е света радост и не е споредлива со никоја друга радост. Таква радост нема и не може да има. Таа радост е вечна како радоста на блаженството – а блаженството е постојана радост на душата. 

(За МИА подготви Проф. д-р Ратомир Грозданоски)

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Воскресение Христово (Велигден)

$
0
0
Вовед: 

Денот на Христовото воскресение Велигден е не само најголемиот туку и најстар христијански празник што се празнува од вториот век. Тој е суштината на христијанството, потврда и на самата вера зашто како што рекол свети Апостол Павле: „Ако Христос не воскреснеше празна ќе беше и нашата вера“. Затоа на Велигден пееме: „Христос воскресна од мртвите,/ со смртта, смртта ја победи,/ и на оние што се во гробовите/ живот им дарува“.

Содржина: 

Именден празнуваат: Величко, Велика, Велјан, Воскресија, Анастас, Анастасија...

Со право повеќемина истражувачи истакнуваат дека ако не постоеше Христово воскресение тоа требаше да се измисли, зашто ако Христос не ја победеше смртта тогаш човековиот живот ќе немаше смисла, ќе беше само едно долго умирање од раѓањето до смртта, но и на човекот во тој период ќе му беше сè дозволено, ќе царуваа неморалот и другите негативни демони.

Всушност, Исус Христос и се јавил во едно такво пресудно време кога зацарувале неморалот и расипништвото и кога човештвото се нашло на беспаќе. Јавувајќи се со своето учење Исус објавил дека е „Пат, вистина и живот“. Но наместо да биде прифатен и величан од страна на тој, од Бога избран еврејски народ, тој ист народ за него побарал распнување како за најголемите разбојници. Зошто Исус не бил разбран и не бил прифатен? Еврејскиот народ кој со помош на Бога се ослободил од египетското ропство, западнал под друго ропство ‒ римското. Тој народ очекувал водач силен и агресивен кој ќе го поведе во борба за слобода. Исусовото учење имало друг карактер, тој проповедал друг пат до слободата и вечниот живот.Нашиот народ со подолги подготовки и со посебна возбуда го пречекува овој празник. Сепак, со Велигден се поврзани помалку обичаи отколку, да речеме, со Божик или со Ѓурѓовден. Истражувачите на овие обичаи сметаат дека причина за тоа е фактот што Велигден не е поврзан со одреден датум како што е тоа случај со споменатите и некои други празници, туку секоја година го менува датумот. На овој празник му претходат долгите Велигденски или Велики пости коишто траат цели седум недели не сметајќи ги Сиропусната недела која е една недела пред Прочка и Месопусната недела една недела пред неа. Востановен уште во апостолски времиња, за да биде оформен во денешната форма до IV век, постот има цел христијаните да се подготват за достојно прославување на празникот. Во текот на овие Велигденски пости преку самоконтрола, преку разни самоодречувања, откажување од телесни задоволства, од обилна и пред сè мрсна храна, преку контролирање на страстите, откажување од веселби, песни и сл. човекот во страдањата се доближува до својот Спасител, за со примањето на чесната причесна на самиот ден Велигден рано наутро да се идентификува со него, јадејќи ја нафората што го претставува Христовото тело и пиејќи го виното што ја претставува неговата крв.

Кај нашиот народ постојат повеќе пословици и поговорки во кои се споменува Велигден. Така на пр. се вели: „Секој ден не е Велигден“, или: „Катаден Велигден не бидуват“, „Ден за ден дојде и Велигден“ или: „Велигден голем ден“, „На Велигден на благ ден“ итн., со што се укажува не само на фактот дека Велигден се чека со посебна возбуда, туку и на значењето на овој празник.

Велигден е центар на повеќе празници познати како празници со непостојан датум или како циклус велигденски празници. Нивните датуми коишто се менуваат секоја година се зависни од Велигден и се определуваат откако ќе биде одреден неговиот датум. Прочка или Проштени поклади е секогаш седум недели пред Велигден, Првата сабота по Прочка е Тодорова сабота (Тодорица), неделата пред Велигден се Цветници, саботата пред Цветници е Лазарева сабота (Лазарица), четириесет дена по Велигден, и секогаш во четврток е Вознесение (Спасовден), десет дена по него или педесет по Велигден е Духовден (Педесетница). На половина меѓу Велигден и Педесетница, односно на 25-тиот ден, секогаш во среда е празникот Преполовение, што народот го вика Руса Среда. Самиот чин на воскреснувањето на Исус Христос им дава смисла и на некои други празници од христијанскиот календар како што се Божик (денот на Христовото раѓање) потоа Светото благовештение (Благовест) Преображение, Крстовден и др.

Бидејќи Велигден во разни цркви се празнувал на разни датуми царот Константин го свикал во 325 година Првиот вселенски собир во Никеја, на кој се расправало по ова прашање и се донесени некои решенија. Но правилата по кои денес се одредува датумот на кој се паѓа Велигден се дефинирани дури во 526 година. Според овие правила Велигден е секогаш по пролетната рамнодневница во првата недела по полната месечина. Секогаш е во недела, но не смее да се совпадне со денот кога Евреите го празнуваат Пасха, ниту да биде пред него. Ако е пред Пасха Велигден се одлага за првата недела по следната полна месечина, а ако се совпаднат во ист ден, се одлага за следната недела. Значи Велигден може да се падне на 35 датуми од 22. III/4. IV до 25. IV. /8. V, што значи два дена по Ѓурѓовден.

Велигден е продолжение на старозаветниот еврејски празник Пасха кој Евреите сè уште го празнуваат во чест на ослободувањето на еврејскиот народ од египетско ропство. Буквалното значење на зборот Пасха е премин и се однесува на преминувањето на еврејскиот народ од Египет во Израел. И во христијанството Пасха значи премин со Христа, од смртта во животот и од земјата кон небото, во вечниот блажен живот.

Пасха бил празнуван секоја година како спомен на ослободувањето на еврејскиот народ од египетското ропство. За ова се зборува во Стариот завет, поточно во втората книга Мојсиева, каде што е опишана и прославата на Јудејската Пасха. За овој празник секој домаќин требало да подготви за вечера едногодишно машко јагне без никаков недостаток. Потоа се печело на ражен без да му се скрши ниту една коска. Се јадело со бесквасен леб и со горчливо зелје. Целото јагне морало да се изеде, а тоа што останувало утрото се запалувало. За да не остане, поголемите јагниња ги јаделе по две семејства.

Пасха освен премин значи и имање обзир, зачувување зашто Господ имал обзир и ги заштитил куќите еврејски кои биле бележани со јагнешка крв кога ги погубил египетските првенци. Овој чин е и почеток на издигнувањето на еврејскиот народ до слободен народ. Жртвуваното јагне, се сметало дека ги плаќа сите гревови на домаќинот и на домашните. Бесквасните лебови (во народот се викаат некиснати или пресни лебови) симболизирале и духовна чистота, зашто квасот ја означувал духовната корупција. Горчливото зелје ги симболизирало горчливите страдања на израелскиот народ од египетско ропство како и, воопшто, сите горчини на овој свет.

Во Христијанството Исус е жртвеното јагне, тој е невин и без мана како и пасхалното јагне. Тој самиот се жртвува за искупување на нашите гревови, како што вели пророкот Исаија тој се жртвува за гревовите на многумина, а како што вели Јован Претеча Христос е јагнето Божјо кое ги очистува гревовите на светот. И како што на пасхалното јагне од Стариот завет при жртвувањето не смеело да му се скрши ниту една коска, така и на Исус не му биле скршени колената кога бил распнат на крстот, како што им се правело на тие што биле распнувани на крст, и како што им направиле на двајцата разбојници што ги распнале заедно со него. И уште нешто, пасхалното јагне било прободувано со два стапа надолж и напреку за подобро да се испече, а така поставени стаповите личеле на крстот на кој бил распнат Исус.

Старите Израелци го славеле празникот Пасха во спомен на ослободувањето од египетското ропство, Велигден се празнува во спомен на ослободувањето на човекот од ропството на ѓаволот и гревот. 

 

Најкарактеристична икона на Христовото воскресение се смета онаа на која е прикажано Исусовото слегување во Адот. Тоа е и суштината на овој празник бидејќи „суштината на празникот Воскресение е умртвувањето на смртта и поништувањето на ѓаволот: Го празнуваме умртвувањето на смртта и поништувањето на Адот – пееме во Црквата.

Поништувањето на Адот и умртвувањето на смртта е најдлабоката смисла на овој празник.“

Последната недела од Велигденските пости што значи неделата пред Велигден се вика и Велика и Страстна недела, а народот ја вика и Глува недела. Сите денови од оваа недела се викаат Велики или Вели како: Велики понеделник или Велипонеделник, Велики вторник или Веливторник, Велика или Велјасреда итн. Свети Јован Златоуст вели дека оваа недела не се вика Велика затоа што деновите во неа се помногубројни или поголеми туку затоа што во неа Господ направил големи дела: разрушено е царството на ѓаволот, уништена е смртта, победен е гревот, симнато е проклетството, отворен е рајот и небото им станало достапно на луѓето. На тој начин луѓето се соединиле со ангелите, урнат е и отстранет преградниот ѕид и Богот на мирот ги измирил небесното и овоземното. Пораснувањето на популарноста на Исус, масовно посетените и со интерес слушани проповеди уште повеќе ги налутиле властите, фарисеите и книжниците кои решиле по секоја цена да го фатат и да го казнат. Но чекале погодна можност зашто тоа можело да го разгневи народот кој во него гледал не само учител туку и пророк. Особено што доаѓал големиот празник Пасха кога Ерусалим бил преполн со народ, а народот бил во посебно расположение. „Само не на празникот, за да не стане бунт во народот“, велеле тие. Погодна можност не им се укажала ниту во понеделникот ниту во вторникот. Дури во средата еден ученик Исусов по име Јуда Искариотски дошол кај фарисеите и им понудил да им го предаде Исуса за 30 сребреници, скоро безначајна сума. „Тогаш еден од дванаесетте, по име Јуда Искариот, отиде при првосвештениците и рече: Што ќе ми дадете да ви го предадам? А тие му предложија триесет сребреници. И тогаш тој бараше погодно време да го предаде“. 

Исус знаел што ќе се случи поради што ги повикал своите ученици на заедничка вечера во четвртокот навечер. На оваа т.н. Тајна вечера Исус им укажал на учениците негови дека еден од нив ќе го предаде што кај сите предизвикало изненадување: „Вистина ви велам, еден од вас ќе ме предаде. Но тешко му на оној човек преку кого синот човечки ќе се предаде, добро ќе беше за тој човек ако не беше се родил“. Исто така, на оваа Тајна вечера Исус ги благословил виното и лебот со што ја востановил и светата причесна. „И кога јадеа Исус зеде леб, го благослови и рече: Земете, јадете ова е моето тело. И како ја зеде чашата, заблагодари, им даде и рече: Пијте од неа сите, зашто ова е мојата крв на Новиот завет кој се пролева за мнозина за опростување на гревовите“. Последната вечера на Исус со неговите ученици не е наречена Тајна вечера затоа што се одржала во тајност, Исус сè што работел работел јавно, туку затоа што тогаш е востановена причесната како една од повеќето свети тајни. 

По вечерата Исус заминал во Гетсиманија, место во близината на Ерусалим, а Јуда веднаш отишол кај првосвештениците за да им го предаде. Тие испратиле вооружени војници, а Јуда им рекол да го фатат оној што тој ќе го бакне. „Кога ќе го целивам, Он е фатете го“, им рекол. По фаќањето Исус бил одведен кај Кајафа. Тука бил испрашуван за неговото учење но тој ништо не скривал зашто тоа било јавно. Бил обвинет за неморал, за лажно учење и за бунтување на народот. А кога потврдил дека тој е Исус синот Божји, првостештениците сметале дека ја заслужил смртната казна. Но бидејќи на смрт можеле да судат само римските властодршци, утрото, Исуса, врзан го испратиле кај управникот на Јудеја Понтиј Пилат. Но тој знаел дека Исус е приведен од првосвештениците од завист и не сакал да го казни. А кога разбрал дека Исус е од Галилеја рекол дека таму управник е Ирод кој во тој момент бил во Ерусалим и дека тој треба да му суди. Но и Ирод не нашол вина па пак го вратил кај Пилата. Во тоа време имало обичај секоја година на празникот Пасха управникот да ослободува по еден затвореник што ќе го побара народот. Пилат го прашал народот кого да го ослободи, но народот заведен од првосвештениците побарал ослободување за Варава, најголемиот злосторник, а распнување за Исус. Тогаш Пилат предавајќи им го Исуса зел вода и си ги измил рацете пред народот велејќи: „Невин сум за смртта на овој праведник. Мислете му вие“.

Исуса го мачеле, врз грбот му ставиле голем дрвен крст кој требало да го носи до Голгота местото каде што требало да биде распнат. Му ставиле и венец од трње на главата, и му се потсмевале со зборовите: „Радувај се царе јудејски“. Бил распнат заедно со двајца разбојници, а кога војниците го заковувале на крстот тој се молел за нив: „Прости им Господи, не знаат што прават“.

Кога Исус испуштил душа се случиле повеќе натприродни феномени. „И наеднаш се расцепи црковната завеса на два дела, од горниот крај до долниот, и земјата се затресе и карпи паднаа; и гробови се отворија и многу тела на упокоени светии воскреснаа“. Денот кога Исус бил мачен, распнат и кога починал бил петок. Затоа освен Велики овој ден се вика уште и Распет петок.

За да не стои телото на Исус на крстот двајца негови ученици Јосиф и Никодим побарале дозвола од Пилат да го симнат и да го погребаат. Бидејќи претстоел големиот еврејски празник Пасха, Пилат кому не му била чиста совеста во врска со смртта на Исус им дозволил да го погребат. Според обичаите тие го завиткале во платно, го намачкале со мириси, и го погребале во семејната гробница на Јосиф, во која дотогаш никој не бил погребан. Гробот го затвориле со тежок камен. На погребот присуствувале и Марија Магдалена и Марија, мајката на Јаков и Јосија.Еврејските првосвештеници го знаеле претскажувањето на Исуса дека на третиот ден по умирањето ќе воскресне. Поради тоа го посетиле Пилат и побарале дозвола пред гробницата да стават стража за да не се случи учениците негови да го украдат телото и после да шират вести дека воскреснал. На тоа Пилат им рекол: „Имате стражари, одете и направете како што знаете“. Првосвештениците го запечатиле гробот и оставиле стражари пред него. 

Но кога осамнала неделата земјата се затресла и стражарите се исплашиле. Силна светлина ја осветлила Голгота и го најавила воскресението. Исус се појавил како богочовек со што го потврдил своето учење. Потоа слегол ангелот од небото и го отстранил каменот од отворот на гробот. Но тогаш Исус веќе бил воскреснат, нему не му било потребно некој да му го отвори гробот, тоа било направено за другите да се уверат во вистината.

Марија Магдалена прва дошла на гробот на Исус. Кога го видела гробот празен многу се исплашила и загрижила и отрчала да ги викне Петар и Јован, кои веднаш дошле, но го нашле само платното во кое било завиткано неговото тело и крпата за лице внимателно здиплена. Откако Петар и Јован заминале, Марија седнала покрај гробот и тивко плачела. Во тоа време забележала човечка силуета што не можела да ја познае поради утринскиот мрак. Помислила дека е градинарот Јосифов и му се обратила: „Господине, ти ако го зеде кажи ми каде го сокри и јас ќе го најдам“. Во тоа време чула глас: „Марија!“ и го познала гласот на Исус. „Учителу!“, извикала таа и потрчала да му ги прегрне нозете но тој и рекол: „Не допирај се до Мене, оти уште не сум се вратил при мојот Отец; туку отиди при браќата мои и кажи им: се враќам при Својот Отец и при Вашиот Отец, при својот Бог и при вашиот Бог“. И исчезнал. Марија станала и среќна отишла кај учениците и им кажала дека го видела Господа и што ѝ рекол.

Утрото и други жени дошле на гробот, според обичајот да го намачкаат телото со мириси. Но и тие нашле само празен гроб, а ангелот им ја кажал вистината: „Зошто го барате живиот меѓу мртвите? Он не е овде а воскресна; сетете се како ви рече кога беше уште во Галилеја, говорејќи дека Синот Човечки треба да биде предаден на луѓе грешници и да биде распнат, и на третиот ден да воскресне“.

Откако се случил овој настан стражарите дотрчале кај првенците и ги известиле. Но овие им дале многу пари за да не ја кажуваат вистината туку да велат дека учениците го украле телото додека тие спиеле. Истата вечер Исус им се јавил на своите ученици. Тие биле затворени во една соба плашејќи се од Јудејците. Одеднаш се појавил Исус и ги опоменал да не се плашат, а потоа им ги покажал своите нозе, раце и ребра за да ги увери дека е тој. Дувнал во нив велејќи им: „Примете свет дух“. Потоа побарал и храна и ја изел за да ги увери дека не е привидение. Од учениците тука не бил само Тома кој подоцна кога му кажале дека го виделе учителот не им верувал. Оттука останала и изреката „Неверен Тома“.

Исус им се јавувал на своите ученици 40 дена по воскресението кога се вознесол на небото. Затоа на четириесет дена по Велигден се празнува Вознесение Христово или Спасовден. До овој празник се чувствува свечената велигденска атмосфера, а луѓето се поздравуваат со велигденскиот поздрав: „Христос воскресе“ и си отпоздравуват со: „Воистину воскресе“. Првиот поздрав значи и соопштување на веста за Христово воскресение, а отпоздравот потврда на таа вест. 

Во народното верување Велигден и Божик се двајца браќа. Божик постар и поскромен, Велигден помлад и фодул. Божик како домаќин гледал да е полна трпезата: „Ако се боси нозе под трпеза, само да е цело прасе на трпеза“. Затоа луѓето гледаат за Божик да заколат прасе и трпезата да е полна со разновидна храна. Велигден пак, како млад гледа да е убаво облечен и да излезе на оро. Затоа за Велигден се купува нова облека, а бидејќи тие што не ќе се подновеле плачеле останало да се вели: „Велигден е плачко“.

Во Скопско, како што запишал М. С. Филиповиќ, на првиот ден од празникот се седело дома, а на вториот се одело на гости, на ракија, кафе и сл. Во зборникот на браќата Молерови среќаваме интересни обичаи од Разлошко, Пиринскиот крај. На вториот ден од празникот ергените од селата Банско и Добриништа оделе во Пирин во месноста „Свети Никола“ и откако ќе ја слушнеле црковната служба на убавата зелена полјана ставале долга трпеза со изобилство храна и јаделе сè што имало поставено врз неа. Потоа играле оро, а околу пладне откако ќе ги накителе коњите со здравец и други билки се враќале во селото каде што ги пречекувале девојките со ора и песни. На третиот ден и момите и ергените оделе во местото Блато, каде што играле бавни ора без потскокнување, трипати напред еднаш назад. Децата се кршкале со црвени јајца и избирале „кʼцач“. Следниот ден оделе кај месноста Света Варвара, крај реката Места, два часа далеку од Банско. Таму се собирал народ од сите разлошки села, а најповеќе од Банско, Елешница и Добриништа.За заеднички прослави на празникот Велигден сведочи и Милан Ристески. Во мариовските села Врпско и Жиово на вториот и третиот ден од празникот нивните жители ручале заедно на средселото каде што играле ора. Велигден се испраќал не само со песни и ора туку и со многу „гачки“ (народни драми). Во Порече, според сведоштвата на В. Кличкова, по повеќето „гачки“ што се изведувале во текот на трите дена празникот се испраќал со играта „Вили самовили“, а М. С. Филиповиќ пишува дека во с. Луково на третиот ден од празникот се изведувала играта „Дервиши“. Во некои места на вториот ден од празникот се изведувал обичајот „Скрсти“ или „Литии“ што има цел да измоли дожд и богат род на земјоделските култури, меѓутоа, во повеќе краишта на Македонија овој обичај е поврзан и со други празници.

Во селото Крецово, Кукушко, според еден напис објавен во цариградскиот весник „Новини“ Велигден се празнувал со многу обичаи што започнувале уште на Велики четврток. На север од селото, се вели во овој напис, на растојание од четврт час има еден висок рид наречен „Лазарица“ обиколен со камења како со ѕид. Има само две патеки за искачување горе. Горе ридот е рамен како гумно, само на средината има високи камења. Има еден камен како столб на кој има дупка, а одгоре една плоча од околу две метра. Тука, на Велики четврток доаѓаат луѓе од околните села да се провираат низ дупката. Тогаш епитропот од селото Крецово ја носи иконата на Тајната вечера, а носи и свеќи. Кога некој страда од некоја болест се ветува дека ако оздрави, ќе се провре низ дупката и ќе даде некаков дар за црквата. Кога болниот ќе оздрави иде тука, купува свеќи, ги пали пред иконата и откако ќе ја целива се провира низ дупката три пати и остава дарови за црквата. 

На вториот ден од Велигден селаните од Крецово, заедно со свештеникот, учителот, учениците и певците, по отпуштањето на црквата одат на местото Лазарица при што ја носат иконата на Воскресението Христово, и други икони како и портретот на Егзархот. По патот се пеат псалми и песни. Пред да дојдат селаните од Крецово тука веќе дошол многу народ од околните села за да присуствува на свеченоста. Кога ќе се качат на ридот светат вода, потоа учителот држи слово за празникот, верата и народноста. Кога учителот ќе го заврши словото одат кај свештеникот да му го честитаат Велигден, при што му целуваат рака. Потоа почнува веселбата, свират гајди и се играат ора. Момите од секое село играат одделно. Веселбата трае до 5-6 часот, потоа сите си одат, се вели во овој напис во весникот „Новини“.

Во велигденските обичаи и верувања значајно место имаат црвените велигденски јајца. Нашиот народ вели: „Го гледа како црвено јајце“, или „Му се тресе како на велигденско јајце“. Кај сите народи јајцето претставува извор на животот. Кај грчките и римските филозофи среќаваме преданија дека светот е настанат од јајце, а Јувенал, Плиније и Овидије сведочат дека Римјаните употребувале вапцани јајца за разни обреди. Како што забележал еден патник во 1704 година во Персија вапцани јајца се користеле во новогодишните обичаи. Според индиското верување светот настанал од златно јајце кое пливало по водата (сонцето), а во финскиот еп „Калевала“ се пее дека светот настанал од шест златни и едно железно јајце.

Повеќемина собирачи на македонски народни умотворби, обичаи и верувања, запишале дека во минатото христијанските семејства им испраќале на Турците со кои биле во добри односи велигденски јајца како поздрав. К. Шапкарев сведочи дека во Охрид за дар се испраќал колак со 10-15 црвени јајца кое Турците го сметале за голема чест, а непраќањето за провокација.

Велигденските јајца се вапцуваат со црвена боја за која се смета дека ја симболизира Христовата крв. Но и инаку црвената боја е боја на радоста, оптимизмот и на животот воопшто. На овој ден јајцата се вапцувале и со други бои, зелена, сина итн. (жолтата се одбегнувала како еврејска боја), но и тогаш првите јајца се вапцувале црвени. Обичај било и јајцата да се шараат со разни техники со листови од растенијата, со срма и мониста со восок итн. На јајцата се цртале разни шари, но се пишувале и разни имиња и поздрави на младите вљубени. Се пишувало и: Честит Велигден, Христос воскресе итн.

Легендата вели дека црвените јајца заедно со поздравот „Христос воскресе“ прво ги употребила Марија Магдалена. Таа секогаш ги слушала проповедите на Исус, прва дошла на неговиот гроб во неделата наутро, прва го видела гробот празен, прва го видела и Исуса воскреснат, а по неговото вознесение на небото тргнала по светот за да го проповеда неговото учење, но и вистината за неговата маченичка смрт, како и неговото воскресение. Кога стигнала во Рим Марија Магдалена го посетила и императорот Тибериј и подавајќи му црвено јајце го поздравила со зборовите „Христос воскресе“. Со тоа го започнала разговорот со императорот на кого како очевидец му зборувала за Исус и неговите добри дела (лекувањето болни, воскреснувањето мртви и сл.), за неправедното обвинување и маченичката смрт. Откако ги ислушал убедливите и аргументирани сведоштва на Марија Магдалена императорот Тибериј го нашол за виновен римскиот управник во Јудеја Понтие Пилат, кој иако имал моќ не го заштитил праведниот Исус, поради што за казна го преместил во Галија каде што овој умрел од тешка болест и во царска немилост. За ваквите заслуги на Марија Магдалена Светата црква ја прогласила за рамноапостолна и за прва благовесница на Христово воскресение.

И во македонското народно творештво постојат повеќе преданија за црвеното велигденско јајце. Според едно од нив, кога Ристос бил распнат на крстот од крвта што капела од рацете и нозете каде што бил закован камчињата од крстот се обоиле црвени. Како спомен на тоа луѓето вапцуваат јајца со црвена боја, се вели во ова предание. Во друго предание се раскажува дека во неделата кога Марија одела на гробот на Исус носела варени јајца за да ги раздаде. Тие биле обоени со црвена боја за да потсетуваат на Христовата крв. Но кога ѝ кажале дека Христос воскреснал таа јајцата им ги поделила на децата и оттогаш останало да се вапцуваат и да се раздаваат јајца на Велигден.Според преданието од Гевгелиско, пак, кога Христос умрел, Христијаните се расправале со Евреите и тврделе дека ќе воскресне, додека пак Евреите зборувале дека тоа ќе се случи само ако кокошките почнат да несат црвени јајца. Кога Христос навистина воскреснал Христијаните ја рашириле таа вест, а Евреите ги обвиниле дека го лажат светот. Работата дошла до судот. Евреите рекле дека ќе поверуваат во тоа ако се исполни и другиот услов, ако кокошките почнат да несат црвени јајца. Христијаните паднале на колена и долго се молеле на Бога да им помогне не поради себе што ќе бидат наречени лажговци и ќе бидат казнети туку поради верата христијанска. Пилат ги испратил слугите и тие за кусо време се вратиле со црвени јајца во рацете. Судиите провериле дали јајцата се вистински и кога се увериле во тоа ги пуштиле Христијаните. Во спомен на тоа, а за да ги уверат душманите дека Христос навистина воскреснал Христијаните на овој ден вапцуваат црвени јајца и се кршат со нив поздравувајќи се со христијанскиот поздрав „Христос воскресе“ и отпоздравувајќи со „Воистину воскресе“. 

Припаѓајќи му на циклусот пролетни обредни песни велигденските народни песни пеат за разбудената природа, за повторното враќање на животот, но и за многу љубовни мечти, за повеќе семејни односи. Сепак, овие песни коишто се исполнуваат на оро поради што содржат и дијалози пеат и за повеќе епски јунаци, разни митолошки суштества и сл. Тоа зборува за постари пагански слоеви во овие песни коишто подоцна со нивното врзување за големиот празник примиле повеќе христијански елементи.

Во велигденските песни се повикува празникот:

Дојди, дојди Велигдене,сум напрела кито сајче,сум напрела црногорче,сум напрела вир скутина,како дојде така појде.Но во песните на симболичен начин опеана е и светата причесна како значаен обичај што се изведува на овој ден.Извишило ми високо борје,високо борје среде манастир,ај на борјето ветки поројни,ај на ветките лисје широки,ај на лисјето капки крвави.Тие не биле капкикрвави,туку ми биле чесна причесна.

Собирачите на народните умотворби сведочат дека постоеле посебни песни што се пееле наутро, посебни песни за на пладне, а посебни за навечер. На првиот ден од празникот кога се пееле овие песни девојките биле нафатени како на танец и пееле две по две, започнувајќи тие што биле на чело, па сè до тие што биле на крајот. Пееле на средселото, но не биле придружувани од никакви свирки.

Во весело расположение, со многу песни и ора брзо минувал празникот. Тоа се пее и во песните во кои се посакува и следната година да биде дочекан во пријатно расположение.

Велигден, море, Велигден,да кога дојде и појде,со нога не те игравме,со уста не те пеавмесо очи не те видовмеод пусти алаулиња.

Моме ле, море, моме ле,три дни ме носи на појас,три дни ме гази под нозе,црвени јајца кршевте, на гајдаџија дававте,кога си оро игравте.

Велигден море Велигденв година пак да ни дојдиш,со китки ќе те чекаме,во десна рака со китка,во лева рака со јајце.

ТропарВоскресение Христово (Велигден)

Христос воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи и на тие во гробовите живот им даде.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Концерт на Вејчеслав Поповски во МОБ

$
0
0
Вовед: 

Младиот уметник Вејчеслав Поповски на 14 април во Македонската опера и балет ќе одржи гала-концерт насловен „Љубовна елегија“.

Содржина: 

На концертот ќе бидат изведени едни од најстарите македонски народни песни: „Калеш Анѓа“, „Бор садила мома Евгенија“, „Билјана платно белеше“, „Саноќ седам Трено“, „Кажи, кажи, либе Стано“. Аранжманот е на Вејчеслав Поповски, кој ќе настапи во придружба на оркестарот на Македонската опера и балет. Диригент ќе биде Бисера Чадловска.

Вејчеслав Поповски има 17 години и досега има настапувано на фестивалите во Македонија и во странство. На 11 години го снимил првото солистичко цеде „Бисери“.Со „Бор садила мома Евгенија“, Вејчеслав дебитираше и во „До Балчак-приказна од Дивиот Исток“. Во 2013 година на Светскиот музички шампионат во Холивуд ја доби титулата „Светски шампион во три стила - опера, латино и отворен стил“. 

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 
Viewing all 4807 articles
Browse latest View live


<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>